„Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан“

18.11.2019 Новости-М

Почитувани претставници на медиумите, 


На 18
и 19 ноември 2019 година, Република Северна Македонија ќе биде земја-домаќин на „Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан“, кој ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија, под покровителство на Финското претседателство со Советот на Европската Унија.

Форумот се одржува на годишно ниво и истиот е дел од Стратегијата за поддршка на земјите од Западен Балкан на патот за нивно полноправно членство во Европската Унија.

Земјите членки на ЕУ се претставени од страна на министрите за правда  и за внатрешни работи на Република Финска, високи претставници од Сојузна Република Германија и Република Хрватска, релевантните ЕУ комесари, и тоа: еврокомесарот за правда, потрошувачи и родова еднаквост, еврокомесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство, како и други претставници на европските институции.

Од страна на земјите од Западен Балкан - Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и Северна Македонија се претставени со министрите за правда и за внатрешни работи, односно високи претставници од нивните министерства.

На 18.11.2019 (понеделник),  во 13:15 часот, во холот на Собранието на Република Северна Македонија министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска ќе има изјава за медиумите, а прес конференцијата од првиот ден на Форумот е закажана за 17:10 часот.

На 19.11.2019 (вторник) во 09.00 часот, акредитираните претставници на медиумите ќе имаат можност да снимаат инсерти/фотографираат и да ги проследат воведните обраќања, по што настанот ќе биде затворен за јавност. Изјави за медиумите од вториот ден на Форумот, се предвидени во 13 часот.

[Важно! Напомена за претставниците на медиумите: Акредитациите за настанот ќе може да се подигнат на пријавницата во Собранието на Република Северна Македонија во понеделник (18 ноември), почнувајќи од 10 – 12:30 часот. Лице за контакт: Димче Гаштарски 071 304 195]

 

 

 

Со почит,

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2019>
повтсрчепесане
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
Архива на новости