Издавање на решенија за по тврдување на јавен интерес за донации и за спонзорства во јавните дејности

Министерството за правда на барање на давател на донација и на спонзорство, во согласност со соодветното министерство издава решение со кое се потврдува јавниот интерес за дадената донација. Барањето нема пропишан образец, туку подносителот сам го пишува. Со барањето, се поднесуваат таксени марки од 250 денари.

Подносителот треба да достави:

  • -         барање за издавање решение
  • -         договор за донација или спонзорство склучен согласно член 4 од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности
  • -         извод од Централниот регистер на РМ со кој се докажува субјективитетот на правното лице

Согласноста на соодветното министерство, односно органот кој ја покрива областа од која е јавниот интерес на донацијата односно спонзорството, е потребна како основа за решавање по барањето, согласно член 21 став 1 и 2 од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности

 

Решението согласно Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности („Службен весник на РМ” бр. 47/06) се издава во рок од 15 дена од денот  на приемот на барањето. Ако во тој рок Министерството за правда не издаде решение ќе се смета дека барањето е решено позитивно.