Анализата на судската мрежа во Република Македонија презентирана на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор

07.02.2019 Новости-М

Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, вчера, во Владата на Република Македонија ја одржа десеттата седница, која ја водеше министерката за правда д-р Рената Дескоска.

 
Пред членовите на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, беше претставена Анализата на судската мрежа во Република Македонија, која произлегува од Стратегијата и која како стратешки цели на правосудниот систем го предвидува развојот на управување со човечките ресурси и усогласување на бројот на судии во државата, со европскиот просек по глава на жител.
 
Целта на оваа анализа, пред сè , е да се утврди состојбата во однос на обемот на работа на судовите и нивната оптовареност, да се даде една хронолошка слика за изменетите состојби во судовите и да се дадат препораки за идни активности во насока на рационализација на судската мрежа и зголемување на ефикасноста на судовите. 
Во врска со Анализата на судската мрежа во РМ беше заклучено дека подетално ќе се разгледува и на една од наредните седници, од каде ќе произлезе потребата за понатамошни анализи или креирање политики. 
 
Во прилог:
 
 
 
 
Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
Архива на новости