Средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со Никола Бертолини

17.09.2020 Новости-М

 

Денеска во Министерството за правда се одржа средба помеѓу министерот за правда Бојан Маричиќ и раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија, г. Никола Бертолини.

На средбата се дискутираше околу активностите на Министерството за правда и процесот на подготовки за почетокот на преговорите и отворањето на Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.

Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека Министерството за правда цели кон максимално искористување на компонентата за владеење на правото и правосудство за да се постигне максимален ефект во трансформацијата на Северна Македонија. 

Маричиќ потенцираше дека поддршката од Европската Унија е мошне значајна за европеизација на државата и се заблагодари за помошта во името на граѓаните на Република Северна Македонија. 

 
Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2020>
повтсрчепесане
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости