Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз  основа  на  член     75  ставови    1  и    2  од  Уставот  на  Република  Македонија,

претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република

Македонија издаваат

У К А З

ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ
                  ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Се прогласува Законот за вештачење,

што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 23 август 2010 година.

Бр. 07-3493/1                                                                                            Претседател

23 август 2010 година                                                                       на Република Македонија,

Скопје                                                                                           Ѓорге Иванов, с.р.

Претседател

на Собранието на Република
          Македонија,

Трајко Вељаноски, с.р.

ЗАКОН ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Цел на Законот

Член 1

Со овој закон се уредува вршењето на вештачење, областите, условите и начинот на вршењето на вештачењето, субјектите кои вршат вештачење, условите и постапката за полагање на стручен испит за издавање, продолжување, престанок или за одземање на лиценца  за  вештачење  за  вршење  на  вештачење  од  соодветна  област,  награда  и надоместок  на  трошоците  за  извршеното  вештачење,  основањето,  надлежноста, организацијата и работењето на Комората за вештаци, како и други прашања кои се однесуваат на  вештачењето.

Значење на изразите

Член 2

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:

1. „Вештачење“ е изготвување на стручен наод и мислење изработено врз основа на примена  на научни и стручни методи, технички достигнувања, стручни знаења и искуства во областите што се дефинирани во сите случаи определени со закон или по барање на заинтересирано лице - нарачател;

2.   „Супер вештачење“ - вештачење од повисок степен, односно стручно-критичка
експертиза на две противречни вештачења, може да врши   тим составен од најмалку
тројца вештаци од соодветната област од орган на државна управа, високообразовна установа, научна установа или стручна установа и друштво за вештачење во кое има вработено најмалку тројца вештаци од соодветната област;

 

 

 

1 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

3. „Друштво за вештачење“ е трговско друштво кое е регистрирано   во согласност со Законот за трговскитe друштва и врши вештачење согласно сo овој закон;

4. „Трговец поединец - вештак“ кое е регистрирано согласно со Законот за трговските друштва и кое ги исполнува условите за вршење вештачење утврдени со овој закон;

5. „Вештак“ е лице кое има лиценца за вештачење од соодветната област  и е запишан во регистарот на вештаци;

6. „Стручен испит“ е испит кој се спроведува заради оценување на потребното стручно знаење за стекнување со уверение за положен стручен испит;

7. „Лиценца за вештачење“ е документ издаден од Министерството за правда  со кој се потврдува дека лицето може да врши вештачење од соодветната област;
     8.
„Регистар на вештаци“ е јавна книга во која се евидентираат лицата на кои им се
издава, одзема, продолжува или им престанува лиценцата за вештачење од соодветната област, органот на државната управа, високообразовната установа, научната установа и стручната установа кои вршат вештачење, трговецот поединец - вештак и друштвата за вештачење (во натамошниот текст: Регистарот) и

9. „Комора на вештаци“е професионално коморско здружување на вештаци основано со овој закон.

Основни начела

Член 3

При вршењето на вештачењето вештаците се должни да се придржуваат кон следниве
начела:

- законитост,

- стручност,

- чесност,

- непристрасност,

- професионалност,

- самостојност,

- економичност,

- одговорност,

- совесност и

- ефикасност.

Вештак

Член 4

(1) Вештакот е независен и самостоен во вршењето на вештачењето во рамките на овластувањата утврдени со закон.

(2) Вештакот е должен вештачењето да го врши стручно и совесно во согласност со правилата на науката и струката, етичките норми и професионалните стандарди и да го достави до нарачателот на вештачењето навремено во согласност со роковите пропишани со закон или роковите определени од страна на нарачателот.

 

Вршење на вештачење

Член 5

(1) Вештачење може да врши:

- високообразовна установа, научна установа и стручна установа    врз основа на
овластувања утврдени со закон доколку имаат вработено најмалку две лица со лиценца за
вештачење,

 

 

 

2 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

- трговец поединец - вештак основано согласно со Законот за трговските друштва  кое ги исполнува условите од овој закон и има вработено најмалку едно лице со лиценца за вештачење и

- трговско друштво кое е регистрирано  во согласност со Законот за трговските друштва и врши вештачење согласно со овој закон и има вработено најмалку две лица со лиценца за  вештачење.

(2) Установите и друштвото од ставот (1) алинеи 1 и 3 на овој член може да вршат и
супер вештачење доколку имаат вработено најмалку три лица со лиценца за вештачење.

(3) За одделни работи, утврдени со закон, вештачење може да врши орган на државна управа кој има вработено најмалку две лица со лиценца за вештачење, а супер вештачење може да врши доколку има вработено најмалку три лица со лиценца за вештачење.

(4) Супер вештачењето го определува претседателот на советот или судија поединец по електронски пат со примена на правилото на случаен избор од Регистарот во присуство на двете странки, односно нивните полномошници.

Водење евиденција

 

Член 6

(1) Друштво за вештачење, трговец поединец - вештак, орган на државната управа, високообразовна установа, научна установа и стручна установа се должни да водат евиденција за извршените вештачења, односно супер вештачења.

(2) Формата, содржината и начинот за водење евиденција од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за правда.

 

Странски вештак

Член  7

Доколку во Република Македонија нема вештак или установа од определена област и во други случаи определени со закон, вештачење може да врши странски вештак или странска стручна институција, според законите на државата во која се регистрирани и ги исполнуваат условите за вршење на вештачење.

 

Области на вештачење

 

Член 8

Вештачењето се врши во следниве области:

- материјално, сметководствено и финансиско работење,

- медицина (психијатрија, невропсихијатрија, хирургија, гинекологија, кардиологија, ортопедија и други),

- ветеринарство,

- градежништво и архитектура,

- електротехника,

- информатички технологии,

- машинство и сообраќај,

- земјоделство, шумарство и водостопанство,

- графологија,

- геодезија,

- рударство,

- технолошко инженерство,

- хемиско биолошко,

 

 

 

3 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

- молекуларна биологија и генетика,

- токсикологија и дроги,

- балистика,

- заштита на животната средина и екологијата,

- заштита на културното наследство,

- заштита на авторското право и други сродни права и права од интелектуална сопственост и

- други области.

 

Услови за полагање на стручен испит

Член 9

(1) Стручен испит може да полага лице кое ги исполнува следниве услови:

- да е државјанин на Република Македонија,

- да има живеалиште во Република Македонија,

- да има високо образование од соодветна област (диплома со завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС)),

- со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење  професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната  и

- да има најмалку пет години работно искуство во соодветната област за која е поднесено барањето за полагање на стручен испит.

(2) Барањето за полагање стручен испит кандидатот го поднесува до Министерството за правда со приложени докази за исполнување на условите од ставот (1) на овој член.

Член 10

Претседателот на комисијата за полагање на стручен испит за секоја соодветна област со решение го известува кандидатот, доколку не ги исполнува условите за полагање на стручниот испит.

Стручен испит

 

Член 11

(1) Стручен испит се спроведува заради оценување на потребното стручно знаење од соодветната област.

(2) Стручниот испит се состои од писмен - практичен и устен дел и се полага според програма за полагање на стручен испит во која се содржани прописи и литература.

(3) Програмата за полагање на стручниот испит за секоја соодветна област ја изготвува
комисијата за полагање на стручен испит од соодветната област, а ја донесува министерот
за правда.

(4) Стручниот испит се спроведува најмалку еднаш во текот на една календарска
година.

(5) Начинот на полагање на стручниот испит ги пропишува министерот за правда.

 

Комисија за полагање на стручниот испит

Член 12

(1) За спроведување на стручниот испит, министерот за правда формира комисија за
полагање  на  стручен  испит  за  секоја  соодветна  област (во  натамошниот  текст:

комисијата).

 

 

 

4 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

(2) При формирањето на комисијата од ставот (1) на овој член се води сметка за начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.

(3) Комисијата е составена од претседател и два члена лица со лиценца за вештачење и нивни заменици и секретар на комисијата од редот на вработените во Министерството за правда, со мандат во траење од четири години.

Писмен испит

 

Член 13

(1) Кандидатот се известува за времето и местото за полагање на писмениот дел од стручниот испит најдоцна во рок од осум дена пред полагање на стручниот испит од страна на комисијата.

(2) Стручниот испит започнува со полагање на писмениот дел од испитот.

(3) Писмениот дел на стручниот испит се состои од два дела тест и изработка на практичен пример од соодветната област.

(4) Кандидатот кој не го положил тестот не може да полага втор дел од писмениот дел на стручниот испит.

(5) Кандидатот кој не го положил писмениот дел од стручниот испит не се стекнува со право да го полага усниот дел од стручниот испит.

(6) При полагањето на писмениот дел од стручниот испит кандидатот може да се служи само со закони, други прописи и технички помагала, во кои не се содржани објаснувања, коментари и слично.

(7) На кандидатот кој за време на полагањето на писмениот дел од стручниот испит користи недозволени средства (закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, претходно подготвени предмети и слично) или контактира со други лица, нема да му се дозволи натамошно полагање на стручниот испит во таа испитна сесија.

(8) Писмениот дел на стручниот испит се оценува со оцена „положил“ и „не положил“.

 

Устен испит

Член 14

(1) Усниот дел од стручниот испит се полага најдоцна осум дена по завршување на писмениот дел на стручниот испит.

(2) Кандидатот усниот дел од стручниот испит го полага пред сите членови на комисијата за полагање.

(3) Усниот дел од стручниот испит се состои од одбрана и презентација на практичниот пример од соодветната област.

(4) Усниот дел на стручниот испит се оценува со оцена „положил“ и „не положил“.

(5) Ако кандидатот не го положил усниот дел од стручниот  испит се смета дека не го положил стручниот испит.

Соопштување на резултати

 

Член 15

(1)  По завршувањето на стручниот испит, според резултатот што кандидатот го покажал на усниот дел, комисијата со мнозинство гласови одлучува дали кандидатот го положил или не го положил стручниот испит.

(2) Претседателот на комисијата по завршувањето на стручниот испит му го соопштува резултатот на кандидатот.

(3) Комисијата по спроведувањето на стручниот   испит во рок од пет дена јавно ги објавува резултатите на веб страницата на Министерството за правда.

 

 

 

5 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

Уверение за положен испит

 

Член 16

(1) Министерството за правда на кандидатот кој го положил испитот му издава уверение за положен испит, кое го потпишува претседателот на Комисијата.

(2) Формата, содржината и образецот на уверението за положен стручен испит ги пропишува министерот за правда.

Надоместок на комисиите

Член 17

(1) На претседателот, членовите и секретарот на комисијата им припаѓа надоместок за работата во комисијата.

(2) Исплатата на надоместокот на комисијата од ставот (1) на овој член се врши од сметката на сопствени приходи на Министерството за правда од уплатите на средствата од кандидатите кои полагаат стручен испит.

(3) Министерот за правда ја утврдува висината на реалните трошоци за полагање на стручниот испит, неопходни за спроведување на практичниот дел од испитот, направени за изготвување и копирање на материјали и покани и изготвување на уверенија и надоместок за работата на комисијата   врз основа на бројот на пријавените кандидати и утврдени трошоци за стручниот испит, како и времето потребно за негово спроведување.

(4) Трошоците за полагање на испитот се уплатуваат на сметка на сопствени приходи на Министерството за правда, најдоцна 15 дена пред денот определен за почеток на полагање на стручниот испит и доколку не се уплатени во предвидениот рок, на кандидатот нема да му се дозволи полагање на стручниот испит.

(5) Ако кандидатот во рок од една година од денот на уплатата на средствата не го
полага стручниот испит, уплатените средства му се враќаат на кандидатот согласно со
закон.

Член 18

Ако во текот на полагањето на стручниот испит настанат оправдани причини поради
кои кандидатот не може да го продолжи полагањето (болест и слично), уплатените
средства се префрлаат за следната испитна сесија во рамките на   тековната буџетска
година.

Издавање и продолжување на лиценцата
                         за вештачење

 

Член 19

(1) Лицето кое положило стручен испит, може да поднесе барање за издавање на лиценца за вештачење до Министерството за правда.

(2) Со барањето од ставот (1) на овој член се приложува:

- доказ за положен стручен испит  и

- доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност, додека трае забраната.

(3) Министерството за правда на лицето кое ги исполнува условите од ставовите (1) и

(2) на овој член му издава лиценца за вештачење.

(4) Лиценцата за вештачење се издава со важност во траење од пет години.

(5) Лиценцата за вештачење се продолжува врз основа на поднесено барање до
Министерството за правда за продолжување на лиценцата за вештачење најдоцна два
месеца пред истекот на важењето од ставот (4) на овој член, ако во постапка пред

 

 

 

6 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

надлежен орган, во која го врши вештачењето, парично не е казнет три пати во текот на една календарска година и ако секоја година ја исполнил обврската за посетување на обуката за континуирано усовршување која ја спроведува Комората на вештаци.

(6) Формата, содржината и образецот на лиценцата за вештачење, како и начинот на нејзиното издавање и продолжување ги пропишува министерот за правда.

Член 20

(1) Со лиценца за вештачење без полагање на стручен испит може да се стекне:

1) доктор на науки од соодветна научна област или трет циклус на универзитетски
студии - докторски студии од соодветна научна област, по поднесено барање за лиценца
за вештачење и доставување на потребната документација од членот 9 став (1) алинеи 1, 2,
3 и 4 на овој закон, по што му се издава лиценца за вештачење и се запишува во
Регистарот;

2) магистер на науки од соодветната научна област и лице со положен специјалистички испит по медицина или втор циклус на универзитетски студии - магистерски студии од соодветна научна област, по поднесено барање за лиценца и доставување на потребната документација од членот 9 став (1) на овој закон, по што му се издава лиценца за вештачење и се запишува во Регистарот и

3) лице кое има вишо или средно образование со регистриран занает од соодветна
област (кујунџија, крзнар, часовничар, клучар, златар, оптичар или друг занает), по
поднесување на барање за лиценца за вештачење и исполнување на следниве услови:

- да е државјанин на Република Македонија,

- да има  живеалиште во Република Македонија,

- да има  најмалку пет години работно искуство во соодветната област,

- да не е осуден со правосилна судска одлука за кривично дело на безусловна казна затвор над шест месеци за времето додека траат правните последици од осудата и

- да има потврда издадена од соодветна институција за вршење на занаетчиска дејност, по што му се издава лиценца за вештачење и се запишува во Регистарот.

(2) Лицата од ставот (1) на овој член ќе се стекнат со лиценца за вештачење по претходно поднесено барање до министерот за правда доколку ги исполнуваат условите од ставот (1) на овој член.

Заклетва

 

Член 21

(1) Лицата од членовите 19 став (3) и 20 на овој закон на денот на добивањето на
лиценцата за вештачење пред министерот за правда и претседателот на Врховниот суд  на
Република Македонија и претседателот на Комората на вештаци ја даваат следнава
заклетва:

“Се обврзувам и ветувам со својата чест дека вештачењето ќе го извршувам совесно, непристрасно, во согласност со правилата на науката и стручното знаење, етичките норми и професионалните стандарди и дека ќе ги доставувам своите наоди и мислења точно, навремено и  потполно”.

(2) Ако лицата од ставот (1) на овој член не дадат заклетва нема да им се даде лиценца за вештачење.

Регистар

Член 22

(1) Издадените, одземените, продолжените и лиценците кои престанале, органот на државната управа, високообразовната установа, научната установа, стручната установа кои вршат вештачење, трговецот поединец - вештак и друштвата за вештачење се евидентираат во Регистарот кој го води Министерството за правда.

 

 

 

7 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

(2) Регистарот се доставува секоја година до крајот на март до судовите во Република Македонија и до Комората за вештаци.

(3)  Регистарот  еднаш  годишно  се  објавува  во       “Службен  весник  на  Република

Македонија” и во електронска форма на веб страницата на Министерството за правда.

(4) Формата и содржината на Регистарот и начинот на неговото водење ги пропишува министерот за правда.

 

Содржина на Регистарот

 

Член 23

(1) Регистарот од членот 22 на овој закон особено ги содржи следниве податоци:

1) име и презиме, адреса, телефонски број, електронско сандаче за прием на писмена и регистарски број на вештакот;

2) областа на вештачење за која е издадена лиценцата и

3) називот и седиштето на органот на државната управа, високообразовната установа, научната установа, стручната установа, друштвото за вештачење, односно трговецот поединец - вештак во кое е вработен вештакот.

(2) Лицата, односно субјектите од ставот (1) на овој член се должни веднаш, а најдоцна во рок од осум работни дена да го известат Министерството за правда, Комората на вештаци и Централниот регистар на Република Македонија   за сите промени во врска со податоците содржани во Регистарот.

 

Осигурување од одговорност

 

Член 24

(1) Трговец поединец - вештак, друштво за вештачење, орган на државната управа, високообразовна установа, научна установа и стручна установа се  должни  да се осигурат од одговорност на штета која може да ја причинат при вршење на   вештачењето спрема нарачателот или трето лице.

(2) Најнискиот износ на осигурување од одговорност на штета изнесува 20.000 евра во
денарска противвредност за друштво за вештачење, орган на државната управа и установа,

3.000 евра во денарска противвредност за трговец поединец - вештак и 500 евра во денарска противвредност за лицата од членот 20 став (1) точка 3 на овој закон.

(3) Трговец поединец - вештак, друштво за вештачење, орган на државната управа, високообразовна установа, научна установа и стручна установа   кои вршат вештачење се должни редовно да го продолжуваат осигурувањето од одговорност на штета.

(4) Трговец поединец - вештак, друштво за вештачење, орган на државната управа,
високообразовна установа, научна установа и стручна установа и лицата од членот 20 став

(1) точка 3 на овој закон можат покрај износот предвиден во ставот (2) на овој член, дополнително  да  се  осигури  и  на  повисок  износ,  по  барање  на  нарачателот  на вештачењето.

(5) Осигурувањето од одговорност уредено согласно со овој член не го ослободува

вештакот од неговата одговорност кон оштетените лица, за нанесена штета согласно со
закон.

(6) Субјектите од ставот (1) на вој член се должни секоја година да достават доказ до
Министерството за правда и Комората на вештаци дека се осигурени согласно со овој
член.

 

 

 

8 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

Континуирана обука

 

Член 25

(1) Континуираната обука претставува постојано стручно усовршување со цел за проширување на теоретските и практичните знаења и вештини заради стручно и ефикасно вршење на  вештачењето.

(2) Вештакот е должен континуирано стручно да се усовршува, да биде во тек со научните достигнувања и методи во струката и да учествува на советувања, обуки и други форми на едукација во земјата.

(3) Континуираната обука е задолжителна.

(4) Вештакот секоја година има обврска да ја посетува обуката за континуирано
усовршување која ја спроведува Комората на вештаци во соработка со Министерството за
правда.

(5) Не посетувањето на обуката од ставот (2) на овој член се смета за дисциплински престап, во согласност со овој закон.

Одземање на лиценцата за вештачење

 

Член 26

(1) Лиценцата за вештачење ја одзема министерот за правда, ако:

- вештакот  ја загуби деловната способност,

- лиценцата е издадена врз основа на неточни податоци,

- вештакот во постапка пред надлежен орган, во која го врши вештачењето, парично е казнет три пати во текот на една календарска година,

- со правосилна одлука е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, за времето додека траат правните последици од изречената забрана и

- е осуден со правосилна судска одлука за кривично дело на безусловна казна затвор над шест месеци, за времето додека траат правните последици од осудата.

(2) Органот од ставот (1) алинеја 3 на овој член го известува Министерството за правда
и Комората за вештаци за донесената одлука со која на вештакот му е изречена парична
казна.

(3) Вештакот на кој му е одземена лиценцата за вештачење во случаите од ставот (1) алинеи 1, 2 и 3   на овој член не може да се стекне со нова лиценца за вештачење три години од денот на одземањето на лиценцата за вештачење.

Престанок на лиценцата за вештачење

 

Член 27

Лиценцата за вештачење престанува да важи:

- ако вештакот сам побара,

- со смрт на вештакот и

- по истекот на рокот на важноста од членот 19 став (4) на овој закон, доколку не се продолжи.

 

Бришење од Регистарот

Член 28

(1) Министерот за правда за одземање на лиценца за вештачење согласно со членот 26 од овој закон и престанок на лиценца за вештачење согласно со членот 27 од овој закон донесува решение со кое вештакот го брише од Регистарот.

 

 

 

9 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

(2) Доколку вештакот не поднесе доказ за осигурување согласно со членот 24 од овој закон министерот за правда со решение ќе го избрише вештакот од Регистарот.

(3) Против решението од ставовите (1) и (2) на овој член може да се поведе управен спор пред надлежен суд.

(4) Решенијата од ставовите (1) и (2) на овој член министерот за правда по службена должност ги доставува до Централниот регистар на Република Македонија и до Комората на вештаци.

 

Награда и надоместок

Член 29

(1) Вештакот за извршеното вештачење или супер вештачење има право на награда за
извршеното вештачење или супер вештачење и право на надоместок за реално потребните
трошоци.

(2) Висината на наградата за извршеното вештачење или супер вештачење се утврдува според висината на паричната вредност на предметот на вештачење, сложеноста на вештачењето, потребното време за прибирање на податоците и изработка на вештачењето (наодот и мислењето).

(3)  Висината  на  реално  потребните  трошоци  се утврдува  врз  основа  на  реално потребните патни и дневни трошоци и материјалните трошоци.

(4) Начинот за пресметување на наградата и надоместокот од овој член ги пропишува министерот за правда по претходно мислење од Комората на вештаци.

Доставување на податоци

Член 30

(1) Одговорните лица во институциите, установите и органите кои водат евиденции, регистри, јавни книги, збирки на лични податоци и други податоци кои на вештакот му се потребни за изработка на вештачењето, во постапка утврдена со закон, се должни на вештакот без одлагање, во постапка утврдена со закон и без надоместок да му ги дадат потребните податоци.

(2) Вештакот е должен податоците од ставот (1) на овој член да ги користи во согласност со овој закон и прописите кои се однесуваат на заштита на личните податоци и класифицираните информации.

II. КОМОРА НА ВЕШТАЦИ И ОРГАНИ
                     НА КОМОРАТА

 

Комора на вештаци

 

Член  31

(1) Комората на вештаци е самостојна и професионална институција на вештаци здружени заради заштита и унапредување на стручноста, етичките должности и права, за подобрување на квалитетот на вештачењето, за следење на односот на вештаците кон општеството и граѓаните, како и заради заштита на вештаците.

(2) Вештаците се организираат во Комора на вештаците (во натамошниот текст: Комората). Седиштето на Комората е во Скопје.

(3) Комората има својство на правно лице и се запишува во Централниот регистар на Република Македонија.

(4) Комората ги има следниве акти: Статут, Кодекс на етика на вештаците, Правилник за дисциплинска одговорност и други акти.

 

 

 

10 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

(5) Со Статутот на Комората особено се уредуваат организацијата, управувањето,
работењето, континуираната обука, финансирањето на Комората и внатрешната контрола.

(6) Со Кодексот на етика на вештаците (во натамошниот текст: Кодексот) се уредуваат
правата  и  обврските  на  вештаците,  правата  и  обврските  за  континуирана  обука,
професионално однесување и одговорност, конфликт на интереси, професионалниот
однос кон нарачателот на вештачењето и други прашања од интерес на вештаците.

(7) Органи на Комората се Собрание на Комората, Управен одбор, Надзорен одбор, претседател на Комората и Дисциплинска комисија.

(8)  Комората воспоставува и одржува соработка со сродни домашни и странски институции, здруженија и комори на вештаци.

Собрание на Комората

 

Член 32

(1) Собранието на Комората го сочинуваат сите вештаци во Република Македонија.

(2) Собранието на Комората го чува угледот и честа во вршење на работите на
вештачењето  и  се  грижи  вештаците  да  ги  вршат  своите  должности  совесно  и  во
согласност со овој и друг закон, Кодексот и другите акти за вршење на  вештачењето.

(3) Собранието на Комората се состанува најмалку еднаш годишно, одлучува на седница, ако се присутни најмалку половина од вкупниот број вештаци, а одлучува со мнозинство гласови од присутните вештаци.

(4) Седница на Собранието на Комората може да свика претседателот на Комората врз
основа на одлука на Управниот одбор или на писмено барање од најмалку 20 члена на
Комората.

(5)  Ако  претседателот  не  ја  свика  седницата  во  рок  од        30  дена  од  денот  на

донесувањето на одлуката на Управниот одбор, односно од поднесеното барање на членовите на Комората, седницата ќе ја свика членот на Управниот одбор определен од овој орган, односно членовите на Комората кои го поднеле барањето.

(6) Ако седница на Собранието на Комората не ја свика членот на Управниот одбор или членовите на Комората од ставот (5) на овој член, седница на Собранието на Комората може да свика и министерот за правда.

(7) Со седницата на Собранието на Комората раководи работно претседателство од
тројца членови избрани од присутните членови на седницата на Собранието на Комората.

(8) Членовите на Управниот одбор, претседателот на Комората и на другите органи на Комората се избираат со мандат од две години, со право на уште еден избор.

(9) Сите трошоци направени во врска со активност на вештак во органите на Комората, во комисиите и работните групи, паѓаат на товар на Комората.

Надлежност на Собранието на Комората

Член 33

Собранието на Комората:

1)  донесува Статут, Деловник за работа на Собранието и Кодекс по претходно позитивно мислење  од министерот за правда;

2) донесува други акти на Комората и стандарди потребни за вршење на  вештачењето;

3) избира членови на Управниот и Надзорниот одбор, претседател на Комората и членови на другите органи на Комората. Бројот на членовите на Управниот одбор го одредува Собранието во согласност со статутот. Бројот на членовите на Управниот одбор вклучувајќи го и претседателот мора да биде непарен;

4) разгледува предлози, барања и препораки за успешно вршење на   вештачењето и работата на Комората;

 

 

 

11 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

5) одлучува за начинот на организирањето на континуираната обука на вештаците;

6) усвојува програма за работа на Комората;

7)  усвојува  годишна  сметка  за  претходната  година  со  предлог  на  пресметка  за наредната година;

8) разгледува и усвојува извештај за севкупните активности;

9) определува висина на членарината која не може да биде помала од една просечна месечна бруто плата исплатена во Република Македонија во претходната година и го утврдува начинот на плаќање;

10) одлучува за употреба на средствата остварени од парични казни согласно со одредбите на овој закон;

11) одлучува за начинот на контрола над работењето на вештаците и

12) одлучува за сите други прашања предвидени со овој закон и Статутот на Комората.

 

Управен одбор

Член 34

(1) Управниот одбор:

1) утврдува предлог на Статутот и на другите акти на Комората;

2) презема и спроведува иницијатива за разгледување на прашања од заеднички интерес на вештаците;

3) донесува Деловник за работа на Управниот одбор;

4) ги извршува правосилните одлуки на дисциплинската комисија;

5) врши надзор над континуираната обука на вештаците;

6) се грижи за статусот на вештаците, односот кон другите органи и трети лица;

7) ја организира континуираната обука со организирање на семинари и предавања за што изготвува годишна програма и води евиденција за присуство на истото;

8) подготвува седници на Собранието на Комората;

9) ги извршува одлуките на Собранието на Комората;

10) составува предлог-програма за работа на Комората и континуираната обука;

11) составува предлог на годишната пресметка и предлог на пресметка за идната
година;

12)дава  мислење  за  начинот  за  пресметување  на  наградата  и  надоместокот  на вештаците;

13) предлага членови на Надзорниот одбор;

14) се грижи за редовна наплата на членарината и предлага мерки за нејзино редовно собирање и

15) одлучува за други прашања утврдени со овој закон и одлучува за сите прашања кои не се во надлежност на другите органи на Комората.

(2) Седница на Управниот одбор на Комората ја свикува претседателот на Управниот одбор, а може да се свика и по барање на една третина од вкупниот број членови на Управниот одбор.

(3) Управниот одбор може да одржи седница на Управниот одбор доколку на истата
присуствуваат повеќе од половина од членовите на Управниот одбор. Одлуките на
Управниот  одбор  се  донесуваат  со  мнозинство  гласови  на  присутните  членови  на
Управниот одбор. Со Статутот на Комората посебно се утврдуваат случаите кога е
потребно квалификувано мнозинство на членовите на Управниот одбор за донесување на
одлука.

(4) Претседателот и членовите на Управниот одбор кои ја вршат својата работа во органите на Комората не добиваат награда за истата, а имаат право на надоместок на трошоците кои ги имале во врска со вршењето на функцијата.

 

 

 

12 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

(5) Управниот одбор со акт ја определува висината на надоместокот за патните трошоци на членовите на Управниот одбор.

 

Надзорен одбор

 

Член 35

(1) Надзорниот одбор е составен од тројца членови од кои еден е претседател на одборот со мандат од две години.

(2) Надзорниот одбор:

- се грижи за законито работење на Комората од областа на материјално- финансиското и сметководствено работење,

-  врши  периодични  контроли  над  работењето  на  сметководствено-финансиското работење на Комората,

- дава мислење на Управниот одбор за составување на завршната сметка на Комората,

- дава мислење за извештајот на Комората за изминатиот период до Управниот одбор,

-  предлага  план  за  финансиско  работење  на  Комората  за  наредната  година  до Управниот одбор,

- се грижи за редовна и навремена достава на материјално-финансиско работење до надлежните органи и институции и

- врши други работи од своја надлежност согласно со овој закон.

(3) Работењето на надзорниот одбор поблиску се уредува со Деловникот за работа.

 

Претседател на Комората

 

Член 36

(1) Претседателот на Комората истовремено е и претседател на Управниот одбор. Управниот одбор од редот на своите членови избира потпретседател на Комората.

(2) Претседателот ја претставува и застапува Комората. Во случај на спреченост неговите  должности  ги  врши  потпретседателот,  а  во  случај  на  спреченост  на потпретседателот најстариот по возраст член на Управниот одбор.

(3) Претседателот на Комората:

1) се грижи Комората да работи согласно со закон;

2) ги извршува одлуките на Собранието и Управниот одбор на Комората;

3) посредува во решавање на споровите меѓу вештаците;

4) потпишува налог за исплата од сметката на Комората и

5) врши други работи предвидени со Статутот на Комората.

 

Финансирање на Комората

 

Член 37

(1) Вештаците задолжително секоја година плаќаат годишна членарина. Висината на
членарината се определува на седница на Собранието и истата не може да биде пониска
од една просечна месечна бруто плата исплатена во Република Македонија во претходната
година.

(2) Комората остварува приходи и од донации и од други извори со кои не се нарушува
самостојноста и чесноста на вршење на работите од   вештачењето и професионалната
етика.

(3) Примањето на донации го одобрува Управниот одбор.

 

 

 

13 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

III. ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАКА

 

Дисциплински органи

 

Член 38

(1) Дисциплински орган на Комората е Дисциплинската комисија.

(2) Дисциплинската комисија ја избира Собранието на Комората.

(3) На Собранието на Комората се избира листа од вештаци за можни членови за дисциплински комисии.

(4) Управниот одбор од листата од ставот (3) на овој член формира дисциплинска
комисија по пријава од заинтересирано лице. Комисијата е составена од пет члена и нивни
заменици од кои двајца членови се од листата од ставот (3) на овој член од кој еден член е
вештак и негов заменик од соодветната област, еден член и негов заменик од Здружението
на судии на Република Македонија, еден член и негов заменик од Здружението на јавни
обвинители на Република Македонија и еден член и негов заменик по предлог на
министерот за правда.

(5) Управниот одбор при изборот на Комисијата го именува претседателот од редот на двајцата членови од Комората.

(6) Начинот и поблиските услови на работа на Дисциплинската комисија се уредува со правилник за дисциплинска постапка кој го донесува Собранието на Комората на предлог на Управниот одбор на Комората.

 

Видови дисциплински мерки

 

Член 39

За  сторена  дисциплинска  повреда  на  вештак  може  да  му  се  изречат  следниве дисциплински мерки:

1) јавна опомена;

2) парична казна и

3) одземање на лиценцата за вештачење.

Мерки за дисциплински повреди

 

Член 40

(1) Дисциплинската мерка јавна опомена ќе му се изрече на вештакот, ако:

- службените списи и податоци ги чува спротивно на прописите за архивско и канцелариско работење,

- го повреди должното почитување на странките и органите за надзор и

- ги повреди одредбите од Статутот, Кодексот, професионалните стандарди и акти со кои се определени обврски за вештакот.

(2) Дисциплинската мерка парична казна ќе му  се изрече на вештакот, ако:

- ја повреди должноста за чување на тајната,

- не посетува обука за континуирано стручно усовршување и

- пристрасно го врши вештачењето.

(3) Дисциплинската мерка одземање на лиценцата за вештачење се изрекува, ако:

- нестручно или несовесно го врши   вештачењето во спротивност со правилата на
науката и струката, етичките норми, професионалните стандарди и конфликт на интереси,

- ја повреди должноста утврдена со овој закон и со тоа сериозно ја загрози довербата во неговата непристрасност и ако преземе дејствие за кое согласно со овој или друг закон не смеел да го преземе,

 

 

 

14 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

- ненавремено го врши  вештачењето,

- не постапи според одлуки, наредби и заклучоци на надлежен суд или орган и

- трговец поединец - вештак, друштво за вештачење, орган на државната управа, високообразовна установа, научна установа и стручна установа   не се осигури или не го продолжи осигурувањето согласно со членот 24 од овој закон.

(4) Дисциплинската мерка јавна опомена се става на огласна табла во седиштето на Комората, 60 дена од денот на изрекувањето.

(5) Дисциплинската мерка парична казна се изрекува во висина од две просечни месечни бруто плати исплатени во Република Македонија во последните три месеци чие плаќање може да се определи на најмногу шест еднакви месечни рати.

(6)  При изрекувањето на дисциплинските мерки се земаат предвид тежината на повредата,  последиците  од  таа  повреда,  степенот  на  одговорност  на  вештакот, околностите под кои е сторена повредата, поранешното негово однесување, како и другите олеснителни и отежителни околности.

(7) Во случај на поврат, сторен во период од една до пет години, ќе се примени потешка дисциплинска мерка додека не се стигне до дисциплинската мерка одземање на лиценцата за вештачење

(8) Ако со сторена дисциплинска повреда, вештакот стекнал имотна корист, паричната казна може да му се изрече   до двојниот износ на висината на таа корист, независно од ограничувањето од ставот (5) на овој член.

(9) Против одлуката на дисциплинската комисија вештакот, односно подносителот на пријавата    има право на жалба до министерот за правда во рок од осум дена од добивањето на одлуката за изречена мерка.   Министерот за правда е должен одлуката по жалба да ја донесе во рок од 15 дена од денот на нејзиното поднесување.

(10) Кога не е донесена одлука по жалба во рокот предвиден со ставот (8) од овој член
или вештакот, односно подносителот на пријавата не е задоволен од одлуката донесена по
жалба вештакот, односно подносителот на пријавата може да поведе управен спор пред
надлежен суд.

 

Застареност

 

Член 41

(1) Рокот на застареност за поведување дисциплинска постапка изнесува една година од
дознавањето на повредата, но не повеќе од три години од денот на сторувањето на
повредата.

(2) Застареноста за гонење почнува да тече од денот кога е дознаено   дека е сторена дисциплинската повреда.

(3) Застареноста се прекинува со секое процесно дејствие што се презема заради поведување на дисциплинската постапка.

 

Извршување на дисциплински одлуки

 

Член 42

(1) Правосилните дисциплински одлуки донесени во постапка ги извршува Управниот
одбор.

(2) Правосилните дисциплински одлуки за изречената парична казна и за трошоците на постапката имаат сила на извршна исправа.

(3) Ако со правосилната одлука е изречена мерка одземање на лиценцата, вештакот на кого таа мерка му е изречена се брише од Регистарот.

 

 

 

15 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

(4) Правосилната дисциплинска одлука со која е изречена некоја друга мерка   се запишува во Регистарот. Мерката јавна опомена се брише од Регистарот   по истекот на шест месеци, а другите мерки по истекот од една година.

(5) Ако со правосилна дисциплинска одлука е изречена мерка одземање на лиценцата на вештак, министерот за правда ја објавува изречената мерка на веб страницата на Министерството за правда.

 

Надзор

 

Член 43

Надзор над примената на одредбите од овој закон врши Министерството за правда.

 

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 44

(1) Министерот за правда ќе донесе програма за првото полагање на стручниот испит и
ќе ги формира  првите комисии за полагање на стручниот испит кои се избираат од редот
на универзитетските професори и лица кои со своето досегашно работно искуство со
звање магистер на науки и доктор на науки дале придонес во развојот на  вештачењето и
вршењето на вештачење во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој
закон.

(2) Министерството за правда ќе го спроведе полагањето на стручниот испит од ставот

(1) на овој член во рок од осум месеци од денот на влегувањето во сила на програмата за првото полагање на стручниот испит и формирањето на   првите комисии за полагање на стручниот испит од ставот (1) на овој член.

 

Донесување поблиски прописи предвидени со овој закон

 

Член 45

Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

 

Основање на Комората на вештаци

 

Член 46

(1) Основачкото собрание на Комората ќе се свика кога ќе се стекнат со лиценца   за вештачење  најмалку 20 вештаци од која било област на вештачење.

(2) Основачкото собрание го свикува министерот за правда најрано 15 дена пред одржување на седницата на основачкото собрание.

(3) На основачкото собрание се усвојува Деловникот за работа на Собранието на Комората, Статутот и правилникот за дисциплинска одговорност.

 

Член 47

Постапките за вештачење започнати пред денот на воспоставувањето на Регистарот од
членот 22 на овој закон ќе се завршат според одредбите од Судскиот деловник кои се
однесуваат на вештаците (“Службен весник на Република Македонија” број 71/2007 и
157/2009).

 

 

 

16 од 17


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година

 

Член 48

Како ден на воспоставување на Регистарот од членот 22 на овој закон се смета денот на
објавувањето  на  Регистарот  во “Службен  весник  на  Република  Македонија”  и  во

електронска форма на веб страницата на Министерството за правда.

Член 49

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

17 од 17