Министерот за правда Бојан Маричиќ се сретна со италијанскиот амбасадор Карло Ромео

14.09.2020 Новости-М

 

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија Н.Е. Карло Ромео.

Министерот Маричиќ го запозна амбасадорот Ромео со активностите на Министерството за правда и подготовките околу преговорите за Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.

На средбата се дискутираше околу соработката помеѓу двете држави и експертската поддршка на Италија во евроинтеграцискиот процес, поточно судската соработка во кривична и граѓанска материја која се третира во Поглавјето 24, како и за борбата против организираниот криминал и корупцијата како дел од Поглавје 23. 

Министерот Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка од Италија со надеж дека одличната билатерална соработка ќе продолжи и во иднина.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<септември 2020>
повтсрчепесане
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
Архива на новости