Министерката Дескоска на видео-конференција со министрите од регионот

30.04.2020 Новости-М

Преку видео-конференција, министрите за правда од неколку европски држави ги споделија искуствата поврзани со справувањето со Ковид-19, а кои пред сè, се однесуваат на правосудниот и затворскиот систем.  

Во своето обраќање, министерката Дескоска истакна дека мерките коишто се преземаат во областа на правдата кај нас, се мерки и решенија коишто во голема мера се идентични со оние од европски држави. 

Дескоска потенцираше дека во поглед на постапувањата во судовите и обвинителствата, Република Северна Македонија ги искористила искуствата од Австрија, според кои судовите и обвинителствата постапуваат исклучително само за итните предмети и оние за кои постои опасност од застарување. 

Министерката за правда ги сподели искуствата и решенијата преземени во поглед на запирањето на извршувањето, со кои им се помага на граѓаните во овој исклучително тежок период.

На видео-конференцијата учество зедоа австриската министерка за правда, г. Алма Задиќ, албанската министерка за правда г. Етилда Ѓонај, претставници од српското и босанското министерство за правда, директорот на Одделот за ЕУ и меѓународни односи од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, г. Роб Хујсер, како и претставници од италијанското и француското министерство за правда. 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<септември 2020>
повтсрчепесане
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
Архива на новости