Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

20.12.2018 Новости-М

 

Законот за спречување на корупција пред усвојување на оценка во ЕУ – европските експерти наскоро ќе ги достават последните препораки за законот. 

На денешната прес-конференција, министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска за време на новинарските прашања даде некои појаснувања околу статусот на Законот за спречување за корупција и судир на интереси, како и околу тоа дали поддржува избор на членови на комисијата по стариот Закон за спречување на корупција. 

Дескоска појасни дека препораките од Европската комисија се дека е потребна комисија којашто ќе биде избрана по највисоки критериуми, а дека во моментот во Министерството за правда се очекуваат последните препораки од европските експерти коишто се однесуваат на процесот на селекцијата на кандидатите за членови на ДКСК. Министерката потенцираше дека нејзина заложба е да ги внесеме највисоките европски стандари коишто ни ги сугерираат од Европската унија. 

Во своите одговори министерката Дескоска објасни: 

Законот за спречување на корупција беше изработен во еден инклузивен процес во Министерството за правда и го испративме на мислење на Европската комисија на нивни експерти. Мојот личен став, како и за Законот за судовите, е дека е многу покорисно да изодиме процес на претходи консултации отколку после да поправаме одредени грешки. 

Затоа минавме неколку месечни консултации со Венецијанската комисија, со цел да го добиеме најдоброто законско решение. Тоа го направивме за Законот за судовите, а истиот принцип го следевме за Законот за спречување на корупцијата и судир на интерес, кој беше испратен до Европската комисија.

 Добивме мислење во коешто се даваат препораки за подобрување на текстот во неколку одредби.

Првата се однесува на составот на телото. Во текстот којшто е даден во Собраниска процедура, предвидено е ДКСК да биде составена од седум члена, додека пак препораката на европските експерти е тоа да биде петчлена комисија. Бараат помало и покохерентно тело. 

Понатаму, имаат сугестии околу делот на селекцијата на кандидатите. Нашата заложба, исто и нивната, е да добиеме максимално, најдобри кандидати коишто ќе бидат членови на ДКСК, па прашањето коешто го поставуваат е како да обезбедиме сигурност дека,  комисијата за избор и именување во Собранието ќе гарантира дека ќе ги избере оние коишто се најдобрите? 

Во Министерството за правда изработивме две алтернативи коишто сметаме дека може да одговорат на ова прашање и истите ги испративме до Европската комисија, и очекуваме одговор од нивните експерти која алтернатива е подобра, или доколку сметаат дека одредена алтернатива е подобра, таа да ни ја предложат да ја разгледаме. 

Во делот на прекршоците, во нашиот предлог стои некои прекршочни постапки ги води ДКСК сама, некои да ги пушта на Суд во прекршочна постапка. Нивната заложба е ДКСК да биде главниот прекршочен орган којшто ќе ги  изрекува саннкциите а потоа ако се оди на суд по основа на тужба од оној којшто ќе му биде изречена прекршочна санкција. Таа измена ја направивме со тоа што морам да потсетам дека ние разговаравме како опција со оглед на моменталните административни капацитети на ДКСК и од тие причини беше предложено ова решение, но доколку се смета дека така ќе бидат поефикасни, го вметнавме ова нивно решение. 

Во делот којшто се однесува на разграничување на надлежности помеѓу самата ДКСК и Секретаријатот, дадена е препорака да направиме дел од надлежностите да ги врши самиот Секретаријат да не бидат на товар на самата комисија.

 Ова се сумирани препораките коишто ги дадоа. Направивме амандмани на Законот, а целиот текст е повторно пратен на Европската комисија, очекуваме повратен одговор. Ни ветија дека ќе биде што е можно поскоро, со цел да можеме да ја изодиме постапката во рамки на Собранието, за донесувањето на законот да заврши овој месец според нашиот план. Се зависи од тоа кога ќе добиеме повратен одговор на амандманите коишто ни ги пратија. 

Препораките коишто ги добиваме од Европската комисија е дека нас ни треба комисија којашто ќе биде избрана по највисоки критериуми, а овие препораки што ги добивме се однесуваат токму на процесот на селекција. Моја првенствена цел во рамките на Министерството за правда е да ги внесеме највисоките европски стандарди коишто ни ги сугерираат од Европската унија и Венецијанска комисија. 

Секако конечната одлуката дали ќе продолжат моментално со селекцијата е на Собранието, и е вон мојата надлежност. Мојата заложба е секоја препорака да ја вметнеме во Законот.

 

 

Со почит,

 

Министерство за правда

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<јануари 2019>
повтсрчепесане
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
Архива на новости