Министерот за правда Бојан Маричиќ на средба со амбасадорката на САД Кејт Брнз

18.09.2020 Новости-М

 

 

Денеска во Министерството за правда се одржа средба помеѓу министерот Бојан Маричиќ и амбасадорката на Соединетите Американски Држави,  Кејт Брнз. 

Министерот Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка од Соединетите Американски Држави и потенцираше дека САД се значаен сојузник во процесот на градење на силни и независни институции и реформи базирани на принципите на владеење на правото, заштитата на човековите права и  борбата против корупцијата.

На средбата, министерот Маричиќ ја претстави својата мандатна мисија и потенцираше дека покрај членството на Република Северна Македонија во НАТО и зајакнување на безбедноста на државата, преостанува уште една стратешка определба за исполнување, а тоа е членството во Европската Унија. 

Маричиќ истакна дека очекува силна поддршка од Соединетите Американски Држави во исполнувањето на стратешките приоритети и реформите за владеење на правото, како и продолжување на силното партнерство.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2020>
повтсрчепесане
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости