Дескоска се сретна со Еврокомескарката Јурова: Позитивна одлука за почеток на преговори ќе го приближи Западен Балкан кон ЕУ

18.11.2019 Новости-М

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска се сретна со Еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост г. Вера Јурова, на којашто се разговараше за реформските процеси коишто се одвиваат во нашата држава.

На средбата, министерката Дескоска изрази жалење за недонесувањето одлука за отворање на преговорите со Република Северна Македонија и покрај тоа што препораките на ЕУ коишто стоеја пред нас беа исполнети.

Дескоска потенцираше дека сепак, таквата одлука не го стопираше процесот на реформи во нашата држава, кој пред се се одвива поради интересот на нашите граѓани.

Министерката за правда истакна очекување дека ЕУ ќе ја преиспита својата одлука за отворање на преговорите, и напомена дека тоа ќе биде одлука со која ќе го приближи Западен Балкан кон ЕУ.

 

 

 

Со почит,

Министерство за правда

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2019>
повтсрчепесане
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
Архива на новости