ДП.бр.12-04-6

Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РМ (подолу како ДК при КИРМ) во состав од Николче Диневски извршител, како Претседател на Дисциплинска комисија и Ванчо Марковски извршител, како член-известител на Дисциплинска Комисија, судија Владимир Панчевски Основен суд Скопје 1 Скопје, судија Улбер Хасани Основен суд Скопје 2 Скопје и Јасна Жежова од Совет на Јавните обвинители, како членови на Дисциплинска Комисија и Кристина Терзиевска Вучевска како записничар, постапувајќи по Предлогот за поведување на дисциплинска постапка УПП.бр.12-04-6 од 19.10.2018 година на Претседател на Комората на извршители на РМ, во отсуство на извршителот, по одржан главен претрес, на ден 17.12.2018 година, го донесе следното

 

                                                                        РЕШЕНИЕ

 

СЕ ОГЛАСУВА ЗА ВИНОВЕН извршител В. К.именуван за подрачјето на Основен суд К., Основен суд К. и Основен суд К. П.

 

ЗАТОА ШТО:

 

Извршителот  В. К. од К. по истек на рокот определен со Правилникот за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот писмен извештај за работата на извршителот донесен на седница на вонредно собрание на КИРМ одржано на ден 20.06.2016 година и изменет и дополнет на седница на вонредно Собрание на ден 30.10.2016 година, не го доставил Извештајот за кварталниот период од 01.04.2018 година до 30.06.2018 година, со рок за достава до 10.07.2018 година, до Комората на извршители на РМ

со што сторил дисциплинска повреда,, не ги исполнува обврските определени со актите на Комората”  по член 64 став 1 алинеја 4 од Законот за извршување ( Службен весник на РМ бр. 72/16 и бр. 142/16)  па согласно чл. 62 став 1 т.в) од ЗИ му се изрекува дисциплинска мерка

                                                ПАРИЧНА КАЗНА

во висина од -------- евра во денарска противредност според среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на изрекувањето.

и сторил дисциплинска повреда ,, ненавремено и/или неточно ги доставува извештаите за неговата работа утврдени со Законот за извршување” по член 64 став 1 алинеја 9 од Законот за извршување ( Службен весник на Р. Македонија бр. 72/16 и бр. 142/16) па согласно чл. 62 став 1 т.в) од ЗИ му се изрекува дисциплинска мерка

ПАРИЧНА КАЗНА

во висина од ------- евра во денарска противредност според среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на изрекувањето.

Врз основа на член 21 став 3 од Правилникот за дисциплинска одговорност и дисциплинска постапка од 20.06.2016 година, со примена на правилата за стек, на извршител В.К. од К. му се изрекува  единствена дисциплинска мерка

ПАРИЧНА КАЗНА

во висина од  -------- евра во денарска противредност по среден курс на Народна банка на РМ на ден на изрекувањето

СЕ ЗАДОЛЖУВА извршителот В. К. од К. изречената парична казна во висина од ---------- евра во денарска протвредност според среден курс на НБРМ од ова решение да ја плати во рок од 15 дена од приемот на решението а под страв на присилно извршување.

Образложение

 

            На ден 19.10.2018 година Претседателот на Комората на извршители на РМ даде Предлог за поведување на дисциплинска постапка против извршителот В. К.именуван за подрачјето на Основен суд К., Основен суд .П. и Основен суд К..

Предлогот за поведување дисциплинска постапка УПП.бр.12-04-6 е поднесен против извршител В. К. од К. за сторена повреда по член 64 став 1 алинеја 4 од Законот за извршување ,,не ги исполнува обврските определени со актите на Комората и за сторена дисциплинска повреда по член 64 став 1 алинеја 9 од Законот за извршување  ,,  ненавремено и/или неточно ги доставува извештаите за неговата работа утврдени со Законот за извршување”. Во предлогот се наведува дека извршителот по истек на рокот определен со Правилникот за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот писмен извештај за работата на извршителот донесен на седница на вонредно собрание на КИРМ одржано на ден 20.06.2016 година и изменет и дополнет на седница на вонредно Собрание на ден 30.10.2016 година, не го доставил Извештајот за својата работа со рок за достава до 10.07.2018 година за кварталниот период од 01.04.2018 година до 30.06.2018 година.

Предлагачот смета дека извршителот со таквите дејствија постапил спротивно на член 2 став 1 од Правилник за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот извештај за работа на извршителот од 30.10.2016 година според кој: ,,Кварталниот извештај за работа на извршителот, се доставува 4 ( четири) пати во годината во електронска форма, до Министеството за правда и Комората на извршители на Република Македонија најдоцна во рок од 10 дена по истекот на кварталот и тоа за квартален период од  01.04.2018 година до 30.06.2018 година ( рок за достава 10.07.2018 година)”            .                                                                        Претседателот на КИРМ сметајќи дека извршителот В. К. од К. сторил дисциплинска повреда по член 64 став 1 алинеја 4 од Законот за извршување ,,не ги исполнува обврските определени со актите на Комората и дисциплинска повреда по член 64 став 1 алинеја 9 ,,  ненавремено и/или неточно ги доставува извештаите за неговата работа утврдени со Законот за извршување” предлага Дисциплинската комисија при КИРМ да поведе дисциплинска постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на извршител В.К.и да му изрече соодветна санкција во согласност со одредбите од Законот за извршување.                                           На одржан главен претрес на Дисциплинската комисија при КИРМ на ден 17.12.2018 година се утвди дека обвинетиот извршител В. К.од К. на ден 14.12.2018 година и на ден 17.12.2018 година до Дисциплинската комисија на КИРМ доставил Известување во кое наведува дека не може да присуствува на главен претрес од причина што, од страна на Основен суд К. бил повикан како сведок по предмет II П-4 бр.----- на ден 17.12.2018 година во 14:00 часот и преку електронска пошта доставил покана од судот и слика од закажано судење од официјална веб страница на Основен суд К.                                                                                Дисциплинската комисија на главен претрес одржан на ден 17.12.2018 година утврди дека постојат услови за одржување на закажаниот главен претрес од причина што, извршителот В. К. уредно го примил Предлогот за поведување на дисциплинска постапка ДП бр. 12-4-6 од 19.10.2018 година на Претседател на КИРМ како и поканата за главен претрес и дал своја писмена одбрана по повод наводите истакнати во предлогот.                                        Во писмен одговор од ден 14.11.2018 година извршителот В. К. наведе дека дека на ден 14.11.2018 година по електронска пошта го испратил бараниот извештај до Комората на извршители на РМ поради преголема зафатеност на извршителот во судот како и тековните работи кои истиот ги извршувал. Во наведениот период извршителот имал недостаток од административен персонал кој ја извршувал техничката работа во канцеларијата на извршителот односно во периодот од 15.08.2018 година до 11.09.2018 година бил без административен персонал. Извршителот наведува дека сега имал нови вработени и голем дел од работата била средена како и дека со оглед на тоа дека до сега извештаите биле изработувани со должно внимание и одговорност на извршителот, бара од Претседателот на КИРМ да го отфрли предлогот за покренување на дисциплинска постапка, со одговорност дека во иднина нема да се случи ваков пропуст.

Дисциплинската комисија на КИРМ на одржан главен претрес на ден 17.12.2018 година, ги дозволи и изведе следните докази:

-          Одговор на предлог за поведување на дисциплинска постапка од извршител В.К. од ден 14.11.2018 година;

-          Ургенција за исправка и достава на квартален извештај согласно Правилник за форма и содржина на извештај за работа на извршител од КИРМ од ден 13.07.2018 година до извршител В. К. во електронска форма;

-          Ургенција за исправка и достава на квартален извештај согласно Правилник за форма и содржина на извештај за работа на извршител од КИРМ од ден 27.07.2018 година до извршител В. К.во електронска форма;

-          Ургенција за исправка и достава на квартален извештај согласно Правилник за форма и содржина на извештај за работа на извршител од КИРМ од ден 03.08.2018 година до извршител В. К.во електронска форма;

-          Ургенција за исправка и достава на квартален извештај согласно Правилник за форма и содржина на извештај за работа на извршител од КИРМ од ден 08.08.2018 година до извршител В.К. во електронска форма;

-          Ургенција за исправка и достава на квартален извештај согласно Правилник за форма и содржина на извештај за работа на извршител од КИРМ од ден 14.08.2018 година до извршител В. К. во електронска форма;

-          Ургенција за исправка и достава на квартален извештај согласно Правилник за форма и содржина на извештај за работа на извршител од КИРМ од ден 21.08.2018година до извршител В. К.во електронска форма;

-          Ургенција за исправка и достава на квартален извештај согласно Правилник за форма и содржина на извештај за работа на извршител од КИРМ од ден 20.09.2018 година до извршител В.К. во електронска форма;

-          Ургенција за исправка и достава на квартален извештај согласно Правилник за форма и содржина на извештај за работа на извршител од КИРМ од ден 12.10.2018 година до извршител В. К.во електронска форма;

-          Известување од извршител В. К. од ден 14.12.2018 година и 17.12.2018 година до Дисциплинска комисија на КИРМ

Дисциплинската комисија на КИРМ на одржан главен претрес, ги разгледа наводите изнесени во предлогот, писмената одбрана на извршителот, па ценејќи ги сите докази одделно и заедно, ја утврди следната фактичка положба:

            Извршителот В. К. од К. по истек на рокот определен со Правилникот за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот писмен извештај за работата на извршителот донесен на седница на вонредно Собрание на КИРМ одржано на ден 20.06.2016 година и изменет и дополнет на седниица на вонредно Собрание на КИРМ на ден 30.10.2016 година, не го доставил Извештајот за својата работа со рок за достава до 10.07.2018 година за кварталниот период од 01.04.2018 година до 30.06.2018 година.                                               Комората на извршители на РМ во повеќе наврати по електронски пат го известила извршителот В. К. дека е потребно да достави квартален извештај согласно Правилникот и тоа на ден 13.07.2018 година, на ден 27.07.2018 година, на ден 03.08.2018 година, на ден 08.08.2018 година, на ден 14.08.2018 година, на ден 21.08.2018 година, на ден 29.09.2018 година и на ден 12.10.2018 година а по кои известувања извршителот не постапил.    Извршителот на ден 14.11.2018 година по електронски пат до КИРМ доставил Квартален извештај за период од 01.04.2018 година до 30.06.2018 година, поради преголема зафатеност на извршителот во судот и тековните работи кои истиот ги извршување. Во тој период кога требал да го достави бараниот Квартален извештај, извршителот имал недостаток од административен персонал кој ја извршувал техничката работа во канцеларијата односно во периодот од 15.08.2018 година до 11.09.2018 година бил без административен персонал но сега имал нови вработени и голем дел од работата била средена. Извршителот прифаќа дека во иднина немал да стори ваков пропуст.

Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РМ одлучувајќи по повод основаноста на наводите од Предлогот за поведување дисциплинска постапка утврди дека извршителот сторил дисциплинска повреда ,,не ги исполнува обврските определени со актите на Комората по член 64 став 1 алинеја 4 од ЗИ и сторил дисциплинска повреда по член 64 став 1 алинеја 9 ,, ненавремено и/или неточно ги доставува извештаите за неговата работа утврдени со Законот за извршување”, на начин што извршителот по истек на рокот определен со Правилникот за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот писмен извештај за работата на извршителот донесен на седница на вонредно собрание на КИРМ одржано на ден 20.06.2016 година и изменет и дополнет на седница на вонредно Собрание на ден 30.10.2016 година, до Комората на извршители на Република Македонија преку електронски пат не го доставил Кварталениот извештај за работа на извршителот за квартален период од 01.04.2018 година до 30.06.2018 година, со што постапил спротивно на член 2 став 1 од Правилникот за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот извештај за работа на извршителот донесен на седница на вонредно Собрание на КИРМ одржано на ден 20.06.2016 година и изменет и дополнет на седница на вонредно Собрание на КИРМ на ден 30.10.2016 година.                                                                                                                            Како во преземените дејствија од страна на извршителот се содржини сите битни елементи нa дисциплинските повреди по член по член 64 став 1 алинеја 4 и алинеја 9 од ЗИ , ДК при КИРМ го огласи за виновен извршителот В. К. и согласно чл. 62 став 1 т.в )  и му се изрече дисциплинска мерка парична казна во висина од ------ евра во денарска противредност според среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на изрекувањето.                      Дисциплинската комисија при КИРМ при одлучувањето, ги ценеше сите отежнителни и олеснителни околности, а како олеснителна околност го ценеше фактот што извршителот во писмен одговор наведе дека на ден 14.11.2018 година по електронска пошта го испратил бараниот извештај до Комората на извршители на РМ а сето тоа поради преголема зафатеност на извршителот во судот како и тековните работи кои истиот ги извршувал. Дисциплиснката Комисија на КИРМ ценеше дека во тој период извршителот имал недостаток од административен персонал кој ја извршувал техничката работа во канцеларијата на извршителот односно во периодот од 15.08.2018 година до 11.09.2018 година бил без административен персонал како и фактот што извршителот сега имал нови вработени и голем дел од работата била средена како дека во иднина немал да стори ваков пропуст, меѓутоа истото не беше од влијание за поинакво одлучување.                                                                                 ДК при КИРМ  како отежнителни околности ги зема во предвид тежината на дисциплинските повреди, потоа фактот што извршителот е претходно казнуван како и околноста дека извршителот не постапил по известувањата од Комората на извршители на РМ доставени по електорнски пат дека е потребно да достави квартален извештај согласно Правилникот со што постапил спротивно на член 4 точка б од Кодексот за професионална етика на извршителите донесен на седница на вонредно собрание на КИРМ на 20.06.2016 година  а со кој е предвидено дека извршителот е должен во однесувањето спрема КИРМ да одговори навремено на барањата на Комората односно член 66 став 2 од Статутот на Комората на извршители на РМ донесен на седница на собрание одржана на ден 20.06.2016 година според кој непочитувањето на одредбите од Кодексот за професионална етика на извршителите претставува дисциплинска постапка.

Согласно наведеното, ДК при КИРМ е на мислење дека извршителот бил должен да постапува согласно член 2 став 1  од  Правилникот за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот извештај за работа на извршителот донесен на седница на вонредно Собрание на КИРМ одржано на ден 20.06.2016 година и изменет и дополнет на седница на вонредно Собрание на ден 30.10.2016, според кој ,,Кварталниот извештај за работа на извршителот, се доставува 4 ( четири) пати во годината во електронска форма, до Министеството за правда и Комората на извршители на Република Македонија најдоцна во рок од 10 дена по истекот на кварталот и тоа за квартален период од  01.04.2018 година до 30.06.2018 година ( рок за достава 10.07.2018 година).

Дисциплинската комисија смета дека со ваквата дисциплинска мерка ќе се постигнат целите на генералната и специјалната превенција.

 Дисциплинската комисија при КИРМ на ден 17.12.2018 година согласно член 60 став 1 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/16 и бр.142/16) одлучи како во изреката на ова решение.

             Согласно член 62 став 1 точка  в)  в.в. со член 68 став 4 од Законот за извршување се задолжува обвинетиот извршител В. К. од К. да плати на име парична казна износ во висина -------- евра во денарска противредност по среден курс на Народна Банка на РМ на ден на изрекување, на сметка на Комората на извршители на РМ бр.---------- во С. Б. АД С., во рок од 15 дена од прием на одлуката, а под страв на присилно извршување.

                                                                     

КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РМ

ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА

Претседател,                         

Николче Диневски

 

            -----------------------------

 

 

Правна поука : против оваа одлука извршителот има право на правна заштита со поведување на управен спор пред Управен суд на РМ во рок од 30 дена по приемот

 

Дн:     Извршител В. К. К.

Претседател на КИРМ                                                                                

Министерство за правда на РМ

Архива