Поддршка на реформите во правосудниот сектор“ - одржан првиот состанок на Управниот одбор на проектот

17.09.2019 Новости

„Денес во Министерството за правда се одржа првиот состанок на Управниот одбор на проектот „Поддршка на реформите во правосудниот сектор.“ Проектот е финансиран во рамките на ИПА програмата на Европската унија,а  се спроведува во период од 18 (осумнаесет) месеци (јуни 2019 - декември 2020 година).

Главната цел на проектот е поддршка на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор и акциониот план во однос на независноста, ефикасноста и квалитетот на работата на судиите и јавните обвинители, како и подобрување на администрацијата на правдата и зајакнување на капацитетите на сите правосудни чинители. Тимот на експерите го сочинуваат практичари со долгогодишно искуство во својата областа, односно судија од Германија, јавен обвинител од Романија, ИТ експерт од Канада и адвокат од Франција.

На денешниот состанок беше одобрен Иницијалниот извештај на тимот и беа договорени следните чекори во однос на предвидените активности.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<ноември 2019>
повтсрчепесане
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости