НАМЕСТО ДА ИЗМИСЛУВААТ АФЕРИ, ВМРО-ДПМНЕ ДА СЕ ПОСВЕТИ НА ПОДГОТОВКА НА АМАНДМАНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

02.02.2020 Новости-М

 Штом дојде на дневен ред Законот за јавно обвинителство очигледен е очајот и стравот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што нивните фејкери на чело со Антонио Милошоски се пуштени на најјако.

 
Во интерес на вистината информирам дека во септември минатата година е донесен нов Закон за правосуден испит, кој предвидува спроведување на усен испит по кривично право (кривично материјално и процесно право), граѓанско право (граѓанско материјално и процесно право), трговско право, трудово право, уставно уредување на Република Северна Македонија и Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, организација на правосуден систем и управно право и судир на закони и меѓународна правна помош. Предметите кои се предвидува да се полагаат се во согласност со програмите на земјите во регионов каде се спроведува правосуден испит од ист или сличен тип.
 
Програмата за испитите ја изготви Комисија составена од професори и судии кои ги подготвија испитните прашања,  листата на прописите и правната литература. Задолжителен дел на испитот е познавање на прописите. Правосудниот испит се полага од Уставот и од законите и на него се бара знаење за примена на правните одредби. 
 
Листата со правната литература е индикативна, доколку некој од кандидатите има потреба од дополнителни разјаснувања. На листата на правна литература се учебници кои се одобрени на правните факултети во Северна Македонија и меѓу нив се учебници напишани од професорите: Камбовски, Тупанчески, Лажетиќ, Калајџиев, Мисоски, Илиќ- Димоски, Арнаудовски, Груевска – Дракулевски, Родна Живковска, Тина Пржеска, Гале Галев, Јадранка Дабовиќ Анастасовска, Дејан Мицковиќ, Ангел Ристов, Арсен Јаневски, Татјана Зороска Камиловска, Поликсена Гравровска, Тони Дескоски, Саво Климовски, Гордана Силјановска-Давкова, Тања Каракамишева и други.
 
Овие учебници, најголем дел од кандидатите ги имаат од периодот на нивното студирање, но и да ги немаат ниеден кандидат не е обврзан да ги купи. А учебникот од Поликсена Гавровска и Тони Дескоски и да сака ниеден кандидат не може да го купи, бидејќи истиот е објавен во 2011 година и целиот тираж е исцрпен. Учебникот е коавторски, а едниот автор е починат. Авторите имаат дадено одобрение за фотокопирање на учебникот без авторски надомест и тоа го знае секој студент на правен факултет. Испитот по овој предмет е дел од програмата за правосудни испити во државите од регионот, а во Северна Македонија учебникот на проф. Поликсена Гарвровска и проф. Тони Дескоски е единствен одобрен учебник кој го обработува тековниот закон, по кој се учи на најдобро рангираниот правен факултет кај нас. Ако ВМРО-ДПМНЕ и особено Антонио Милошоски има забелешка на стручноста на проф. 
д-р Тони Дескоски, ги повикувам истото јавно да го кажат, а не да измислуваат афери таму каде што ги нема.
 
При подготвувањето на програмата од страна на комисијата, очекував во неа да биде вметната и некоја од книгите по право кои ги преведе Владата на ВМРО-ДПМНЕ во текот на нејзиното владеење. За жал, ниедна од нив не е дел од правосудниот испит, бидејќи сите изготвувачи на програмата за правосуден испит ги отфрлија како неупотребливи. Останува прашањето кое ВМРО-ДПМНЕ треба да го одговори, која беше целта на тие неупотребливи преводи и за што беа фрлени толку многу пари од буџетот?
 
Што се однесува до Комисијата за правосуден испит, таа е составена од професори по право од акредитираните правни факултети во државата, судии, јавни обвинители и адвокати. Комисијата целосно ги исполнува законските критериуми и е составена согласно законот. Интересно е што ВМРО-ДПМНЕ имаат забелешки на 6, а Антонио Милошоски нашол “маани” на 7 од вкупно 14 членови на комисијата. Тоа значи кај ВМРО-ДПМНЕ “сум положила” со преку 50% неоспорени кандидати, а кај Милошоски односот на “соодветни” и “несоодветни” кандидати е 50%:50%. Па и не би било добро ако целата комисија и се допадне на ВМРО-ДПМНЕ, зарем не? Веројатно ним им недостасува времето кога Јово Вангеловски беше претседател на комисијата. 
 
Новата Комисија за правосуден испит составена од стручни, принципиелни и професионални луѓе гарантира непристрасност и независност во спроведување на испитите кои се јавни, поради што јавноста ќе може да го посведочи истото.
 
На крајот им порачувам на ВМРО-ДПМНЕ и на Антонио Милошоски, наместо да се занимаваат со измислување на афери таму каде што ги нема, да се посветат на подготовка на амандмани на Законот за јавно обвинителство, ако мислат дека има потреба да се прават измени на текстот. Само така ќе покажат дека се спремни да го остават зад себе времето на “моќници”, на “нарачани лустрации и прогони” и да ги стават интересите на евроинтеграцијата пред личните интереси на обвиниетите и осомничените криминалци од нивните редови.
 
Проф.д-р Рената Дескоска 
министерка за правда
Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<февруари 2020>
повтсрчепесане
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости