ДП.бр.12-04-7 /18

Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РМ (подолу како ДК при КИРМ) во состав од Николче Диневски извршител, како Претседател на Дисциплинска комисија и Ванчо Марковски извршител, како член-известител на Дисциплинска Комисија, судија Владимир Панчевски Основен суд Скопје 1 Скопје, судија Улбер Хасани Основен суд Скопје 2 Скопје и Јасна Жежова од Совет на Јавните обвинители, како членови на Дисциплинска Комисија и Кристина Терзиевска Вучевска како записничар, постапувајќи по Предлогот за поведување на дисциплинска постапка УПП.бр.09- 339 од  28.11.2018 година на Министер за правда на РМ, во отуство на извршителот, по одржан главен претрес, на ден 17.12.2018 година, го донесе следното

 

                                                                        РЕШЕНИЕ

 

СЕ ОГЛАСУВА ЗА ВИНОВЕН извршител А.Т. именуван за подрачјето на Основен суд С.1 С. и Основен суд С.2 С.

 

ЗАТОА ШТО:

1.      При спроведување на извршувањето по предметот И.бр.1791/14, не ги распределил сите парични средства кои биле наплатени од пензијата на должникот, а се наоѓаат на посебната сметка на извршителот, односно од вкупно пристигнатите парични средства на посебната сметка на извршителот во износ од 108.092,00 денари, распределил само 85.000,00 денари, од кои 20.000,00 денари префрлил на сметката на доверителот на денот на надзорот 07.11.2018 година, иако последната задршка од пензијата на должникот  била во септември 2017 година, со што извршителот постапил спротивно на член 36 став 5 од ЗИ в.в. член 40 став 1 алинеја 8 од ЗИ;

2.      Во текот на надзорот дал целосно неточни податоци за состојбата со наплата по извршниот предмет, кои се контрадикторни на фактичката состојба утврдена од списите на предметот И.бр.1791/14. Имено, извршителот дал неточни податоци пред Комисијата, дека предметот е завршен во 2017 година и дека е целосно наплатен, како и дека на неговата посебна сметка има 300.000,00 денари од реализираното извршување, иако од списите на предметот констатирано е дека по налог за извршување се наплатени само 108.092,00 денари што значи дека предметот не е завршен, не се наплатени трошоците на постапката со камата и главниот долг со камата. Извршителот дал неточни податоци, дека паричните средства не можел веднаш да ги префрли на транскациската сметка на доверителот бидејќи исплатата морала да оди сукцесивно со помали износи, поради поедноставна процедура на трансфер на парите. Исто така, извршителот дал неточни податоци, дека немал податоци за трансакциската сметка на доверителот се до август 2018 година, од причина што уште во 2016 година на ден 19.09.2016 година префрлил на трансакциската сметка на доверителoт износ од 12.800,00 денари, што значи  дека извршителот имал податоци за транскциската сметка на доверителот уште во  2016 година. Извршителот дал неточни податоци, дека на полномошникот на доверителот му префрлил 5.200,00 денари на име адвокатски трошоци и на име трошоци на постапката 90.580,00 денари со камата во износ од 145.229,00 денари иако од списите на предметот произлегува дека на полномошникот на доверителот му префрлил само 5.200,00 денари со што постапил спротивно на член 55 став 4 од ЗИ;

3.      Не пресметал камата на главниот долг во Налогот за извршување И.бр.1791/14 од 17.03.2015 година, иако во извршната исправа е определена наплата на камата на главниот долг, која доверителот ја побарувал со барањето за извршување, и не преземал никакви дејствија за наплата на каматата на главниот долг, со што постапил спротивно на член 18 и член 28 став 5 и 6 од ЗИ;

4.      Не постапил по задолжението од Комисијата, да достави изводи од посебната сметка во рок од 2 дена од денот на извршениот надзор, во поткрепа на своите тврдења дека на полномошникот на доверителот му се исплатени трошоците на постапката во износ од 90.580,00 денари со камата во износ од 145.229,00 денари, ниту ги доставил сите изводи од посебната сметка за задршката од пензијата на должникот по предметот И.бр.1791/14, со што извршителот постапил спротивно на член 55 став 4 од ЗИ, член 7 став 3 и 4 и член 9 од Правилникот за начинот на вршење на надзор над работата на Комората на извршители на РМ ( Сл. Весник на РМ бр. 226/16);

5.      Не ја води уредно електронската евиденција, од причина што, извршниот предмет И.бр.1791/14 не е скениран, со што извршителот постапил спротивно на член 3 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на Уписникот за примените барања за извршување;

6.      За предметот И.бр.1791/14 нема евиденција за наплатена награда и други трошоци за работата на извршителите, со што постапил спротивно на член 45 од ЗИ

 

Со дејствијата опишани под точка 1 од изреката на ова решение извршителот А.Т.сторил дисциплинска повреда по член 66 став 1 алинеја 12 од Законот за извршување:,, незаконито располага со материјалните средства што ги прибавил во текот на извршувањето за која му се изрекува мерка Трајно одземање на правото за вршење на должноста извршител, со дејствијата опишани под точка 2 од изреката извршителот А. Т. сторил дисциплинска повреда по член 65 став 1 алинеја 5  од Законот за извршување  не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзорот за која му се изрекува дисциплинска мерка Парична казна во висина од 2.500 евра во денарска противредност по среден курс на НБРМ на ден на изрекување, со дејствијата опишани под точка 3 од изреката извршителот А.Т.сторил дисциплиска повреда по член 65 став 1 алинеја 17 од Законот за извршување:,, не преземал дејствија по барањето за извршувањеза која му се изрекува дисциплинска мерка Парична казна во висина од 2.500 евра во денарска противредност по среден курс на НБРМ на ден на изрекување, со дејствијата опишани под точка 4 од изреката извршителот А.Т. сторил дисциплинска повреда по член 65 став 1 алинеја 5 ,, не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзорот за која му се изрекува дисциплинска мерка Парична казна во висина од 2.500 евра во денарска противредност по среден курс на НБРМ на ден на изрекување, со дејствијата опишани под точка 5 од изреката извршителот Александар Тасевски сторил дисциплинска повреда по член 64 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување:,, неуредно и неточно ја води евиденцијата која извршителот е должен да ја води, а која не засега во правата на странкитеза која му се изрекува дисциплинска мерка Парична казна во висина од 1.000 евра во денарска противредност по среден курс на НБРМ на ден на изрекување и со дејствијата опишани под точка 6 од изреката извршителот А.Т. сторил дисциплинска повреда по член 65 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување:,, не води евиденција за наплатена награда и други трошоци согласно со овој закон и подзаконските актиза која му се изрекува дисциплинска мерка Парична казна во висина од 3.500 евра во денарска противредност по среден курс на НБРМ на ден на изрекување

па врз основа на секоја утврдена поединечна дисциплинска мерка му одмерува единствена дисциплинска мерка Трајно одземање на правото на вршење на должноста извршител согласно член 62 став 1 точка д) од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/16 и бр.142/16)

Образложение

На ден 30.11.2018 година до Комората на извршители на РМ е доставен Предлог за поведување на дисциплинска постапка УПП.бр.09-339 од 28.11.2018 година поднесен од страна на Министерот за правда против извршителот А. Т.од С. врз основа на Извештај од извршен надзор УПП бр. 09-339 од 19.11.2018 година и  Записник од извршен надзор УПП.бр.09-339 од 29.10.2018 година спрoведен од страна на овластени лица од Министерството за правда во канцеларијата на извршителот на ул. С.Н. зграда ---на ден 29.10.2018 година.

Предлогот за поведување дисциплинска постапка УПП.бр.09-339 од 28.11.2018 година од Министерот за правда на РМ е поднесен против извршител А. Т. од С.со наводи дека сторил дисциплинска повреда од член 66 став 1 алинеја 12 од ЗИ ,, извршителот незаконито располага со материјалните средства што ги прибавил во текот на извршувањето на начин што при спроведување на извршувањето по предметот И.бр.1791/14, не ги распределил сите парични средства кои биле наплатени од пензијата на должникот, а се наоѓаат на посебната сметка на извршителот, односно од вкупно пристигнатите парични средства на посебната сметка на извршителот во износ од 108.092,00 денари, распределил само 85.000,00 денари, од кои 20.000,00 денари префрлил на сметката на доверителот на денот на надзорот 07.11.2018 година, иако последната задршка од пензијата на должникот  била во септември 2017 година, со што извршителот постапил спротивно на член 36 став 5 од ЗИ в.в. член 40 став 1 алинеја 8 од ЗИ.

Предлогот е со наводи дека извршителот А. Т. од С. сторил дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 5 од ЗИ ,, извршителот не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзорот на начин што, во текот на надзорот дал целосно неточни податоци за состојбата со наплата по извршниот предмет, кои се контрадикторни на фактичката состојба утврдена од списите на предметот И.бр.1791/14. Имено, извршителот дал неточни податоци пред Комисијата, дека предметот е завршен во 2017 година и дека е целосно наплатен, како и дека на неговата посебна сметка има 300.000,00 денари од реализираното извршување, иако од списите на предметот констатирано е дека по налог за извршување се наплатени само 108.092,00 денари што значи дека предметот не е завршен, не се наплатени трошоците на постапката со камата и главниот долг со камата. Извршителот дал неточни податоци, дека паричните средства не можел веднаш да ги префрли на трансакциската сметка на доверителот бидејќи исплатата морала да оди сукцесивно со помали износи, поради поедноставна процедура на трансфер на парите. Исто така, извршителот дал неточни податоци, дека немал податоци за трансакциската сметка на доверителот се до август 2018 година, од причина што уште во 2016 година на ден 19.09.2016 година префрлил на трансакциската сметка на доверителто износ од 12.800,00 денари, што значи дека извршителот имал податоци за трансакциската сметка на доверителот уште во 2016 година. Извршителот дал неточни податоци, дека на полномошникот на доверителот му префрлил 5.200,00 денари на име адвокатски трошоци и на име трошоци на постапката 90.580,00 денари со камата во износ од 145.229,00 денари иако од списите на предметот произлегува дека на полномошникот на доверителот му префрлил само 5.200,00 денари со што постапил спротивно на член 55 став 4 од ЗИ.                                                                      Предлагачот наведува дека извршителот А. Т. сторил дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 17 од ЗИ,, не преземал дејствија по барањето по извршување на начин што, не пресметал камата на главниот долг во Налогот за извршување И.бр.1791/14 од 17.03.2015 година, иако во извршната исправа е определена наплата на камата на главниот долг, која доверителот ја побарувал со барањето за извршување, и не преземал никакви дејствија за наплата на каматата на главниот долг, со што постапил спротивно на член 18 и член 28 став 5 и 6 од ЗИ.                                                                                           Предлогот е со наводи дека извршителот А. Т. сторил дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 5 од ЗИ ,, извршителот не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзоротбидејќи не постапил по задолжението од Комисијата, да достави изводи од посебната сметка во рок од 2 дена од денот на извршениот надзор, во поткрепа на своите тврдења дека на полномошникот на доверителот му се исплатени трошоците на постапката во износ од 90.580,00 денари со камата во износ од 145.229,00 денари, ниту ги доставил сите изводи од посебната сметка за задршката од пензијата на должникот по предметот И.бр.1791/14, со што извршителот постапил спротивно на член 55 став 4 од ЗИ, член 7 став 3 и 4 и член 9 од Правилникот за начинот на вршење на надзор над работата на Комората на извршители на РМ и извршителите  ( „Службен весник на РМ“ бр. 226/16).                                                      Исто така, во Предлогот се наведува дека извршителот А.Т. сторил дисциплинска повреда од член 64 став 1 алинеја 8 од ЗИ ,, неуредно и неточно ја води евиденцијата која извршителот е должен да ја води, а која не засега во правата на странките на начин што не ја водел уредно електронската евиденција, од причина што, извршниот предмет И.бр.1791/14 не го скенирал, со што извршителот постапил спротивно на член 3 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на Уписникот за примените барања за извршување ( „Службен весник на РМ“ бр. 226/16).        Предлогот е и со наводи дека извршителот А. Т.сторил дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 8 од ЗИ ,, извршителот не води евиденција за наплатена награда и други трошоци согласно со овој закон и подзаконските акти”, од причина што за предметот И.бр.1791/14 немал евиденција за наплатена награда и други трошоци за работата на извршителите, со што постапил спротивно на член 45 од ЗИ.                                            Министерот за правда сметајќи дека извршителот А. Т.од С. сторил дисциплинска повреда по член 66 став 1 алинеја 12 од ЗИ ,, извршителот незаконито располага со материјалните средства што ги прибавил во текот на извршувањето, дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 5 од ЗИ ,, извршителот не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзорот дисциплиска повреда од член 65 став 1 алинеја 17 од ЗИ,, не преземал дејствија по барањето по извршување дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 5 од ЗИ ,, извршителот не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзорот дисциплинска повреда од член 64 став 1 алинеја 8 од ЗИ ,, неуредно и неточно ја води евиденцијата која извршителот е должен да ја води, а која не засега во правата на странките и дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 8 од ЗИ ,, извршителот не води евиденција за наплатена награда и други трошоци согласно со овој закон и подзаконските акти“, предлага Дисциплинската комисија при КИРМ да поведе дисциплинска постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на извршител А. Т.од С. и да му изрече соодветна санкција во согласност со одредбите од Законот за извршување.                                                                                                                                             Министерот за правда предлага на Дисциплинската комисија при одмерување на видот и висината на дисциплинската мерка да ја земе во предвид тежината на повредите, однесувањето на извршителот, тоа што извршителот претходно е казнуван четири пати, како и фактот дека извршителот е претходно дисциплински казнуван за истите дисциплински повреди, односно за дисципински повреди не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзорот, незаконито располага со материјалните средства што ги прибавил во текот на извршувањето и неуредно и неточно ја води евиденцијата која извршителот е должен да ја води, а која не засега во правата на странките. Исто така, предлага на ДК на КИРМ при определувањето на дисциплинската мерка да има во предвид дека последните две дисциплински мерки му се изречени на 29.08.2018 година, односно не поминале ни три месеци од изрекувањето на дисциплинските мерки.                                                                                                                             На главен претрес одржан на ден 17.12.2018 година, Дисциплинската комисија на КИРМ констатираше дека на ден 17.12.2018 година извршителот А.Т.од С. преку полномошник адвокат Е. Б. Ш. од С.доставил Известување со кое ја известува ДК на КИРМ дека поради влошена здравствена состојба на извршителот и од лекар препорачано здавствено боледување за период од две (2) недели, извршителот не бил во состојба и можност да присуствува на сослушувањето закажано за ден 17.12.2018 година и од тие причини, бара да се одложи главниот претрес.                                                                                          На главен претрес одржан на ден 17.12.2018 година, ДК на КИРМ утврди дека постојат услови за одржување на истиот од причина што, обвинетиот- изршител уредно го примил Предлогот за поведување на дисциплинска постапка и поканата за главен претрес, дотолку повеќе што извршителот А. Т. не доставил одговор по повод наводите истакнати во предлогот за поведување на дисциплинска постапка како и фактот дека кон доставеното Известување од страна на извршител А. Т. преку полномошник адвокат Е. Б.Ш. од С. не е приложено полномошно издадено за Адвокатот Е. Б. Ш.како и не е приложен доказ - Извештај за здравствено боледување за период од 2 ( две) недели издадено од здравствена установа.

Дисциплинската комисија на КИРМ на одржан главен претрес на ден 17.12.2018 година, ги дозволи и изведе следните докази:

-          Записник бр.09-339 од 29.10.2018 година на Минстерство за правда;

-          Извештај УПП 09-339 од 19.11.2018 година на Министерство за правда;

-          Барање за извршување од доверител Б. Т.преку Адвокат В. С. од С.до извршител А. Т. од ден 30.12.2014 година;

-          Пресуда VI П.бр.3864/95 од 28.10.2004 година на Основен суд С.2 С.;

-          Налог за извршување И.бр.1791/14 од 17.03.2015 година врз основа на член 129 од ЗИ;

-          Програма за водење на евиденција за примените барања за извршување од 22.05.2017 година во електронска форма – Барање за извршување И.бр.1791/14;

-          Програма за водење на евиденција за примените барања за извршување од 22.05.2017 година во електронска форма – Исплата по предмет за плаќање во повеќе наврати И.бр.1791/14;

-          Програма за водење на евиденција за примените барања за извршување од 22.05.2017 година во електронска форма – Изработени документи по И.бр.1791/14;

-          Програма за водење на евиденција за примените барања за извршување од 22.05.2017 година во електронска форма – Исплата по предмет за плаќање во повеќе наврати И.бр.1791/14;

-          Ургенција од А. С.до извршител А.Т.од ден 11.07.2018 година;

-          Достава од извршител А. Т. до Министерство за правда на РМ од ден 13.11.2018 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 05.2015 година примено кај извршител А. Т. на ден 17.06.2015 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 06.2015 година

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 07.2015 година

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 08.2015 година примено кај извршител А.Т.на ден 18.09.2015 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 09.2015 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 10.2015 година ;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 11.2015 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 12.2015 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 01.2016 година примено кај извршител А. Т. на ден 16.02.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 02.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 04.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 05.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 06.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 07.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 08.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 10.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 01.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 02.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 03.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 04.2017 година примено кај извршител А. Т.на ден 15.05.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 05.2017 година примено кај извршител А. Т. на ден 13.06.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 06.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 08.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 09.2017 година примено кај извршител А. Т. на ден 19.10.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 01.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 02.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 03.2017 година примено кај извршител А. Т. на ден 24.04.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 04.2017 година примено кај извршител А. Т.на ден 15.05.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 05.2017 година приемено кај извршител А. Т.на дебн 13.06.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 06.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 07.2017 година примено кај извршител А. Т.на ден 16.08.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 08.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 09.2017 година примено кај извршител А. Т.на ден 19.10.2017 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 01.2016 година примено кај извршител А. Т.на ден 16.02.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 02.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 04.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 05.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 06.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 07.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 08.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 10.2016 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 05.2015 година примено кај извршител А. Т.на ден 17.06.2015 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 06.2015 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 07.2015 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 08.2015 година примено кај извршител А. Т. на ден 18.09.2015 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 09.2015 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 10.2015 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 11.2015 година;

-          Список на должници по доверители правни лица за месец 12.2015 година;

-          Достава од изврштел А. Т.до Министерство за правда на РМ од ден 06.11.2018 година;

-          Извод за промени на состојбата на средствата на сметка на ден 29.10.2018 година;

-          Извод за промени на состојбата на средствата на сметка на ден 16.09.2016 година;

-          Извод за промени на состојбата на средствата на сметка на ден 19.09.2018 година;

-          Извод за промени на состојбата на средствата на сметка на ден 20.11.2015 година;

-          Број на трансакциска картичка со приемен печат на извршител А. Т.на ден 07.08.2018 година;

-          Известување од извршител А. Т. преку полномошник адвокат Е. Б.Ш. од С. до ДК на КИРМ од ден 17.12.2018 година.

 

Дисциплинската комисија на КИРМ на одржан главен претрес, ги разгледа наводите изнесени во предлогот, па ценејќи ги сите докази одделно и заедно,  ја утврди следната фактичка положба:                       На ден 30.12.2014 година извршителот примил барање за извршување од доверителот Б. Т.од с. Н.- В., Р.С. поднесено преку полномошник адвокат В. С. од С. по кое бил оформен предмет И.бр.1791/14, врз основа на извршна исправа Пресуда на Основен суд С. 2 С. VI.П.бр.3864/95 од 28.10.2004 година, за наплата на парично побарување во износ од 5.180 евра во денарска противредност на еврото по среден курс на НБРМ на денот на исплатата со камата што се исплатува на штедните влогови по видување во земјата на домицилната валута во денарска противредност и тоа сметано од 27.11.1995 година до 31.12.2001 година согласно каматата што се исплатува на германската марка, а од 01.01.2002 година согласно каматата што се исплатува на еврото се до конечната исплата, како и да му ги надомести трошоците на постапката во износ од 90.580,00 денари а се во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата.                                                                                                                                                      На ден 17.03.2015 година извршителот издал Налог за извршување врз основа на член 129 од ЗИ со кој е определена забраната на 1/3 од пензијата што должникот С. Н. ја прима од Фондот за ПИОМ, за наплата на парично побарување во вкупен износ од 601.956,00 денари и тоа: главен долг во износ од 313.650,00 денари, трошоци во постапка по извршна исправа во износ од 90.580,00 денари, камата на трошоците во постапката по извршната исправа во износ од 145.229,00 денари, адвокатски трошоци во износ од 5.200,00 денари, трошоци на извршувањето кои ќе бидат определени по спроведување на извршувањето со посебен заклучок, а кои до издавањето на овој налог изнесуваат 40.082,00 денари и 7.215,00 денари на име 18 % ДДВ на извршни трошоци за извршител.

 Во налогот за извршување извршителот не пресметал камата на главниот долг, иако со извршната исправа определена е наплата на каматата на главниот долг и не преземал извршни дејствија за наплата на каматата на главниот долг со што постапил спротивно на член 18 и 28 став 5 и 6 од ЗИ.          Извршителот во текот на надзорот дал целосно неточни податоци за состојбата со наплата по извршниот предмет, кои се контрадикторни на фактичката состојба утврдена од списите на предметот И.бр.1791/14. Имено, видно од Извештај УПП.бр.09-339 од 19.11.2018 година, извршителот дал неточни податоци пред Комисијата, дека предметот е завршен во 2017 година и дека е целосно наплатен, како и дека на неговата посебна сметка има 300.000,00 денари од реализираното извршување, иако од списите на предметот било констатирано дека по налогот за извршување биле наплатени само 108.092,00 денари, што значи дека предметот не бил завршен, не биле наплатени трошоците на постапката со камата и главниот долг со камата. Извршителот дал неточни податоци, дека паричните средства не можел веднаш да ги префрли на трансакциската сметка на доверителот бидејќи исплатата морала да оди сукцесивно со помали износи, поради поедноставна процедура на трансфер на парите. Исто така извршителот дал неточни податоци, дека немал податоци за трансакциската сметка на доверителот се до август 2018 година, од причина што уште во 2016 година на ден 16.09.2016 година видно од Извод бр. 182 за промените и состојбата на средствата на сметката на ден 16.09.2016 година а испринтан од страна на извршителот на ден 19.09.2016 година, префрлил на трансакциска сметка на доверителот износ од 12.800,00 денари, што значи дека извршителот имал податоци за трансакциската сметка на доверителот уште во 2016 година. Извршителот дал неточни податоци дека на полномошникот на доверителот му префрлил 5.200,00 денари на име адвокатски трошоци и на име трошоци на постапката 90.580,00 денари со камата во износ од 145.229,00 денари иако од списите на предметот произлегува дека на полномошникот на доверителот му префрлил само 5.200,00 денари со што постапил спротивно на член 55 став 4 од ЗИ. Во предметот И.бр.1791/14 биле приложени Списоци на должници по доверители за кои извршителот навел дека биле од Фондот за ПИОМ а од кои било видно дека на должникот С. Н.во периодот од мај 2015 година до септември 2017 година му била извршена задршка од пензијата по предметот И.бр.1791/14 во вкупен износ од 108.092,00 денари и тоа во 2015 година износ од 33.316,00 денари, во 2016 година износ од 34.136,00 денари и во 2017 година износ од 40.640,00 денари. Видно од изводи од сметка, вкупно 9, на извршителот за извршни трошоци му биле префрлени парични средства во вкупен износ од 37.000,00 денари и тоа на ден 18.06.2015 година износ од 4.000,00 денари, на ден 07.08.2015 година износ од 4.000,00 денари, на ден 24.08.2015 година износ од 4.000,00 денари, на ден 24.09.2015 година износ од 4.000,00 денари, на ден 27.10.2015 година износ од 4.200,00 денари, на ден 23.11.2015 година износ од 4.200,00 денари, на ден 22.12.2015 година износ од 4.200,00 денари, на ден 20.01.2016 година износ од 4.200,00 денари и на ден 22.02.2016 година износ од 4.200,00 денари. На адвокат В.С. на ден 23.03.2016 година му бил префрлен износ од 4.200,00 денари и на ден 30.05.2016 година износ од 1.000,00 денари односно вкупен износ од 5.200,00 денари. Видно од изводите на сметка на трансакциската сметка на доверителот број ------ му биле префрлени средства во вкупен износ од 42.800,00 денари и тоа на ден 16.09.2016 година износ од 12.800,00 денари а на ден 19.09.2018 година износ од 10.000,00 денари и на денот на надзорот 29.10.2018 година уште износ од 20.000,00 денари.                                                                                           Извршителот до ден на надзорот 29.10.2018 година од вкупно пристигнатите парични средства во предметот И.бр.1791/14 во износ од 108.092,00 денари, распределил само 85.000,00 денари, и со тоа  предметот не го завршил и не ги наплатил трошоците на постапката со камата и главниот долг со камата.       Извршителот не ја водел уредно електронската евиденција, од причина што извршниот предмет И.бр.1791/14 не го скенирал со што извршителот постапил спротивно на член 3 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на Уписникот за примените барања за извршување.           Извршителот за предметот И.бр.1791/14 немал евиденција за наплатена награда и други трошоци за работата на извршителите, со што постапил спротивно на член 45 од ЗИ.                                                        По извршениот надзор од страна на Комисијата при Министерството за правда истата го задолжила извршителот во рок од два дена да достави до министерството копија од изводи од посебната сметка како доказ на своите тврдења, дека на ден 29.10.2018 година му префрлил на доверителот 20.000,00 денари како и изводи од сметка со кои се докажува дека на полномошникот на доверителот му се пренесени трошоците на постапката со камата. Извршителот не постапил по задолжението, односно не ги доставил бараните изводи од посебната сметка до министерството. Извршителот по истекот на рокот на ден 06.11.2018 година доставил само Извод бр. --- од 29.10.2018 година од кој било видно дека на денот на надзорот 29.10.2018 година, извршителот префрлил на сметката на доверителот 20.000,00 денари.         Комисијата дополнително телефонски и по електронска пошта на ден 07.11.2018 со ургенција, побарала од извршителот да ги достави сите изводи од посебната сметка за задршката од пензијата на должникот, скенирани по емаил во текот на денот на кој била доставена ургенцијата -07.11.2018 година, видно од е-маил комуникација од А.С. до А.Т. од ден 07.11.2018 во 10.45 часот, меѓутоа извршителот не ги доставил бараните податоци , на начин и во дадениот рок, со што постапил спротивно на член 55 став 4 од ЗИ, член 7 став 3 и 4 и член 9 од Правилникот за начинот на вршење на надзор над работата на Комората на извршители на РМ и на извршителите.                                                                                            На ден 13.11.2018 година извршител А. Т. со поднесок доставил до Министерството за правда уплати во врска со предмет И.бр.1791/14 за должникот Н. С. извршени преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, и тоа списоци за месец 05.2015, 06.2015, 07.2015, 08.2015- со месечни задршки во износ од 4062,00 денари; за месец 09.2015, 10.2015, 11.2015, 12.2015- со месечни задршки во износ од 4.267,00 денари; списоци за месец 01.2016, 02.2016, 04.2016, 05.2016, 06.2016, 07.2016, 08.2016, 10.2016 -со месечни задршки во износ од 4267,00 денари; списоци за месец 01.2017 и 02.2017 -со месечни задршки во износ од 4.483,00 денари; списоци за месец 03.2017, 04.2017, 05.2017, 06.2017, 07.2017, 08.2017, - со месечни задршки во износ од 4520,00 денари и список за месец 09.2017 година за задршка во износ од 4.554,00 денари, односно доказ за 25 спроведени месечни задршки од пензијата на должникот во вкупен износ од 108.092,00 денари.                                                                                                                    Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РМ одлучувајќи по повод основаноста на наводите опишани во точка 1 од Предлогот за поведување дисциплинска постапка утврди дека извршителот ја сторил дисциплинската повреда: незаконски располага со материјалните средства што ги прибавил во текот на извршувањето по член 66 став 1 алинеја 12 од ЗИ, на начин што при спроведување на извршувањето по предметот И.бр.1791/14, не ги распределил сите парични средства кои биле наплатени од пензијата на должникот, а се наоѓале на посебната сметка на извршителот, односно од вкупно пристигнатите парични средства на посебната сметка на извршителот во износ од 108.092,00 денари, извршителот распределил само износ од 85.000,00 денари, и тоа на начин што 20.000,00 денари префрлил на сметката на доверителот на денот на надзорот 29.10.2018 година, иако последната задршка од пензијата на должникот  била во септември 2017 година, со што извршителот постапил спротивно на член 36 став 5 од ЗИ в.в. член 40 став 1 алинеја 8 од ЗИ. Дисциплинската комисија е на мислење дека извршителот располагал незаконски со материјалните средства кои ги прибавил во текот на извршувањето со тоа што не ги распределил сите наплатени средства ниту го почитувал законски предвидениот редослед на намирвање на начин што од вкупно пристигнатите парични средства на посебната сметка на извршителот во износ од 108.092,00 денари, распределил само 85.000,00 денари, од кои 20.000,00 денари префрлил на сметката на доверителот на денот на надзорот 07.11.2018 година, иако последната задршка од пензијата на должникот  била во септември 2017 година.                                                Дисциплинската комисија при КИРМ одлучувајќи по повод основаноста на наводите опишани во точка 2 од Предлог за поведување дисциплинска постапка, утврди дека извршителот ја сторил дисциплинската повреда која му се става на товар по член 65 став 1 алинеја 5  не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзорот, на начин штово текот на надзорот дал целосно неточни податоци за состојбата со наплата по извршниот предмет, кои се контрадикторни на фактичката состојба утврдена од списите на предметот И.бр.1791/14. Имено извршителот дал неточни податоци пред Комисијата, дека предметот е завршен во 2017 година и дека е целосно наплатен, како и дека на неговата посебна сметка има 300.000,00 денари од реализираното извршување, иако од списите на предметот констатирано е дека по налог за извршување се наплатени само 108.092,00 денари што значи дека предметот не е завршен, не се наплатени трошоците на постапката со камата и главниот долг со камата. Извршителот дал неточни податоци, дека паричните средства не можел веднаш да ги префрли на трансакциската сметка на доверителот бидејќи исплатата морала да оди сукцесивно со помали износи, поради поедноставна процедура на трансфер на парите. Исто така извршителот дал неточни податоци, дека немал податоци за трансакциската сметка на доверителот се до август 2018 година, од причина што уште во 2016 година на ден 16.09.2016 година префрлил на трансакциската сметка на доверителот износ од 12.800,00 денари, што значи  дека извршителот имал податоци за транскциската сметка на доверителот уште во 2016 година. Дисциплинската комисија при КИРМ, видно од Извод од посебна сметка на извршителот од датум 16.09.2016 година како и копие од трансакциска сметка со примен печат на извршителот од 07.08.2018 година, утврди дека неспорно станува збор за ист број на трансакциска сметка во иста банка и тоа на име на доверителот Б. Т.со ИБАН број------ во Ц.к. б. АД С., која извршителот неспорно ја поседувал и при првата уплата на средства на доверителот на датум 16.09.2016 година, односно околу две години пред доверителот да достави копие на 07.08.2018 година до канцеларијата на извршителот. ДК при КИРМ утврди дека извршителот дал неточни податоци на Комисијата, дека на полномошникот на доверителот му префрлил 5.200,00 денари на име адвокатски трошоци и на име трошоци на постапката 90.580,00 денари со камата во износ од 145.229,00 денари иако од списите на предметот произлегува дека на полномошникот на доверителот му префрлил само 5.200,00 денари со што постапил спротивно на член 55 став 4 од ЗИ.  Дисциплинската комисија на КИРМ одлучувајќи по повод основаноста на наводите опишани во точка 3 од Предлогот за поведување на дисциплинска постапка утврди дека извршителот ја сторил дисциплинската повреда која му се става на товар од член 65 став 1 алинеја 17 од Законот за извршување:,, не преземал дејствија по барањето за извршувањена начин што, не пресметал камата на главниот долг во Налогот за извршување И.бр.1791/14 од 17.03.2015 година, иако во извршната исправа е досудена и камата на главниот долг, која доверителот ја побарувал со барањето за извршување, и не преземал никакви дејствија за наплата на каматата на главниот долг, со што постапил спротивно на член 18 и член 28 став 5 и 6 од ЗИ.                                                                                Дисциплинската комисија на КИРМ одлучувајќи по повод основаноста на наводите опишани во точка 4 од Предлогот за поведување на дисциплинска постапка утврди дека извршителот ја сторил дисциплинската повреда која му се става на товар од член 65 став 1 алинеја 5 од Законот за извршување:,, не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзоротна начин што, извршителот не постапил по задолжението од Комисијата, да достави изводи од посебната сметка во рок од 2 дена од денот на извршениот надзор, во поткрепа на своите тврдења дека на полномошникот на доверителот му се исплатени трошоците на постапката во износ од 90.580,00 денари со камата во износ од 145.229,00 денари, ниту ги доставил сите изводи од посебната сметка за задршката од пензијата на должникот по предметот И.бр.1791/14, со што извршителот постапил спротивно на член 55 став 4 од ЗИ, член 7 став 3 и 4 и член 9 од Правилникот за начинот на вршење на надзор над работата на Комората на извршители на РМ и извршителите ( Сл. Весник на РМ бр. 226/16).                                                                                             По повод наводите опишани во точка 5 од Предлогот за поведување на дисциплинска постапка, ДК на КИРМ утврди дека извршителот ја сторил дисципинската повреда која му се става на товар од член 64 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување:,, неуредно и неточно ја води евиденцијата која извршителот е должен да ја води, а која не засега во правата на странкитена начин што, не ја водел уредно електронската евиденција, од причина што, извршниот предмет И.бр.1791/14 не го скенирал, со што извршителот постапил спротивно на член 3 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на Уписникот за примените барања за извршување ( „Службен весник на РМ “бр. 226 од 30.12.2016) .                                                                                                                           Дисциплинската комисија на КИРМ по повод наводите опишани во точка 6 од Предлогот за поведување на дисциплинска постапка утврди дека извршителот ја сторил дисциплинската повреда која му се става на товар од член 65 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување:,, не води евиденција за наплатена награда и други трошоци согласно со овој закон и подзаконските актина начин што за предметот И.бр.1791/14 немал евиденција за наплатена награда и други трошоци за работата на извршителите, со што постапил спротивно на член 45 од ЗИ .                                                      Дисциплинската комисија на КИРМ при одлучувањето ги ценеше доказите во списи во предмет и тоа :Уписник за примени барања за извршување -електронски уписник од датум 29.10.2018 година  од 11.29 часот за И.бр.1791/14, Список на изработени документи за предмет И.бр.1791/14, од електронски уписник за примени барања од 29.10.2018 година од 11.30 часот и Исплата по предмет за плаќање во повеќе наврати од Програма за водење на евиденција за примени барања за извршување од 29.10.2018 година 11.31 часот, но истите не влијаеа за поинакво одлучување од причина што, видно од списокот на изработени документи во електронската евиденција на извршителот се заведени два документи и тоа Налог за извршување по член 129 од ЗИ со датум 06.02.2015 година и документ Претставка 1791 а видно од делот „очекувани средства “ во полето за извршни трошоци извршителот изразил трошоци за извршни дејствија во висина од 1.230,00 денари како и цена за администрирање од 2.768,00 денари односно вкупно за наплата 3.998,00 денари и ддв во износ од 720,00 денари иако во Налогот за извршување од И.бр.1791/14 од 17.03.2015 година извршителот определил извршни трошоци до ден на издавање на налогот во висина од 40.082,00 денари и ддв на извршни трошоци во износ од 7.215, денари. Дисциплинската комисија при КИРМ утврди дека извршителот ја сторил повредата која му се става на товар во точка 6 од Предлогот и од причина што видно од изводи од сметка, вкупно 9, на извршителот за извршни трошоци му биле префрлени парични средства во вкупен износ од 37.000,00 денари а кои уплати извршителот иако ги примил на својата сметка не ги евидентирал во електронската евиденција туку напротив полето „Наплатено“ во електронскиот уписник со ставки „администрирање“, „извршни дејствија“, „материјални трошоци“, „награда“ и „вкупно“ е целосно непополнето за предметниот И.бр. 1791/14, со што извршителот постапил спротивно на член 45 од Законот за извршување.                                  Како во преземените дејствија од страна на извршителот се содржини сите битни елементи нa дисциплинските повреди по член 66 став 1 алинеја 12 од Законот за извршување:,, незаконско располага со материјалните средства што ги прибавил во текот на извршувањето по член 65 став 1 алинеја 15 од Законот за извршување:,,не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзорот по член 65 став 1 алинеја 17 од Законот за извршување:,, не преземал дејствија по барањето за извршување по член 65 став 1 алинеја 5 од Законот за извршување:,, не дава или дава неточни податоци за цели на вршење на надзорот, по член 64 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување:,, неуредно и неточно ја води евиденцијата која извршителот е должен да ја води, а која не засега во правата на странките и по член 65 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување:,, не води евиденција за наплатена награда и други трошоци согласно со овој закон и подзаконските акти, ДК при КИРМ го огласи за виновен извршителот А.Т.и за дисциплинската повреда по член 66 став 1 алинеја 12 од Законот за извршување му се изрече мерка Трајно одземање на правото за вршење на должноста извршител, за  дисциплинска повреда по член 65 став 1 алинеја 5  од Законот за извршување  му се изрече дисциплинска мерка Парична казна во висина од 2.500 евра во денарска противредност по среден курс на НБРМ на ден на изрекување, за дисциплиска повреда по член 65 став 1 алинеја 17 од Законот за извршување му се изрече дисциплинска мерка Парична казна во висина од 2.500 евра во денарска противредност по среден курс на НБРМ на ден на изрекување, за дисциплинска повреда по член 65 став 1 алинеја 5 му се изрече дисциплинска мерка Парична казна во висина од 2.500 евра во денарска противредност по среден курс на НБРМ на ден на изрекување,  за дисциплинска повреда по член 64 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување му се изрече дисциплинска мерка Парична казна во висина од 1.000 евра во денарска противредност по среден курс на НБРМ на ден на изрекување и за дисциплинска повреда по член 65 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување му се изрече дисциплинска мерка Парична казна во висина од 3.500 евра во денарска противредност по среден курс на НБРМ на ден на изрекување па врз основа на секоја утврдена поединечна дисциплинска мерка му се одмери единствена дисциплинска мерка Трајно одземање на правото на вршење на должноста извршител.                                                                                                                                        Дисциплинската комисија при КИРМ, при определување на видот и висината на дисциплинската санкција ги ценеше сите олеснителни и отежнителни околности, а пред се особено отежнителната околност што извршителот предходно е дисциплински казнуван и тоа со Решение ДП бр. 2/17 од 03.11.2017 година и Решение ДП бр. 12-4-1 од 29.08.2018 година на Дисциплинска комисија на КИРМ, a при одмерување на казната ја имаше предвид олеснителната околност дека сепак, по истек на рокот даден на записник, извршителот делумно постапил по задолжението на Комисијата и доставил до министерството на ден 13.11.2018 година поднесок со списи за месечните задршките од пензијата на должникот .                                                                                                                                                          ДК при КИРМ како отежнителни околности ги зема во предвид и тежината на дисциплинските повреди, однесувањето на извршителот за време на надзорот и дисциплинската постапка, околноста дека извршителот незаконито располагал со материјалните средства што ги прибавил во текот на извршувањето, околноста дека на Комисијата не дал односно дал неточни податоци за цели на вршење на надзорот, потоа околноста дека не преземал дејствија по барањето за извршување со цел наплата на споредните побарувања на име камата, неуредно и неточно ја водел евиденцијата која е должен да ја води а не засега во правата на странките и околноста дека не водел евиденција за наплатена награда и други трошоци согласно Законот за извршување и подзаконските акти. Дисциплинската комисија смета дека со ваквата казна ќе се постигнат целите на генералната и специјалната превенција.                                        Согласно наведеното, ДК при КИРМ е на мислење дека извршителот бил должен материјалните средства кои ги прибавил во текот на извршувањето по предметот И.бр.1791/14 да ги распредели согласно Законот за извршување. Со таквото постапување, извршителот постапил спротивно на одредбите од член 36 став 5 од Законот за извршување а во кои е предвидено:,, Извршителот е должен парите од реализираните извршувања кои се наоѓаат на посебната сметка, да ги пренесе на сметка на доверителот веднаш, односно првиот следен работен ден по реализираното извршување, но не подолго од 15 дена од денот на реализираното извршување во случај на негова болест или други оправдани причини”, в.в. член 40 став 1 алинеја 8 од Законот за извршување а со кое е предвидено:,, извршителот распределува средства од извршување”.                                                                                                                                           Со преземените дејствија од страна на извршителот А. Т., Дисциплинската комисија при КИРМ е на став дека ја сторил дисциплинската повреда која му се става на товар на начин што, постапил спротивно на предвиденото член 55 став 4 од Законот за извршување:,, При вршењето на надзорот извршителот е должен да овозможи пристап до просториите, книгите, предметните списи и целокупната евиденција и истиот одговора за точноста на податоците и списите презентирани при надзорот”. Понатаму, извршителот дал неточни податоци пред Комисијата, дека предметот го завршил во 2017 година и дека истиот целосно го наплатил, како и дека на неговата посебна сметка имало 300.000,00 денари од реализираното извршување, иако од списите на предметот било констатирано  дека по налог за извршување биле наплатени само 108.092,00 денари што значи дека предметот не бил завршен, не биле наплатени трошоците на постапката со камата и главниот долг со камата.  Исто така, извршителот дал неточни податоци, дека паричните средства не можел веднаш да ги префрли на транскациската сметка на доверителот бидејќи исплатата морала да оди сукцесивно со помали износи, поради поедноставна процедура на трансфер на парите. Извршителот дал неточни податоци, дека немал податоци за трансакциската сметка на должникот се до август 2018 година, од причина што уште во 2016 година на ден 16.09.2016 година префрлил на трансакциската сметка на должникот износ од 12.800,00 денари, што значи  дека извршителот имал податоци за транскциската сметка на должникот уште во  2016 година. Крајно, извршителот дал неточни податоци, дека на полномошникот на доверителот му префрлил 5.200,00 денари на име адвокатски трошоци и на име трошоци на постапката 90.580,00 денари со камата во износ од 145.229,00 денари иако од списите на предметот произлегува дека на полномошникот на доверителот му префрлил само  износ од 5.200,00 денари.                                                                                   Воедно, ДК на КИРМ е на мислење дека извршителот бил должен да постапи по задолжението на овластената Комисија од Министерство за правда на РМ и да достави изводи од посебната сметка во рок од 2 дена од денот на извршениот надзор, во поткрепа на своите тврдења дека на полномошникот на доверителот му биле исплатени трошоците на постапката во износ од 90.580,00 денари со камата во износ од 145.229,00 денари, но истиот не  ги доставил сите изводи од посебната сметка за задршката од пензијата на должникот по предметот И.бр.1791/14, со што постапил спротивно на предвиденото со член 55 став 4 од Законот за извршување:,, При вршењето на надзорот извршителот е должен да овозможи пристап до просториите, книгите, предметните списи и целокупната евиденција и истиот одговора за точноста на податоците и списите презентирани при надзорот в.в. член 7 став 3 и 4 и член 9 од Правилникот за начинот на вршење надзор над работата на Комората на извршители на РМ и на извршителите:,, По барање на овластените лица кои го вршат надзорот, извршителот доставува дополнителни копии од документите кои ги поседува доколку овлатените лица сметаат дека се потребни за изготвување на извештајот за надзор”, ,, По барање на овастените лица кои го вршат надзорот извршителот дава писмено или усно објаснување во врска со прашања кои се однесуваат на надзорот и приложуваат соодветни докаи во поткрепа на објаснувањето”, ,, Извршителот во перодот определен во записникот за надзор го известуваат Министерството за правда за преземените дејствија за отстранување на констатираните недостатоци и приложуваат доказ за постапувањето”.                                        Дисциплинската комисија на КИРМ е на мислење дека извршителот по предметот И.бр.1791/14 бил должен да ја пресмета каматата на главниот долг односно во Налогот за извршување врз основа на член  129 од ЗИ од ден 17.03.2015 година од причина што, во извршната исправа била определена камата на главниот долг, но истиот не преземмал никакви дејствија па оттаму постапил спротивно на предвиденото со член  18 став 1 од Законот за извршување:,, Кога во извршната исправа е определена наплата на камата од должникот истата се пресметува и наплатува до денот на исплатата на средствата на посебната сметка на извршителот”, в.в. член  28 став 5 и 6 од Законот за извршување:,, извршителот е должен да постапува по барањето за извршување и со врачувањето на извршната исправа чие извршување се бара, извршителот е овластен да избере средства на извршување и предмети на должникот заради целосно извршување на извршната исправа”.                                                                                                     ДК на КИРМ е на мислење дека извршителот бил должен уредно да ја води електронската евиденција односно да го скенира извршниот предмет И.бр.1791/14 од причина што, согласно член 3 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на Уписникот за примените барања за извршување е предвидено: ,, Уписникот се води на софтвер кој овозможува следење на секој поединечен внес на податоци, заштитен од неовластени измени согласно прописите за електронска зашитата на податоци. Во Уписникот се внесуваат истоветни податоци со податоците содржани во списите, за секое поединечно преземено дејствие во предметот и сите списи од предметот во скенирана форма. По исклучок од ставот 2 на овој член, доколку кон извршната исправа која е основ за поднесување на барањето за извршување се доставени прилози, се скенира само извршната исправа”.                               ДК при КИРМ е на мислење дека извршителот бил должен извршното дејствие согласно член 40 став 1 алинеја 8 од ЗИ : „распределува средства од извршување“, како и извршното дејствие по член 40 став 1 алиенеја 16 од ЗИ : „ дава известување за состојба на предмет по барање на странките“, да го превзема совесно и ажурно, водејќи сметка дека станува збор за извршно дејствие за кое е овластен по закон да го превзема, па од таа причина е должен да води уредна и навремена евиденција за секое превземено дејствие согласно своите законски овластувања.                                                                             Дисциплинската комисија при КИРМ на ден 17.12.2018 година согласно член 60 став 1 в.в член 62 став 1 точка  д), и в.в. со член 68 став 8 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/16 и бр.142/16) одлучи како во изреката на ова решение.

                                                                                   

КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РМ

ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА              Претседател,                         

Николче Диневски

 

                        -----------------------------

 

 

 

Правна поука : против оваа одлука извршителот има право на правна заштита со поведување на управен спор пред Управен суд на РМ во рок од 30 дена по приемот

 

Дн:       Министерство за правда на РМ

  Извршител А. Т. С.

  Претседател на КИРМ

  Архива