Службен весник на РМ, бр. 104 од 24.06.2015 година

 

 

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Врз основа на членот       75  ставови   1  и   2  од Уставот на Република Македонија,

претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република

Македонија издаваат

УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И
             ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за вештачење,

што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 22 јуни 2015 година.


Бр. 08 - 2662/1

22 јуни 2015 година

Скопје


 

 

 

 

Претседател

на Собранието на Република

Македонија

Трајко Вељаноски,с.р.


Претседател

на Република Македонија
   д-р
Ѓорге Иванов, с.р.


ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Член 1

Во Законот за вештачење ("Службен весник на Република Македонија" брoj 115/10, 12/14 и 43/14), во членот 4 став 2 по зборот “струката” запирката се заменува со сврзникот “и”, а зборовите: “и професионалните стандарди” се бришат.

Член 2

Во членот 19 став (5) се додава нов став (6), коj гласи:

"(6) Вештаците на кои им е издадена лиценца за вештачење од соодветната област каде предмет  на вештачење  се недвижности    се должни  електронски  да се поврзат со информатичкиот систем на Агенцијата за катастар на недвижности заради користење на податоци потребни за вршење на вештачењето и задолжително ги користат услугите на Агенцијата за катастар на недвижности по електронски пат."

Ставот (6) станува став (7).

Член 3

Во членот 26 став (1) во алинеја 4 сврзникот “и” се заменува со запирка. Во алинеја 5 точката се заменува со запирка.

По алинејата 5 се додаваат две нови алинеи 6 и 7, кои гласат:

"- е доставен предлог за одземање на лиценцата за вештачење од Дисциплинската комисија на Комората на вештаци за изречена дисциплинска мерка согласно со членот 39 став 1 точка 3 и членот 40 став (3) од овој закон и

- вештакот не извршил уплата на годишната членарина во Комората на вештаци до крајот на тековната година."

Во ставот (3) зборовите: “алинеи 1, 2 и 3”, се заменуваат со зборовите: “алинеи 1, 2, 3, 6
и 7”.

 

 

 

 

1 од 2


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 104 од 24.06.2015 година

 

Член  4

Во членот 33 точката 1) по зборот “Статут” запирката се заменува со сврзникот “и”, а
зборовите: “и Кодекс по претходно позитивно мислење од министерот за правда” се
бришат.

Член 5

Во членот 34 став (1) по точката 3 се додаваат две нови точки 3-а) и 3-б), кои гласат:

"3-а) Донесува Кодекс на етика по претходно позитивно мислење   од министерот за
правда;

3-б) Составува предлог листа на вештаци кои не извршиле уплата на износот на годишна членарина, определен од Собранието на Комората согласно со членот 33 став (1) точка 9) од овој закон и истата ја доставува најдоцна до 10 јуни во тековната година за која се плаќа членарина до министерот за правда."

Точките, 4, 5 ,6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14 и 15 стануваат точки 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14,
15 и 16.

Член 6

Во членот 38 став (6) зборовите: “Собранието на Комората на предлог на” се бришат.

 

Член 7

Во член 39 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:

"(2) Дисциплинските мерки од ставот 1 точките 1) и 2) на овој член ги изрекува Дисциплинската комисија на Комората на вештаци, а при изрекување на дисциплинската мерка од ставот 1 точка 3 на овој член, Дисциплинската комисија поднесува предлог за одземање на лиценцата за вештачење до министерот за правда."

Член 8

Во членот 40 став (3) во алинејата 1 по зборовите: “етичките норми“ запирката и зборовите: “професионалните стандарди” се бришат.

 

Член 9

Во членот 43-а став (2) по зборовите: “трговските друштва” се додаваат зборовите: “и фондовите”.

Член 10

Вештаците од членот 2 став (2) од овој закон се должни во рок од три месеци електронски да се поврзат со Агенцијата за катастар на недвижности.

 

Член 11

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2 од 2