Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2020>
повтсрчепесане
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10

Маричиќ на онлајн средба со еврокомесарот за правда Рејндерс: Сите реформи ќе бидат реализирани во блиска координација со ЕУ

 

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска преку видео-конференциска врска ја оствари  првата официјална средба со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на која дискутираа за евроинтеграциите на Северна Македонија и реформите во областа на владеењето на правото и правосудството.

Министерот Маричиќ истакна дека покрај сите премрежија, очекува првата Меѓувладина конференција за официјален почеток на преговорите со ЕУ да се одржи до крајот на 2020 година, а дека тој процес значително ќе влијае на развојот на Северна Македонија и темпото на реформите во сите области. Според министерот, позитивниот Извештај на Европската комисија, претставува силен аргумент и доволна причина зашто земјата треба да ги започне официјално преговорите до крајот на година под германското претседателство.

На состанокот, Маричиќ ја реафирмираше својата подготвеност и заложбата сите реформските процеси од Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права да се прават во блиска координација и партнерство со ЕУ  и под лупата на Брисел.

Министерот информираше дека е започнат инклузивен процес на средби и интензивна комуникација со сите засегнати чинители од правосудството, како Судскиот совет, Советот на Јавни обвинители, судовите и обвинителствата, како и релевантните комори, се со цел координација и усогласување пред предвидените реформи во правосудството.

Маричиќ истакна дека во претстојниот период ќе се фокусира на реализирање на мандатната мисија и ќе иницира политики за зголемување на професионалните стандарди, одговорноста и транспарентност на судството и обвинителството.

Воедно, министерот информираше дека тој е силен поддржувач за зајакнување на финансиската независност и капацитетите на судството и обвинителството и дека очекува значително зголемување на нивниот буџет, со што ќе се создадат подобри услови за поефикасна и поефективна борба против организираниот криминал и корупцијата.


Претходна

Промовирана веб-страница за правна помош – Маричиќ ги охрабри граѓаните да побараат бесплатна правна помош

Следна

Маричиќ: Зголемен е процентот на жени сопственици и косопственици на имот