Маричиќ: Наша заложба е рестриктивните мерки да бидат минимални и само кога е тоа нужно за заштита на здравјето

16.10.2020 Новости-М

 

 

 

На денешната тема, обраќање имаше и министерот за правда Бојан Маричиќ кој истакна дека покрај тоа што вирусот посегна по голем број на животи, короната значително влијаеше и на нашите темелни вредности утврдени во Европската конвенција за заштита на човековите права и Уставот на Република Северна Македонија.

“Соочени со “непознатото”, корона вирусот ја наметна потребата од тоа да во голем број на држави се воведат рестриктивни мерки, кои пред се однесуваат и ги засегаат човековите права. Повторно, Северна Македонија не беше исклучок и во период на техничка влада, се соочивме со една од најсмелите одлуки, а тоа беше да прогласиме вонредна состојба за справување со последиците од пандемијата: здравствени и економски“, истакна Маричиќ. 

Како една од најтешките одлуки на претходната Влада, Маричиќ истакна дека било прогласувањето на вонредната состојба и дерогација на човековите права утврдени во Уставот и Европската конвенција за човековите права и воведувањето на рестриктивните мерки.

„Главниот предизвик во целиот свет во справувањето со оваа пандемија е во заштитата на човековото здравје, која често подразбира и воведување на рестриктивни мерки. Наша заложба е рестриктивните мерки да бидат минимални и само кога е тоа нужно за заштита на јавното здравје. Колку повеќе се придржуваме до мерките и препораките кои се досега дадени, толку побрзо ќе ја пребродиме оваа криза. Заедно со останатите држави и Северна Македонија прави максимални напори да го заштити јавното здравје и да балансира помеѓу рестриктивните мерки и економско-социјалните последици. Сепак, водилка во одлуките за заштита на човековото здравје и одлуките за справувањето со пандемијата треба да биде светото тројство: владеењето на правото, демократијата и човековите права“, потенцираше Маричиќ.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Универзитет Југоисточна Европа, Тетово
<октомври 2020>
повтсрчепесане
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости