ДП.бр.12-04-8

Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РМ (подолу како ДК при КИРМ) во состав од Николче Диневски извршител, како Претседател на Дисциплинска комисија и Ванчо Марковски извршител, како член-известител на Дисциплинска Комисија, судија Владимир Панчевски Основен суд Скопје 1 Скопје, судија Улбер Хасани Основен суд Скопје 2 Скопје и Јасна Жежова од Совет на Јавните обвинители, како членови на Дисциплинска Комисија и Кристина Терзиевска Вучевска како записничар, постапувајќи по Предлогот за поведување на дисциплинска постапка УПП бр. 09-5248/8 од 12.12.2018 година на Министерство за правда на РМ, во присуство на извршителот, по одржан главен претрес, на ден 26.12.2018 година, го донесе следното

 

                                                                        РЕШЕНИЕ

СЕ ОГЛАСУВА ЗА ВИНОВЕН извршител В. К. именуван за подрачјето на Основен суд К., Основен суд К. и Основен суд К. П.

 

ЗАТОА ШТО:

1.Извршителот  не го заклучил Уписникот за примени барања за извршување за 2016 година, и во истиот Уписник продолжил да ги заведува примените барања за извршување од реден број 1/17 до 6/17 сите со датум на прием од 16.01.2018, со што извршителот постапил спротивно на член 5 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на Уписникот за примените барања за извршување ( Сл. Весник на РМ бр. 226/16), спротивно на член 2, член 3 и член 6 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата на примените барања за извршување ( Сл. Весник на РМ бр. 178/15), спротивно на член 45 од Законот за извршување ( Сл. Весник на РМ бр. 72/16 и бр. 142/16) според кој Уписникот за примени барања за извршување за 2017 година се води само во електронска форма;

2. Извршителот не ја води уредно електронската евиденција со оглед на тоа што во 2016, 2017 и 2018 година актите кои ги изготвува извршителот не се потпишани со електронски потпис на извршителот, така што во листата од електронската евиденција има вкупно 4019 непотпишани акти, со што извршителот постапил спротивно на член 2 и 3 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на Уписникот за примените барања за извршување;                                                               3. Извршителот во 2017 и 2018 година не постапувал по законската обврска за доставување на квартални извештаи до Министерството за правда по електронски пат, со што постапил спротивно на член 56 став 1 од Законот за извршување;                                                                                                      4. Извршителот во електронската евиденција не води евиденција за трошоците и наградата за извршување видно од  извршениот увид во завршени предмети побарани по случаен избор И.бр.58/18 и И.бр.71/18, со што извршителот постапил спротивно на член 45  и член 46 од Законот за извршување;   5. Изршителот на Записник од извршен надзор бр. 09-5248/1 од 15.112018 година бил задолжен во рок од 2 работни дена да достави копии од предметите во кои бил извршен увид И.бр.253/17; И.бр.254/17; И.бр.255/17, И.бр.58/18 и И.бр.71/18, како и примерок од електронска евиденција за наведените предмети, но извршителот по истек на рокот, не ги доставил бараните докази, што е спротивно на член 7 став 3 и на член 9 од Правилникот за начинот на вршење на надзор над работата на Комората и на извршителите;

со дејствијата опишани под точка 1 од изреката извршителот сторил дисциплинска повреда по член 64 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување :неуредно и неточно ја води евиденцијата која извршителот е должен да ја води, а која не засега во правата на странките и согласно член 62 став 1 точка б) од Законот за извршување му се изрекува дисциплинска мерка

ЈАВНА ОПОМЕНА

со дејствијата опишани под точка 2 извршителот сторил дисциплинска повреда по член 64 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување :неуредно и неточно ја води евиденцијата која извршителот е должен да ја води, а која не засега во правата на странките и согласно член 62 став 1 точка в) од Законот за извршување му се изрекува дисциплинска мерка

                                                                        ПАРИЧНА КАЗНА

во висина од -------- евра во денарска противредност по средниот курс на НБРМ на ден на изрекување

со дејствија опишани под точка 3 од изреката извршителот сторил дисциплинска повреда по член 64 став 1 алинеја 9 од Законот за извршување.,, ненавремено или неточно ги доставува извештаите за неговата работа и согласно член 62 став 1 точка в) од Законот за извршување му се изрекува дисциплинска мерка

ПАРИЧНА КАЗНА

во висина од ------ евра во денарска противредност по средниот курс на НБРМ на ден на изрекување

со дејствија опишани под точка 4 извршителот сторил дисциплинска повреда по член 65 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување:,, не води евиденција за наплатена награда и други трошоци согласно со овој закон и подзаконските акти и согласно член 62 став 1 точка в) од Законот за извршување  му се изрекува дисциплинска мерка

ПАРИЧНА КАЗНА

во висина од ------ евра во денарска противредност по средниот курс на НБРМ на ден на изрекување

 и со дејствија опишани под точка 5 извршителот сторил дисциплинска повреда по член 65 став 1 алинеја 5 од Законот за извршување:,, не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзорот”, и согласно член 62  став 1 точка в) од Законот за извршување му се изрекува дисциплинска мерка

ПАРИЧНА КАЗНА

во висина од ----- евра во денарска противредност по средниот курс на НБРМ на ден на изрекување

па врз основа на секоја поедничена казна му се изрекува единствена дисциплинска мерка

ПАРИЧНА КАЗНА

во висина од  ------ евра во денарска противредност по среден курс на НБРМ на ден на изрекување.

 

СЕ ЗАДОЛЖУВА извршителот В. К. од К. изречената парична казна во висина од ------ евра во денарска протвредност според среден курс на НБРМ од ова решение да ја плати во рок од 15 дена од приемот на решението а под страв на присилно извршување.

 

Образложение

На ден 12.12.2018 година Министертот за правда на РМ до Комората на извршители на РМ достави Предлог за поведување на дисциплинска постапка УПП бр. 09-5248/8 од 12.12.2018 година против извршителот В. К. именуван за подрачјето на Основен суд К., Основен суд К. П. и Основен суд К., врз основа на Извештај бр. 09-5248/3 од 12.12.2018 година за извршен надзор од страна на Министерството за правда на РМ врз работата на извршител В. К. спроведен на ден 15.11.2018 година во канцеларијата на извршителот на ул. 3 М.У.Б. бр . ---- К.

Предлогот за поведување дисциплинска постапка УПП.бр.09-5248/8 од 12.12.2018 година на Министер за правда  е поднесен против извршител В. К. од К. за сторена дисциплинска повреда член 64 став1 алинеја 8 од Законот за извршување :неуредно и неточно ја води евиденцијата која извршителот е должен да ја води, а која не засега во правата на странките. Предлагачот наведува дека извршителот  не го заклучил Уписникот за примени барања за извршување за 2016 година, и во истиот Уписник продолжил да заведува примени барања за извршување од реден број 1/17 до 6/17 сите со датум на прием од 16.01.2018, со што извршителот постапил спротивно на член 5 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на Уписникот за примените барања за извршување ( Сл. Весник на РМ бр. 226/16), спротивно на член 2, член 3 и член 6 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата на примените барања за извршување ( Сл. Весник на РМ бр. 178/15), спротивно на член 45 од Законот за извршување ( Сл. Весник на РМ бр. 72/16 и бр. 142/16) според кој Уписникот за примени барања за извршување за 2017 година се води само во електронска форма.                                                                                                                           Предлогот е со наводи дека извршителот сторил дисциплинска повреда по член 64 став1 алинеја 8 од Законот за извршување :неуредно и неточно ја води евиденцијата која извршителот е должен да ја води, а која не засега во правата на странкитена начин што, не ја водел уредно електронската евиденција со оглед на тоа што во 2016, 2017 и 2018 година актите кои ги изготвил извршителот не се потпишани со електронски потпис на извршителот, така што во листата од електронската евиденција имало вкупно 4019 непотпишани акти, со што извршителот постапил спротивно на член 2 и 3 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на Уписникот за примените барања за извршување.

Предлагачот наведува дека  извршителот сторил дисциплинска повреда по член 64 став 1 алинеја 9 од Законот за извршување.,, ненавремено или неточно ги доставува извештаите за неговата работа  на начин што, извршителот во 2017 и 2018 година не постапувал по законската обврска за доставување на квартални извештаи до Министерството за правда по електронски пат, со што постапил спротивно на член 56 став 1 од Законот за извршување.

Исто така, во предлогот се наведува дека извршителот сторил дисциплинска повреда по член 65 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување:,, не води евиденција за наплатена награда и други трошоци согласно со овој закон и подзаконските акти”, бидејќи извршителот во електронската евиденција не води евиденција за трошоците и наградата за извршување видно од извршениот увид во завршени предмети побарани по случаен избор И.бр.58/18 и И.бр.71/18, со што извршителот постапил спротивно на член 45  и член 46 од Законот за извршување.

Предлогот е и со наводи дека извршителот сторил дисциплинска повреда по член 65 став 1 алинеја 5 од Законот за извршување:,, не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзорот на начин што, изршителот на Записник од извршен надзор бр. 09-5248/1 од 15.112018 година бил задолжен во рок од 2 работни дена да достави копии од предметите во кои бил извршен увид И.бр.253/17; И.бр.254/17; И.бр.255/17, И.бр.58/18 и И.бр.71/18, како и примерок од електронска евиденција за наведените предмети, но извршителот по истек на рокот, не ги доставил бараните докази, со што постапил спротивно на член 7 став 3 и на член 9 од Правилникот за начинот на вршење на надзор над работата на Комората и на извршителите.

Министерот за правда сметајќи дека извршителот В. К.сторил дисциплинска повреда по член по член 64 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување :неуредно и неточно ја води евиденцијата која извршителот е должен да ја води, а која не засега во правата на странките, по член 64 став 1 алинеја 9 од Законот за извршување.,, ненавремено или неточно ги доставува извештаите за неговата работа и по член 65 став 1 алинеја 5 од Законот за извршување:,, не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзорот”, предлага Дисциплинската комисија при КИРМ да поведе дисциплинска постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на извршител В. К. од К. и да му изрече соодветна санкција во согласност со одредбите од Законот за извршување.

На одржан главен претрес на Дисциплинската комисија при КИРМ на ден 26.12.2018 година, извршителот В. К. наведе дека по однос на првата точка од Предлогот за поведување на дисциплнска постапка точно е дека  му бил побаран на увид Уписникот за 2016 година и од негова страна немало заклучување на Уписникот на начин на кој му било објаснето од страна на претставник на Министерстово за правда. Имено, после последниот предмет до 2016 година до кога требало да ја води евиднецијата во хартиена форма, не била ставена црвена линија. После укажувањата на Министерството за правда на лице место од негова страна било постапено и направено заклучување на Уписникот за 2016 година со примени барања за извршување на начин како што било  побарано од страна на претставникот на Министерството за правда согласно Правилникот за начинот на водење на евиденцијата.

По однос на тоа дека извршителот сторил дисциплинска повреда од член 64 став 1 алинеја 8 од ЗИ  извршителот смета дека наводите на предлгачот за сторени дисциплински повреди неуредно и неточно водење на евиденцијата се неосновани, бидејќи во самиот предлог не било  наведено на кој начин  извршителот засегнал во правата на странките и на кој начин ги повредил правата на странките а согласно член 64 став 1 алинеја  8 од ЗИ.

По однос на наводите во барањето за поведување на дисциплинска постапка дека во Уписникот во хартиена форма за 2016 година биле заведени предмети од 2017 година за кои престанала обврската за евидентирање во хартиена форма извршителот напомена дека лично не го водел уписникот а овие предмети биле внесени  и во Уписникот во електронска форма.

По однос на тоа дека извршителот не ја водел уредно електронската евиденција, истиот наведе дека го контактирал програмерот и наведе дека не е точно дека истиот не ја водел уредно електронската евиденција, односно од страна на програмерот Г. П. му било објаснето дека обрасци во пдф и ворд формат не се потпишуваат на ист начин, и кога се клика на пдф не давало дека е ставен електронскиот потпис бидејќи тоа произлегува од начинот на заведувањето на документите во електронска форма во перидот од 2016,2017 и 2018 година. Извршителот наведе  дека се работело за техничко прашање кое можело да се отстрани како недостаток во секоја прилика. Исто така, наведе дека во овој момент дел од констатираните неправилности биле отстранети, предметите биле електронски потпишани, а за дел од нив сеуште програмерот барал техничко решение. Извршителот наведе дека немал доказ врз основа на кој што може да се утврди ваквата состојба.

На прашање на член на Комисијата, В. М. од каде Министерството за правда констатирало состојба од околу 4000 документи кои не се електронски потпишани, извршителот појасни дека нема информација од каде е произлезена бројката од 4000 документи кои не биле електронски потпишани односно дали дел од тие документи воопшто би можело да бидат електронски потпишани.

 По однос на барањето за поведување на дисциплинска постапка во делот на недоставување на кварталните извештаи до Министерството за правда по електронски пат извршителот напомена дека кварталните извештаи кај него ги изготвувале неговите вработени и сметал дека истите биле редовно доставувани и до Министерството за правда и до КИРМ по електронски пат. Кога од страна на претставниците на Министерството за правда му било воочено дека кварталните извешти не биле доставувани до нив, истите ги испринтал и во хартиена форма им ги предал на претставниците на Министерството кое нешто било констатирано и на Записник од извршен надзор.

На прашање на член на Комисијата, В.М.дали извршителот извршил проверка дали квараталните извештаи уредно се доставуваат до надлежните институции извршителот напомена дека поголем дел од работното време го поминува на терен или во судот и не извршил проверка дали извештаите редовно се доставуваат. Појасни дека редовно го проверува својот официјален маил и во делот на испратени пораки но не воочил дека извештаите не се доставени и до Министерството за правда.

На прашање на членот на Комисијата, Н.Д. дали кварталните извештаи се редовно доставувани до КИРМ, извршителот појасни дека истите се доставувани но со задоцнување од 10- 15 дена. 

 Извршителот на главен претрес наведе дека во текот на 2017 година на дел од неговите вработени во канцеларијата им престанал работниот однос па ангажирал нови вработени и наверојатно сите овие проблеми произлегле од слабата координираност на вработените во неговата канцеларија.

Извршителот наведе дека до овој момент не бил опоменат ниту казнет за неточно и ненавремно доставување на кварталните извештаи и сите овие проблеми настанале заради кадровските промени кај вработените во неговата канцеларија.

По однос на точка 4 за неевидентирање на награда и другите трошоци во Уписникот за електронска форма од предлогот за поведување на дисциплинска постапка,извршителот наведе дека не се точни наводите на предлагачот. Евиденцијата за наплатената награда и другите трошоци се водила во електронска форма на начин што спецификацијата е составен дел на секој предмет во хартиена форма и истата се скенира и во електронска форма. Ова било констатирано и при надзорот при што во секој од предметите кои биле архивирани стоела писмена спецификација за наплатените трошоци и награда.

На прашање на член на Комисијата, В. М. дали и е познато на кој начин се евидентира наградата и другите трошоци во програмот за евиденција во електронска форма извршителот појасни дека  му е познато и на кои начин се евидентира наградата и надоместокот за преземените дејствија но овие податоци се внесуваат во програмата само за предмети кои се завршени. Извршителот појасни дека не се основани наводите во барањето за поведување на дисциплинска постапка во делот каде што стои дека не се води евиденција во електронски усписник за наградата и другите трошцои од причина што, во предмеите кои биле побарани по случаен избор поголем дел од овие податоци беа внесени и во Уписникот во електронска форма.

На прашање на член на Комисијата, Н. Д. дали извршителот има да достави доказ, извршителот изјави дека во моментот немал докази за да ги поткрепи своите тврдења.

По однос на точка 5 од предлогот за поведување на дисциплинска постапка, извршителот да достави копии од предметите по кои се вршел надзор по случаен избор, извршителот истакна дека е точно дека не ги доставил бараните податоци, но смета дека само врз основа на тоа дека не ги доставил бараните податоци, не значи дека ја сторил дисциплинската повреда која му се става на товар. При надзорот, претставниците од Министерството за правда  побарале и добиле копии од предметите кои биле предмет на надзор по случаен избор.

На пршање на член на Комисијата, В.М.дали и е познато дека во Записникот е задолжена во рок од 2 дена да ги достави бараните податоци на членовите на комисијата за надзор, извршителот појасни дека и познато дека била задолжена да ги достави бараните податоци истото не го сторила затоа што смета дека при надзорот се доставени сите податоци и ваквото постапување не претставува дисциплинска повреда онака како што е опишана во предлогот за дисциплинска постапка.

 

Дисциплинската комисија на КИРМ на одржан главен претрес на ден 26.12.2018 година, ги дозволи и изведе следните докази:

-          Извештај УПП бр. 09-5248/3 од 12.12.2018 година на Министер за правда на РМ;

-          Записник бр.09-5248 од 15.11.2018 година на Министер за правда на РМ;

-          Уписник стр. Бр. 0000210 по И.бр.959/16 ;

-          Уписник стр. Бр. 0000211 по И.бр.1/17;

-          Уписник стр. Бр.0000212 по И.бр.2/17;

-          Уписник стр. Бр.0000213 по И.бр.3/17;

-          Уписник стр. Бр.0000214 по И.бр.4/17;

-          Уписник стр. Бр.0000215 по И.бр.5/17;

-          Уписник стр. Бр. 0000216 по И.бр.6/17;

-          Електронска евиденција на примени барања за извршување ;

-          Квартален извештај за период од 01.01.2018 до 31.03.2018 година на извршител В.К.а;

-          Квартален извештај за период од 01.04.2018 до 30.06.2018 година на извршител В.К.;

-          Квартален извештај за период од 01.07.2018 до 30.09.2018 година на извршител В. К.;

-          Квартален извештај за период од 01.01.2017 до 31.03.2017 година на извршител В.К.;

-          Квартален извештај за период од 01.04.2017 до 30.06.2017 година на извршител В.К.;

-          Квартален извештај за период од 01.07.2017 до 30.09.2017 година на извршител В.К.;

-          Квартален извештај за период од 01.10.2017 до 31.12.2017 година на извршител В. К.;

Дисциплинската комисија на КИРМ на одржан главен претрес, ги разгледа наводите изнесени во предлогот, одбрана на извршителот, па ценејќи ги сите докази одделно и заедно, ја утврди следната фактичка положба:

            Актите кои ги издал извршителот  како што се налози за извршување, барањата за информации и податоци, заклучоци, записници и друго не биле потпишани од страна на извршителот со електронски потпис на извршителот. Овластена комисија на Министерството за правда извршила увид во Извештаите од електорнската евиденција при што констатирала дека извршителот во текот на 2016, 2017 и 2018 година не ги потпишувала уредно и тековно со електронски потпис актите издадени од негова страна. Во листата на непотпишани  документи во периодот од 13.01.2016 година до 14.11.2018 година има вкупно 4019 непотпишани акти а во листата на потпишаните документи за периодот од 01.01.2016 година до 15.11.2018 година имало вкупно 181 потпишани акти.                                                 Во последниот Уписник за примени барања за извршување за 2016 година извршителот после последниот заведен предмет за 2016 година И.бр.959/16 од 29.12.2016 година не го заклучил Уписникот за примени барања за изршување кој се водел според Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата за примените барања за извршување ( Сл. Весник на РМ бр. 178/15).                                                                                                                                   Извршителот продолжил да ги заведува во истиот Уписник примените барања за извршување на ден 18.01.2017 година, така што во Уписникот биле заведени шест примени барања за извршување за 2017 година од реден број И.бр.1/17 до И.бр.6/17 што не било во согласност со член 45 од Законот за извршување. Предметите под реден број И.бр.1/17 до И.бр.6/17 извршителот ги имал заведено во електронската евиденција.                                                                                                             Извршителот бил задолжен од страна на овластената Комисија за надзор во рок од 2 работни дена, да достави копии од предметите во кои бил вршен увид и тоа И.бр.253/17, И.бр.254/17, И.бр.255/17, И.бр.58/18 и И.бр.71/18 како и примерок од електронската евиденција за истите, но извршителот по истекот на рокот, не ги доставил бараните докази.    Извршителот не водел евиденција во електронска евиденција за трошоците и наградата за извршување согласно извршениот увид во завршените предмети И.бр.58/18 и И.бр.71/18 побарани по случаен избор.                               Извршителот не ги доставил до Министерството за правда кварталните извештаи по електронски пат бидејќи истиот не знаел дека требал да ги достави и дека имал таква обврска согласно закон. На овластената Комисија при вршењето на надзорот извршителот предал копии од изготвени извештаи за четири квартали во 2017 година и за три квартали во 2018 година.

Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РМ одлучувајќи по повод основаноста на наводите опишани по точка 1 од Предлогот за поведување дисциплинска постапка утврди дека извршителот сторил дисциплинска повреда по член 64 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување:,, :неуредно и неточно ја води евиденцијата која извршителот е должен да ја води, а која не засега во правата на странките на начин што, извршителот  не го заклучил Уписникот за примени барања за извршување за 2016 година, и во истиот Уписник продолжил да заведува примени барања за извршување од реден број 1/17 до 6/17 сите со датум на прием од 16.01.2018, со што извршителот постапил спротивно на член 5 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на Уписникот за примените барања за извршување ( Сл. Весник на РМ бр. 226/16), спротивно на член 2, член 3 и член 6 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата на примените барања за извршување ( Сл. Весник на РМ бр. 178/15), спротивно на член 45 од Законот за извршување ( Сл. Весник на РМ бр. 72/16 и бр. 142/16) според кој Уписникот за примени барања за извршување за 2017 година се води само во електронска форма. По повод наводите опишани во точка 2 од  Предлогот за поведување дисциплинска постапка утврди дека извршителот сторил дисциплинска повреда по член 64 став1 алинеја 8 од Законот за извршување :неуредно и неточно ја води евиденцијата која извршителот е должен да ја води, а која не засега во правата на странкитена начин што, не ја водел уредно електронската евиденција со оглед на тоа што во 2016, 2017 и 2018 година актите кои ги изготвил извршителот  не се потпишани со електронски потпис на извршителот, така што во листата од електронската евиденција имало вкупно 4019 непотпишани акти, со што извршителот постапил спротивно на член 2 и 3 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на Уписникот за примените барања за извршување.                                                                   Дисциплинската комисија по повод наводите опишани во точка 3 од Предлогот за поведување на дисциплинска постапка утврди дека извршителот сторил дисциплинска повреда по член 64 став 1 алинеја 9 од Законот за извршување.,, ненавремено или неточно ги доставува извештаите за неговата работа  на начин што, извршителот во 2017 и 2018 година не постапувал по законската обврска за доставување на квартални извештаи до Министерството за правда по електронски пат, со што постапил спротивно на член 56 став 1 од Законот за извршување.

По повод основаноста на наводите опишани во точка 4 од Предлогот за поведување на дисциплинска постапка, ДК на КИРМ утврди дека извршителот сторил дисциплинска повреда по член 65 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување:,, не води евиденција за наплатена награда и други трошоци согласно со овој закон и подзаконските акти”, бидејќи извршителот во електронската евиденција не води евиденција за трошоците и наградата за извршување видно од  извршениот увид во завршени предмети побарани по случаен избор И.бр.58/18 и И.бр.71/18, со што извршителот постапил спротивно на член 45  и член 46 од Законот за извршување.                                                                           ДК на КИРМ утврди дека извршителот ја сторил и дисциплинската повреда по член 65 став 1 алинеја 5 од Законот за извршување:,, не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзорот  опишана во точка 5 од Предлогот за поведување на дисциплинска постапка на начин што, изршителот на Записник од извршен надзор бр. 09-5248/1 од 15.112018 година бил задолжен во рок од 2 работни дена да достави копии од предметите во кои бил извршен увид И.бр.253/17; И.бр.254/17; И.бр.255/17, И.бр.58/18 и И.бр.71/18, како и примерок од електронска евиденција за наведените предмети, но извршителот по истек на рокот, не ги доставил бараните докази, со што постапил спротивно на член 7 став 3 и на член 9 од Правилникот за начинот на вршење на надзор над работата на Комората и на извршителите.                                                                                                            Како во преземените дејствија од страна на извршителот се содржини сите битни елементи нa дисциплинските повреди по член 64 став 1 алинеи 8 и 9 и член 65 став 5 и 8 од Законот за извршување, ДК при КИРМ го огласи за виновен извршителот В.К.и согласно чл. 62 став 1 т.в )  и му се изрече дисциплинска мерка парична казна во висина од -------- евра во денарска противредност според среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на изрекувањето.

Дисциплинската комисија при КИРМ при одлучувањето, ги ценеше сите отежнителни и олеснителни околности, а како особена олеснителна околност го ценеше фактот дека откако на извршителот му било предочено од страна на претставници на Министерството за правда дека е потребно кварталните извештаи за неговата работа да ги доставува и до Министерството, истиот постапил и во хартиена форма ги предал на овластената Комисија за вршење на надзор како и фактот дека неуредното и неточното водење на евиденција која извршителот е должен да ја води не засега во правата на странките, меѓутоа истото не беше од влијание за поинакво одлучување

ДК при КИРМ  како отежнителни околности ги зема во предвид тежината на дисциплинските повреди, потоа фактот што извршителот е претходно казнуван  како и околноста дека извршителот не го заклучил Уписникот за примени барања за извршување за 2016 година, и во истиот Уписник продолжил да ги заведува примени барања за извршување од реден број 1/17 до 6/17 сите со датум на прием од 16.01.2018, не ја водел уредно електронската евиденција со оглед на тоа што во 2016, 2017 и 2018 година актите кои ги изготвува извршителот не се потпишани со електронски потпис на извршителот, така што во листата од електронската евиденција имало вкупно 4019 непотпишани акти, во 2017 и  2018 година не постапувал по законската обврска за доставување на квартални извештаи до Министерството за правда по електронски пат дотолку повеќе што со Решение ДП бр. 12-4-6 од 19.10.2018 година на Дисциплинската комисија на КИРМ извршителот е огласен за виновен за недоставување на квартални извештаи и до Комората на извршители на РМ согласно Правилникот за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот писмен извештај за работата на извршителот. Понатаму, тоа што извршителот во електронската евиденција не водел евиденција за трошоците и наградата за извршување  како и  тоа што извршителот не постапил по задолжението на овластената комисија и не ги доставил бараните докази за предметите за кои бил извршен увид.

Согласно наведеното, ДК при КИРМ е на мислење дека извршителот бил должен да постапи  согласно член 5 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на уписникот за примените барања за извршување ( Службен весник бр. 226/16) со кој е предвидено дека:,, Уписниците за примени барања за извршување кои се водат според Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на евиденцијата за примените барања за извршување ( Службен весник на РМ бр. 178/15), ќе се заклучат со денот на отпочнување со примена на овој правилник, иако не се целосно исполнети, а внесот на податоци продолжува само во Уписникот од член 1 од овој правилник”, согласно член 2, 3 и 6 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата за примените барања за извршување ( Службен весник бр. 178/15) со кои е предвидено дека: Евиденцијата кај извршителот се води во писмена и електорнска форма и евиденцијата се води уредно и навремено”, “ Евиденцијата во писмена форма се води со внесување на податоците од барањата за извршување во Уписник за примени барања за извршување, формирање на обвивка на списите и евидентирање на движењето на списите во уписник и чувањето на списите” , Уписниците на примени барања за извршување треба да бидат еднообразни и да се водат по единствена методологија на подрачјето на целата територија на Република Македонија. Уписникот на примени барања за извршување се набавува преку Комората на извршители на Република Македонија. Уписниците се заверуваат од страна на Комората на извршители на Република Македонија во Уписник за заверка на Уписник на примени барања за извршување.Уписникот за заверка на Уписник на примени барања за извршување се води во писмена форма во вид на книга во тврди корици со димензии 240 x 340 мм и содржи 300 страници. Уписникот за заверка на Уписник на примени барања за извршување на корицата содржи назив: „Уписникот за заверка на Уписник на примени барања за извршување“ . Првата страна содржи податоци за годината во која се води и страница и рубрики за: реден број, датум на прием, име и презиме и адреса на седиште на извршителот, датум на заверка, датум на предавање на уписникот на извршителот и број на уписникот. Страната 1 се повторува до страна 300.  Извршителот нема да започне со пополнување на нов Уписник на примени барања за извршување, се додека не се пополни започнатиот. ДК на КИРМ е на мислење дека извршителот бил должен да постапи и согласно член 45 од Законот за извршување: ,, За примените барања за извршување, кои ги прима за спроведување, извршителот е должен да води Уписник за примените барања за извршување во електронска форма”.

ДК на КИРМ е на мислење дека извршителот бил должен да постапи согласно член 2 и 3 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на уписникот за примените барања за извршување ( Службен весник на РМ бр. 226/16):,, Уписникот кај извршителот се води во електронска форма, уредно и навремено, при прием на барањето, односно преземањето на секое поединечно извршно дејствие”, ,, Уписникот се води на софтвер кој овозможува следење на секој поедничен внес на податоци, заштитен од неовластени измени согласно прописите за електронска заштита на податоци. Во Уписникот се внесуваат истоветни податоци со податоците содржани во списите, за секое поединечно преземено дејствие во предметот и сите списи од предметот во скенирана форма. По исклучок од ставот 2 на овој член, доколку кон извршната исправа која е основ за поднесување на барањето за извршување се доставени прилози, се скенира само извршната исправа”.

Исто така ДК на КИРМ е на мислење дека извршителот бил должен да постапи согласно член 56 став 1 од Законот за извршување со кој е предвидено дека:,, Извршителот доставува до Министерството во електронска форма квартален извештај за својата работа најдоцна во рок од 10 дена по истекот на кваралот. Формата и содржината на извршителот го дефинира Комората, врз основа на претходна согласност на Министерството”.

Дисциплинската комисија на КИРМ е на став дека изршителот бил должен да постапи согласно член 45 од Законот за извршување: ,, За примените барања за извршување, кои ги прима за спроведување, извршителот е должен да води Уписник за примените барања за извршување во електронска форма како и согласно член 46 од  Законот за извршување:,, извршителот за извршените дејствија има право на надоместок за администрирање, надоместок за спроведените дејствија и награда за реализација на извршната исправа во согласност со Тарифата”.

Дисциплинската комисија на КИРМ исто така е на мислење дека извршителот бил должен да постапи согласно предвиденото со член 7 став 3 и член 9 од Правилникот за начинот на вршење надзор над работата на КИРМ и на извршителите со кои е предвидено дека:,, По барање на овластените лица кои го вршат надзорот, извршителот доставува дополнителни копии од документите кои ги поседува доколку овластените лица сметаат дека се потребни за изготвување на извештајот за надзор”, ,,Извршителот во периодот определен во записникот за надзор го известува Министерството за правда за преземените дејствија за отстранување на констатираните недостатоци и приложуваат доказ за постапувањето”.

Комисијата ја ценеше одбраната на извршителот дека постапил по укажувањата на претставниците од Министерството за правда и во голем дел ги отстранил утврдените недостатоци односно заклучувањето на Уписникот за 2016 година за примените барања за извршување, електронски ги потпишал актите односно за останатиот дел лицето задолжено за софверот барал техничко решение, ги доставил во хартиена форма кварталните извештаи до Министерството за правда, меѓутоа истите не беа од влијание за поинакво одлучување. Дисциплинската комисија смета дека со ваквата дисциплинска мерка ќе се постигнат целите на генералната и специјалната превенција.

 Дисциплинската комисија при КИРМ на ден 26.12.2018 година согласно член 60 став 1 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/16 и бр.142/16) одлучи како во изреката на ова решение.

             Согласно член 62 став 1 точка  в)  в.в. со член 68 став 4 од Законот за извршување се задолжува обвинетиот извршител В.К. да плати на име парична казна износ во висина -------- евра во денарска противредност по среден курс на Народна Банка на РМ на ден на изрекување, на сметка на Комората на извршители на РМ бр.------------------- во С. Б. АД С., во рок од 15 дена од прием на одлуката, а под страв на присилно извршување.

 

 

КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РМ

ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА

Претседател,                         

Николче Диневски

 

            -----------------------------

 

Правна поука : против оваа одлука извршителот има право на правна заштита со поведување на управен спор пред Управен суд на РМ во рок од 30 дена по приемот

 

Дн:     Извршител В.К. К.

Претседател на КИРМ                                                                                  

Министерство за правда на РМ

Архива