Министерката Дескоска оствари средба со евроамбасадорот Жбогар

08.06.2018 Новости-М

Министерката за правда, проф. д-р Рената Дескоска, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Н.Е. г-динот Самуел Жбогар.


Министерката Дескоска, го запозна евроамбасадорот со реформските заложби на Владата на Република Македонија и за динамиката на претстојните реформи во правосудството, како клучна цел за етаблирање на начелото на владеење на правото и создавање на правна основа за самостојно, независно и непристрасна судска власт.


За време на средбата, Дескоска потенцираше и истакна дека реформите во правосудството ја приближуваат Република Македонија до Европската Унија, и дополни дека приоритет на Министерството за правда е спроведување на реформските приоритети како насушна потреба на граѓаните, а не само како формален пристап на Европската Унија.


На маргините на средбата, Дескоска побара поддршка од евроамбасадорот Жбогар во процесот на интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<септември 2018>
повтсрчепесане
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
Архива на новости