Службен весник на РМ, бр. 148 од 31.08.2015 година

 

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Врз основа на членот       75  ставови   1  и   2  од Уставот на Република Македонија,

претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република

Македонија издаваат

УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И
             ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за вештачење,

што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 24 август 2015 година.

 

Бр. 08- 3709/1                                                          Претседател

24 август 2015 година                                       на Република Македонија,

Скопје                                                      д-р Ѓорге Иванов, с.р.

Претседател

на Собранието на Република
          Македонија,

Трајко Вељаноски, с.р.

 

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Член 1

Во Законот за вештачење (“Службен весник на Република Македонија“ број 115/10, 12/14, 43/14 и 104/15) во член 18 став 6 зборовите: “4000 до” се бришат.

 

Член 2

Во членот 18-а став 11 зборовите: “4000 до” се бришат.

 

Член 3

По членот 18-л се додаваат два  нови  члена  18-м и 18-н, кои гласат:

„Член 18-м

За прекршоците пропишани со овој закон, прекршочна постапка   води и прекршочна санкција  изрекува  надлежен  суд.

 

Член 18-н

Одмерувањето  на  глобите  за  правните  лица  ќе  се  врши  согласно  Законот  за прекршоците.“

Член 4

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

 

 

 

 

 

 

1 од 1