Дескоска се сретна со делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ)

19.09.2018 Новости-М

 

Министерката за правда Рената Дескоска денеска се сретна со делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ), предводена од заменик претседателот на CEPEJ, г. Рамин Гурбанов. Мисијата е во дводневна посета за унапредување на соработката во областа на правосудната статистика во Република Македонија.

 

Зголемувањето на ефикасноста на правосудниот систем беше во фокусот на денешната средба на која се дискутираа стратешките насоки на Министерството за правда за подобрување на информационите системи за управување со предметите и зајакнувањето на човечките капацитети во судовите и обвинителствата. 

 

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска ја запозна делегацијата со претстојните реформи и измени на Законот за судови, како и Законот за Судски совет, додека државните советници во Министерството за правда ги информираа за следните чекори во насока на подобрување на анализата и водењето статистика во областа на правосудната статистика.

 

Делегацијата на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ) изрази благодарност за досегашната соработка со Министерството за правда и истакна дека Република Македонија е во групата земји кои доставуваат обемни, солидни статистички извештаи од областа на правосудството.

 

Европската комисија за ефикасност на правдата – CEPEJ е формирана со Резолуцијата Рес (2002) 12 на Комитетот на министри на Советот на Европа.  Еден од основните мотиви бил фактот дека принципот на владеење на правото не може да биде обезбеден без “правични, ефикасни и достапни судски системи”. Во тој контекст посебно се истакнува значењето на меѓудржавната соработка која се одвива во неколку насоки како анализирањето на различните правосудни системи, олеснување на примената на меѓународните правни инструменти во однос на ефикасноста на правдата и дефинирање конкретни мерки што треба да го унапредат функционирањето на правосудните системи во Европа.

 

Европската комисија за ефикасност на правдата – CEPEJ, покрај промовирањето на принципот на владеење на правото, игра значајна улога и во обезбедувањето на основните човекови права што произлегуваат од членовите 5 (право на слобода и безбедност), 6 (право на фер судење во разумен рок), 13 (право на ефективен правен лек) и 14 (забрана за дискриминација) на Европската конвенција за човековите права.

 

 

Со почит,

 

Министерство за правда

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2018>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
Архива на новости