Услуги

Врз основа на член 49 став (1) и член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа ("Службен весник на Република Македонија" бр 58/2000 и 44/2003), а во врска со Заклучоците на Владата на Република Македонија, донесени на Дваесет и првата седница одржана на 5.12.2006 година, Министерство за правда донесува
 
ГРАЃАНСКИ ДНЕВНИК
на Министерство за правда
 
1. ЦЕЛ НА ГРАЃАНСКИОТ ДНЕВНИК
 
Целта на Граѓанскиот дневник е да придонесе кон подобрување на квалитетот на јавните услуги преку дефинирање на начинот и стандардите во давањето на услугите, вклучувајќи го видот на услугите, рокот, како и системот на коментари, жалби и поплаки. Крајната цел на Граѓанскиот дневник е да се подобрат односите помеѓу администрацијата и граѓаните и да се обезбеди задоволство кај граѓаните од работата на Министерството за правда. 
 
 
2. КОЈА Е ВИЗИЈАТА / МИСИЈАТА НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
  • Следење на работата на нотарите, извршителите и медијаторите врз основа на законот за нотари, законот за извршители и законот за медијација;
  • Утврдување на конвенции кои треба да се предложат за ратификација или потпишување
  • Усогласување на легислативата со ЕУ
  • Гилотиња
  • Интервенции во одредени закони
  • Работата на Судскиот совет на РМ
  • Придонес кон олеснување на стекнување сопственост на странски правни лица
  • Донации и спонзорства во јавните дејности
  • Спроведување на законите
  • Следење на спроведување на законите, конвенциите, билатералните договори и сл.
  • Борба против корупцијата
  • Подобрување на затворите според европските стандарди
  • Интервенција во одредени закони  (КЗ.ЗКП)
  • Пратење на спроведувањето на упатството за начинот за преземање на предметите меѓу судовите
  • Следење на работата на Апелациониот суд  Гостивар и Управниот суд
  • Следење на работата на специјализираните судови
  • Интензивна соработка со владини и невладини организации
  • Работата на Јавниот обвинител на РМ на сите нивоа
  • Судски буџет
  • Активно учество, професионален пристап во политиката за користење на името Макодонија во називите набројани по Законот за трговски друштва 
  • За визијата ќе има дополнителни информации со конкретни информации
 
3. КОИ СЕ КОРИСНИЦИ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
  • физички лица (граѓани)
  • правни лица (домашни и странски)
  • институции и органи на системот
 
4. КОИ СЕ ЗАЛОЖБИТЕ И ОБВРСКИТЕ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА КОН ГРАЃАНИТЕ?
  • квалитетни  услуги;
  • навремени, брзи и точни  услуги;
  • комуникација со корисниците;
  • запазување на рокови во давање на услугите;
  • одговорност во работењето;
  • давање информации на корисниците;
  • достапност на услугите на Министерството за правда;
  • јавност во работењето;
 
5. КОИ УСЛУГИ ГИ ДАВА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
 
  • Известување во врска со замолници од меѓународна правна помош
  • Издавање на одобренија
  • Издавање на решенија за по тврдување на јавен интерес за донации и за спонзорства во јавните дејности
  • Информации за спроведување на испит за извршители
  • Информации за спроведување на нотарски испит
  • Информации за спроведување на правосуден испит
  • Информација за спроведување на проверка на знаењето на странски јазик на кандидати за постојани судски преведувачи
  • Преглед на меѓународни конвенции и билатерални договори
  • Преглед на судски преведувачи во РМ