Еднодневни обуки за имплементација на програмата за насилно осудени лица во рамки на проектот “ Jакнење на заштитата на правата на осудените лица”

21.02.2018 УИС

На 19-ти и 20-ти февруари 2018 година во Тренинг центарот во Идризово започна спроведување на еднодневните обуки во врска со новоизработената Програма за насилно осудени лица.
Обуката е организирана од Управата за извршување на санкциите во соработка со Советот на Европа во рамките на проектот “Јакнење на заштитата на правата на осудените лица”.
На обуката присуствуваа претставници од Управата за извршување на санкции, вработени од секторот за ресоцијализација, вклучувајќи ги и лицата што вршат практична обука за работа на осудени лица како и лица од затворската полиција од сите казнено поправни установи во Република Македонија. Обуките ги спроведуваа вработените од Казнено-поправните установи кои учествуваа во изготвувањето на Програмата за насилно осудени лица, г.Анета Кировска и г.Мавроди Карпичаров, г.Снежана Мигеска, .гМарјан Јошевски, г.Христина Маринковска, г.Магдалена Копчарова Дедиќ и г.Марица.Ц Ацевски.
Еднодневната обука се спроведе и во Битола и Струмица со која беа опфатени сите казнено-поправни и воспитно-поправни установи во Република Македонија.

Автор
Управа за извршување на санкции
02 3223 519
Скопје
<август 2018>
повтсрчепесане
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
Архива на новости