Министерката Дескоска се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

06.06.2018 Новости-М

Министерката за правда, проф. д-р Рената Дескоска, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Н.Е. Воутер Пломп.

Министерката Дескоска, го запозна амбасадорот со реформските заложби на Владата на Република Македонија, за реформите кои се започнати во Министерството за правда, како и за реализацијата на проектите во рамки на министерството.   

Дескоска, за време на средбата, истакна дека еден од приоритетите на Владата на Република Македонија и Министерството правда е спроведување на реформските приоритети во поглед на пристапувањето на Република Македонија во ЕУ, и побара поддршка за интеграција на Република Македонија во Европската Унија.

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Архива на новости