ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТОТ ЗА ИЗВРШИТЕЛИ ВО АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

01.03.2019 Регулатива и ресурси

 

Врз основа на член 245 и 249 од Законот за извршување (“Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16 и 233/18) и Правилникот за програмата и начинот на полагање на испитот за извршители (“Службен весник на РМ” бр.33/19), Министерството за правда распишува

 

 О   Г   Л   А   С

          ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ  НА КАНДИДАТИ  ЗА ПОЛАГАЊЕ

     НА ИСПИТОТ ЗА ИЗВРШИТЕЛИ ВО АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА
 
 

          1. Кандидатот што се пријавува треба да ги исполнува следните услови:

-  да е дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1 или 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) во Република Македонија и

- да има најмалку пет години работно искуство на правни работи.

 

          2. Кандидатот требa да ги достави следните документи:

- пријава во која читливо ќе бидат наведени личните генералии, точната адреса, бројот на телефонот и електронска пошта;

- диплома за завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1 или 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) во Република Македонија;

- потврда за работно искуство на правни работи од пет години;

- доказ за промена на името или презимето (за кандидатите кои во молбата за пријавување имаат различно име или презиме од името или презимето наведено во дипломата за завршен правен факултет) и

 - доказ за платени трошоци за испитот.

           

3. Секој кандидат треба да достави :

1) Уплатницa на образец ПП/50 со следните податоци:

- цел на дознака- за полагање на испит за извршители;

- назив на примачот- Министерство за правда;

- банка на примачот-НБРМ;

- сметка - 100000000063095;

- износ - 9.000,00 денари;

- сметка на буџетски корисник- 070010014063112;

- приходна шифра и програма - 723013 10.

2) уплатницa на образец ПП/50 со следните податоци:

- цел на дознака - административна такса за испит за извршители;

- назив на примачот- Буџет на Република Северна Македонија;

- банка на примачот-НБРМ;

- сметка -100000000063095;

- износ - 50,00 денари;

- уплатна сметка – 840 * * * 03161 (трите ѕвездички се однесуваат на шифрата на општината во која подносителот е жител);

- приходна шифра и програма- 722313 00 .

 

           4. Пријавите во писмена форма заедно со потребните документи (во оригинал или во фотокопии заверени кај нотар) се поднесуваат во архивата на Министерството за правда, ул. “Димитрие Чуповски” бр.9 Скопје. Рокот за пријавување за испитот е од 01 до 15 март 2019 година.

 

           5. За денот и часот на полагање на писмениот и усмениот дел од испитот кандидатите ке бидат известени дополнително.      

 

           6. Кандидатите кои ќе полагаат поправен испит ќе треба да поднесат пријава во рок од пет дена од денот на објава на резултатите од усниот испит.

 

                                                           МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА

д-р Рената Дескоска

 

________________________


 

 

 

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<август 2019>
повтсрчепесане
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости