Министерството за правда врши анализа на претставките на граѓаните за работата на извршителите и нотарите

26.11.2019 Новости-М

Пред малку заврши средбата во Министерството за правда со граѓаните кои протестираа против работата на извршителите и нотарите.

Министерството за правда со внимание ги разгледува поднесените претставки за работата на изршителите кои граѓаните ги поднесоа по завршувањето на минатонеделниот протест кој се одржа пред Министерството за правда. 

Должни сме да ја известиме јавноста по однос на воочените проблеми на кои укажаа граѓаните со поднесените претставки, но и за време на средбите во Министерството. Најголемиот проблем кој го воочи Министерството за правда, всушност се големите камати кои често, неколкукратно го надминуваат  основниот износ на долгот.

Според Законот за облигациони односи, каматата тече до денот на исплата на долгот. Главниот проблем што се јавува во пракса е тоа што често каматата го надминува главниот долг. Втор голем проблем на кој укажаа граѓаните се и големите износи кои банките ги наплатуваат за блокирање и деблокирање на сметките на граѓаните.

Министерството за правда во моментот врши анализи и консултации за измена на Законот за облигационите односи со кои би се направиле законски ограничувања каматата да го надмине првичниот износ на долгот.

Сепак, должни сме да напоменеме дека се јавуваат проблеми со важење на измените ретроактивно. Тоа укажува дека решението на проблемот може да се бара во носење закон за отпис на камати, при што треба да се обезбедат средства за надомест на каматите, кои ги побаруваат приватни доверители, што не е во надлежност на Министерството за правда.

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<декември 2019>
повтсрчепесане
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
Архива на новости