ЗАКОН ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

(пречистен текст)

(Службен весник на Република Македонија бр. 15/10, 12/14. 43/14, 148/15 и 64/18)

 

 

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Цел на Законот

 

Член 1

 

Со овој закон се уредува вршењето на вештачење, областите, условите и начинот на вршењето на вештачењето, субјектите кои вршат вештачење, условите и постапката за полагање на стручен испит за издавање, продолжување, престанок или за одземање на лиценца за вештачење за вршење на вештачење од соодветна област, награда и надоместок на трошоците за извршеното вештачење, основањето, надлежноста, организацијата и работењето на Комората за вештаци, надлежностите на Бирото за судски вештачења (во натамошниот текст: Бирото), организацијата и работењето, како и други прашања од значење за судските вештачења, супервештачења, процени и грижа за унапредување на работите на вештачењето.

 

Значење на изразите

 

Член 2

 

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:

1.   „Вештачење“ е изготвување на стручен наод и мислење изработено врз основа на примена на научни и стручни методи, технички достигнувања, стручни знаења и искуства во областите што се дефинирани во сите случаи определени со закон или по барање на заинтересирано лице - нарачател;

2.    „Супер вештачење“ - вештачење од повисок степен, односно стручно-критичка експертиза на две противречни вештачења, може да врши тим составен од најмалку тројца вештаци од соодветната област од орган на државна управа, високообразовна установа, научна установа или стручна установа и друштво за вештачење во кое има вработено најмалку тројца вештаци од соодветната област;

3.    „Друштво за вештачење“ е трговско друштво кое е регистрирано во согласност со Законот за трговскитe друштва и врши вештачење согласно сo овој закон;

4.   „Трговец поединец - вештак“ кое е регистрирано согласно со Законот за трговските друштва и кое ги исполнува условите за вршење вештачење утврдени со овој закон;

 

5.  „Вештак“ е лице кое има лиценца за вештачење од соодветната област и е запишан во регистарот на вештаци;

6.  „Стручен испит“ е испит кој се спроведува заради оценување на потребното стручно знаење за стекнување со уверение за положен стручен испит;

7.   „Лиценца за вештачење“ е документ издаден од Министерството за правда со кој се потврдува дека лицето може да врши вештачење од соодветната област;

 

8.    „Регистар на вештаци“ е јавна книга во која се евидентираат лицата на кои им се издава, одзема, продолжува или им престанува лиценцата за вештачење од соодветната област, органот на државната управа, високообразовната установа, научната установа и стручната установа кои вршат вештачење, трговецот поединец - вештак и друштвата за вештачење (во натамошниот текст: Регистарот)

 

и

9.   „Комора на вештаци“е професионално коморско здружување на вештаци основано со овој закон.

 

Основни начела

Член 3

 

При вршењето на вештачењето вештаците се должни да се придржуваат кон

следниве начела:

-  законитост,

-  стручност,

-  чесност,

-  непристрасност,

-  професионалност,

-  самостојност,

-  економичност,

-  одговорност,

-  совесност и

-  ефикасност.

Вештак

 

Член 4

 

(1)  Вештакот е независен и самостоен во вршењето на вештачењето во рамките на овластувањата утврдени со закон.

 

(2)    Вештакот е должен вештачењето да го врши стручно и совесно во согласност со правилата на науката и струката и етичките норми и да го достави до нарачателот на вештачењето навремено во согласност со роковите пропишани со закон.

Вршење на вештачење

 

Член 5

 

(1)  Вештачење може да врши:

 

-  високообразовна установа, научна установа и стручна установа врз основа на овластувања утврдени со закон доколку имаат вработено најмалку две лица со лиценца за вештачење,

 

-       трговец поединец - вештак основано согласно со Законот за трговските друштва кое ги исполнува условите од овој закон и има вработено најмалку едно лице со лиценца за вештачење и

-  трговско друштво кое е регистрирано во согласност со Законот за трговските друштва и врши вештачење согласно со овој закон и има вработено најмалку две лица со лиценца за вештачење.

(2) Установите и друштвото од ставот (1) алинеи 1 и 3 на овој член може да вршат и супер вештачење доколку имаат вработено најмалку три лица со лиценца за вештачење.

 

(3) За одделни работи, утврдени со закон, вештачење може да врши орган на државна управа кој има вработено најмалку две лица со лиценца за вештачење, а супер вештачење може да врши доколку има вработено најмалку три лица со лиценца за вештачење.

 

(4) Супер вештачењето го определува претседателот на советот или судија поединец по електронски пат со примена на правилото на случаен избор од Регистарот во присуство на двете странки, односно нивните полномошници.

 

Член 5-а

 

(1)   За потребите на органите на државната управа, јавните прептријатија и акционерските друштва во државна сопственост, вештачење врши Бирото за судски вештања по претходно поднесено писмено барање за вештачење во соодветните области.

 

(2)   Формата и содржината на образецот на писменото барање ги пропишува министерот за правда.

 

Водење евиденција

 

Член 6

 

(1)   Друштво за вештачење, трговец поединец - вештак, орган на државната управа, високообразовна установа, научна установа и стручна установа се должни да водат евиденција за извршените вештачења, односно супер вештачења.

 

(2)  Формата, содржината и начинот за водење евиденција од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за правда.

 

Странски вештак

 

Член 7

 

Доколку во Република Македонија нема вештак или установа од определена област и во други случаи определени со закон, вештачење може да врши странски вештак или странска стручна институција, според законите на државата во која се регистрирани и ги исполнуваат условите за вршење на вештачење.

 

Области на вештачење

 

Член 8

 

Вештачењето се врши во следниве области:

 

-  материјално, сметководствено и финансиско работење,

 

- медицина (психијатрија, невропсихијатрија, хирургија, гинекологија, кардиологија, ортопедија и други),

 

-  ветеринарство,

 

-  градежништво и архитектура,

 

-  електротехника,

-  информатички технологии,

 

-  машинство и сообраќај,

-  земјоделство, шумарство и водостопанство,

-  графологија,

-  геодезија,

-  рударство,

-  технолошко инженерство,

-  хемиско биолошко,

-  молекуларна биологија и генетика,

-  токсикологија и дроги,

-  балистика,

-  заштита на животната средина и екологијата,

-  заштита на културното наследство,

-  заштита на авторското право и други сродни права и права од интелектуална сопственост и

 

-  други области.

 

Услови за полагање на стручен испит

 

Член 9

 

(1)   Стручниот испит се полага заради проверка на потребното стручно знаење од соодветната област.

 

(2)  Стручен испит може да полага лице кое ги исполнува следниве услови:

 

-  да е државјанин на Република Македонија,

 

-  да има живеалиште во Република Македонија,

 

-   да има високо образование од соодветната област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС)),

 

-   со правосилна одлука да не му е изречна забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната и

 

-     да има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето во соодветната област за која е поднесено барањето за полагање на стручен испит.

 

Начин на спроведување на испитот

 

Член 10

 

(1)  Испитот се состои од два дела и тоа:

 

-    прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и

 

-  втор дел (практичен пример), со кој се проверува практичната способност на кандидатите.

 

(2) Првиот дел од испитот од ставот (1) на овој член се полага писмено по електронски пат, со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер.

 

(3) Вториот дел на испитот се состои од:

 

-  практичен пример и

 

-   прашања кои треба кандидатот да ги одговори врз основа на анализата на практичниот пример.

Член 11

 

(1) Испитот се полага според програма во која се содржани градивото, прописите и литературата.

 

(2)   Програмата за полагање на испитот од соодветната област ја донесува министерот за правда.

 

Член 12

 

(1)   Базите на прашања за првиот и базите на практични примери за вториот дел на испитот од членот 18-ѓ од овој закон ги изготвуваат професори од соодветната област и лица на кои им е издадена лиценца за вештачење и имаат најмалку десет години работно искуство во соодветната област определени од министерот за правда.

 

(2)  Прашањата од првиот дел од испитот и прашањата и практичните примери од вториот дел од испитот ги верификува Комисија составена од:

 

- двајца претставници од Министерството за правда, назначени од министерот за правда,

 

- тројца претставници назначени од Комората на вештаци и

- двајца претставници назначени од Врховниот суд на Република Македонија од редот на судиите во Република Македонија.

 

(3)   Комисијата од ставот (2) на овој член врши и ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на практични примери од членот 18-ѓ од овој закон најмалку двапати годишно.

 

(4)  При ревизијата Комисијата особено ги има предвид промените на прописите на кои е засновано прашањето, односно практичниот пример, бројот на кандидати кои го одговорале, успешноста во одговарањето на истите, како и други критериуми кои можат да влијаат на подобрувањето на квалитетот на базите од членот 18-ѓ од овој закон.

 

(5)   Врз основа на извршената ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на студии на случај, Комисијата одлучува најмалку 30% од прашањата и практичните примери да бидат изменети или целосно отстранети и заменети со нови од базите од член 18-ѓ на овој закон.

 

(6)  Професорите и лицата од ставот (1) на овој член и членовите на Комисијата за верификација од ставовите (1) и (2) на овој член имаат право на паричен надоместок што го определелува министерот за правда.

 

(7)  Износот на паричниот надоместок од ставот (6) на овој член се определува врз основа на бројот на изготвени прашања и практични примери, како и сложеноста на материјата.

 

(8)  Годишниот износ на паричниот надоместок од ставот (6) на овој член не го надминува нивото на три просечни месечни бруто плати.

 

Член 13

 

(1)   Стручните и административните работи за потребите на спроведување на стручниот испит ги врши Министерството за правда за што министерот за правда определува одговорно лице кое утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот, а испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар избрано од министерот за правда.

 

(2)  Со глоба од 2000 до 3000 евра денарска противвредност ќе се казни лицето од ставот (1) кое ќе дозволи да полага кандидат кој не ги исполнува пропишаните услови од овој закон.

 

(3)   На одговорното лице од став (1) на овој член за секоја одржана испитна сесија му следува паричен надоместок, во износ од една третина од просечната нето плата во Република Македонија, за што Министерството за правда донесува решение.

 

Член 14

 

Стручниот испит за вештак од соодветната област се спроведува најмалку два

 

пати годишно.

 

Член 15

 

(1)  Барањето за полагање на испит кандидатот го поднесува до Министерството за правда.

 

(2)   Со барањето за полагање на испитот кандидатот е должен да поднесе докази за исполнување на условите за полагање на стручниот испит, пропишани со овој закон.

 

Член 16

 

(1)     Министерот за правда, или од него овластено лице, утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот.

 

(2)  Против решението со кое е одбиено барањето за полагање на испитот може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

 

Член 17

 

На кандидатот му се овозможува да започне да го полага испитот во првиот

 

нареден термин од денот на одобреното барање за полагање на испитот.

 

Член 18

 

(1)  Испитот се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето.

 

(2)   Кандидатите на кои им е одобрено барањето за полагање на испитот и јавноста се информираат за датумот и времето на полагање на испитот, најмалку осум дена пред одржување на испитот преку веб страната на Министерството за правда и Јавниот радиодифузен сервис.

 

(3)  Полагањето на испитот се снима и во живо се емитува на веб страницата на Министерството за правда, а ако поради технички причини снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на веб страницата на Министерството за правда.

 

(4)   Критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на стручен испит ги пропишува министерот за правда.

 

(5)  Во просторијата за полагање на испитот за време на полагање на испитот се присутни двајца претставници од Министерството за правда, еден претставник од Комората на вештаци, еден претставник од Владата на Република Македонија на предлог на Канцеларијата на претседателот на Владата и еден претставник од Министерството за информатичко општетсво и администрација (информатичари).

(6)   На претставниците од ставот (5) на овој член за секоја одржана испитна сесија им следува паричен надоместок, во износ од една третина од просечната нето плата во Република Македонија, за што Министерството за правда донесува решение.

 

(7)  Овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот е должно да го блокира радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот за време на спроведување на испитните сесии.

 

(8)   Агенцијата за електронски комуникации (во натамошниот текст: АЕК) врши постојан мониторинг на блокирањето на радио фрекфенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот, со цел да се спречи секаков вид на електронска комуникација со околината надвор од просторијата за полагање на испитот.

 

(9)   АЕК во просторијата за полагање на испитот инсталира мерна опрема која обезбедува електронски запис од извршените мерења во траење од 30 дена, и истите се складираат во централниот контролен систем на АЕК.

 

(10)   АЕК формира тричлена комисија која изготвува извештај врз основа на електронските записи складирани во централниот контролен систем на АЕК и истиот го доставува до Министерството за правда најдоцна во рок од 15 дена од завршување на испитната сесија.

 

(11)  Глоба во износ од 10.000 евра во денарска противредност ќе се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот од ставот (7) од овој член доколку не го блокира радио фрекфенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот.

 

(12)  Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот од членот 13 од овој закон, доколку не го снима, не го емитува во живо на веб страницата на Минситерството за правда и доколку не ја постави снимката од целиот испит на веб страницата на Министерството за правда согласно со ставот (3) на овој член.

 

Член 18-а

 

(1)     Пред почетокот на полагањето на стручниот испит, претставник од Министерството за правда го утврдува идентитетот на кандидатот со увид во лична карта.

 

(2)   На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.

 

(3)   На кандидатот за време на полагањето на вториот дел од испитот му се дозволува користење единствено на закони (без коментари и објаснувања) кои во електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот.

 

(4)  На кандидатот за време на полагањето на првиот и вториот дел од испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица освен со информатичарите од членот 18 став (5) од овој закон, во случај доколку има технички проблем со компјутерот.

 

(5)  Ако техничките проблеми со компјутерот ќе бидат отстранети за пет минути испитот продолжува, а доколку не бидат отстранети во овој рок испитот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот.

 

(6)  Ако има проблеми со повеќе од пет комјутери и ако тие не бидат отстранети во рок од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати кои го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот.

 

(7)   Доколку кандидатот при полагањето на првиот и вториот дел од испитот постапува спротивно од ставовите (2), (3) и (4) на овој член, нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во тој утврден термин и му се изрекува забрана за полагање на испитот во траење од три години, за што Министерството за правда донесува решение против кое може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

 

(8)   Во случаите од ставот (7) на овој член се смета дека кандидатот не го положил стручниот испит и истото се констатира во записникот за полагање на стручниот испит.

 

(9)  Овластените претставници од членот 18 став (5) од овој закон за време на полагањето на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од пет минути.

 

(10)  Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластениот претставник од членот 18 став (5) од овој закон, доколку постапи спротивно на ставот (9) на овој член.

 

(11)  Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече на овластената институција која го спроведува испитот од членот 13 од овој закон, доколку не го прекине испитот согласно со ставовите (5) и (6) на овој член.

 

(12)  Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече на овластените претставници од член 18 став (5) од овој закон ако постапат спротивно на ставот (7) од овој член.

 

(13)  Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на кандидатот кој постапува спротивно на член ставовите (2), (3) и (4) од овој член.

 

Член 18-б

 

(1)  Ако во текот на полагањето на испитот настанат оправдани причини поради кои кандидатот не може да го продолжи полагањето на испитот (болест, породилно отсуство и слично), ќе се прекине испитот за определено време, кое не може да биде подолго од шест месеци.

 

(2)   Решение за продолжување на испитот донесува министерот за правда по молба на кандидатот. Молбата се поднесува во рок од осум дена од престанокот на причините за одлагање на испитот, но најдоцна во рок од шест месеци.

 

(3)   Ако кандидатот не поднесе молба за продолжување на испитот во рокот определен во ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил.

 

(4)   Против решението на министерот за правда од ставот (2) на овој член кандидатот може да се поведе управен спор пред надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

 

(5)    Во продолжувањето на испитот, кандидатот не го полага оној дел од испитот што претходно веќе го има полагано.

 

Прв и втор дел од стручниот испит и електронски систем

 

Член 18-в

 

(1)  Стручниот испит започнува со полагање на првиот дел (теоретскиот дел), а потоа на вториот дел (практичен пример).

 

(2)   Вториот дел се полага во рок од најмалку 15 дена по успешното полагање на првиот дел.

 

(3)  Министерот за правда со Правилник го пропишува начинот на бодирање на првиот и вториот дел од испитот.

 

Член 18-г

 

(1)    Првиот дел од испитот се полага за секоја соодветна област и содржи најмалку 50 прашања со пет опции за заокружување од кои едната е точна, две се слични, едната не е точна во мал обем (на неа се губат мал број поени) и една не

 

е  точна во голем обем (на неа се губат поголем број поени).

 

(2)   Услов за полагање на вториот дел од испитот е кандитатот да го положи првиот дел од испитот.

 

(3)    Доколку кандидатот не го положил првиот дел од испитот согласно со ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил.

 

Член 18-д

 

(1)  Вториот дел од испитот се состои од практичен пример.

 

(2)   Прашањата кои се составен дел од практичниот пример се од соодветната област и имаат десет можни опции на одговори од кои едната е точна, пет се слични и четири се различни.

 

(3)  Доколку кандидатот не го положил вториот дел од испитот ќе се смета дeка испитот не го положил.

 

Член 18-ѓ

 

(1)   Полагањето на првиот дел од стручниот испит се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер.

 

(2)     Прашањата од тестот зависно од тежината се вреднуваат со поени определени во тестот.

 

(3)   Полагањето на вториот дел од стручниот испит се врши со проучување на практичниот пример и одговарање на определен број прашања кои произлегуваат од практичниот пример, во вид на електронско софтверско решение (во натамошниот текст: електронски практичен пример).

 

(4)   Прашањата од практичниот пример зависно од тежината, се вреднуваат со поени определени во практичниот пример.

 

 

(5)  Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на стручниот испит и нивните одговори, како и практичниот пример и прашањата кои произлегуваат од практичните примери и нивните одговори се чуваат во единствениот електронски систем за полагање на стручниот испит.

 

(6)   Електронскиот систем од ставот (5) на овој член содржи и јавно достапна база од најмалку 500 прашања за секоја област, како и јавно достапна база од најмалку 100 практични примери за секоја област, за потребите на вториот дел од испитот.

(7)     Во електронскиот систем е содржано и посочување на прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата од првиот дел од испитот и прописите за вториот дел од испитот.

(8)   Бројот на прашања и практични примери во базите од ставот (6) на овој член се зголемува за 10% годишно, почнувајќи од 2015 година.

 

(9)    Резултатите од полагањето на првиот и вториот дел од испитот му се достапни на кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот, веднаш по неговото завршување.

 

Член 18-е

 

(1)    На денот на полагањето на првиот, односно вториот дел од испитот, претставник на Министерството за правда му дава на кандидатот пристапен код, односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем од членот 18-ѓ од овој закон.

 

(2)   По одобрувањето на пристапот, кандидатот добива електронски тест за првиот дел од испитот, односно електронски практичен пример за вториот дел од испитот, компјутерски генерирани, чија содржина по случаен избор ја одредува софтверот на електронскиот систем од членот 18-ѓ став (5) од овој закон, од базите од членот 18-ѓ став (5) од овој закон.

 

(3)  Првиот и вториот дел од испитот содржат упатство за начинот на решавање на истиот, за кое претставник на Министерството за правда дава појаснување, пред да започне полагањето на испитот.

 

(4)  Електронскиот систем за полагање на испитот не може да дозволи постоење на идентична содржина на електронски тест за првиот дел од испитот, односно електронски практичен пример за вториот дел од испитот во еден термин за повеќе од еден кандидат.

 

Член 18-ж

 

(1)   Во случај на спреченост на спроведување на првиот или вториот дел од испитот, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем од членот 18-ѓ од овој закон, полагањето на испитот се прекинува.

 

(2)  Доколку причините од ставот (1) на овој член ќе се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот, истиот се продолжува веднаш по нивното отстранување.

 

(3)  Доколку причините од ставот (1) на овој член нема да се отстранат во рокот од ставот (2) на овој член испитот се презакажува за друг термин.

 

Член 18-з

 

(1)   Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот дел од тестот за полагање на испитот изнесува 120 минути.

 

(2)   Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени.

 

Член 18-ѕ

 

(1)   Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од секоја од практичниот пример од вториот дел изнесува 120 минути.


(2)   Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од практичниот пример постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени.

 

Уверение, ревизија на спроведените испити и

 

трошоци

 

Член 18-и

 

(1)  На кандидатите кои го положиле испитот им се издава уверение во рок од 15 дена од денот на завршувањето на испитот.

 

(2)    Формата и содржината на уверението од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за правда.

 

Член 18-ј

 

На барање на кандидатот Министестерството за правда го информира за направените грешки во тестот за полагање на стручниот испит, со овозможување непосреден увид во тестот.

 

Член 18-к

 

(1)   Тестовите и практичните примери се користат и се даваат на кандидатот само за време на полагањето на стручниот испит.

 

(2)     Материјалите од одржаните испити, особено хартиените верзии од тестовите и практичните примери за полагање на стручниот испит и специмените за проверка на точноста на одговорите на тестот и практичниот пример, како и снимките од одржаните испити се чуваат во Министерството за правда.

 

(3)  Министерот за правда формира Комисија за ревизија на одржаните испити, која во својата работа ги користи материјалите од ставот (2) на овој член и во која, покрај претставник од Министерството за правда и претставник од Комората на вештаци, членуваат и претставник од Владата на Република Македонија и информатичар од Министерството за информатичко општество и администрација определен од Владата на Република Македонија.

 

(4)  Комисијата од став (3) на овој член се состанува по секоја одржана испитна сесијаи врши ревизија на спроведување на испитот, вклучувајќи и дали испитот го полагале кандидати кои ги исполнуваат условите за полагање на испитот согласно член 9 од овој закон,за што доставува извештај до министерот за правда. Со глоба од 2000 до 3000 евра во денарска противвредност ќе се казнат членовите на Комисијата доколку утврдат неправилности во спроведувањето на испитот, а за тоа не го известат министерот за правда.

 

(5)  На членовите на Комисијата од ставот (3) на овој член им следува паричен надоместок, кој на годишно ниво изнесува една просечна нето плата во Република Македонија, за што Министерството за правда донесува решение.

 

(6)  Доколку Комисијата утврди нерегуларности во спроведувањето на испитот од страна на поединци во смисла на членот 18-а став (5) од овој закон, предлага одземање на уверението од членот 18-и од овој закон.

 

(7)   Министерот донесува решение за одземање на уверението врз основа на предлогот на Комисијата во рок од три дена од приемот на предлогот.

 

(8)   Против решението од ставот (7) на овој член може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

 

 

 

 

 

(9)  Глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на министерот за правда ако не го донесе решението во рокот утврден во ставот (7) на овој член.

 

Член 18-л

 

(1)     Трошоците за полагање на испитот ги сноси кандидатот, доколку институцијата каде што е вработен не ги плати.

 

(2)    Висината на надоместокот од ставот (1) на овој член ја определува министерот за правда врз основа на реално направените трошоци за полагање на испитот, неопходни за спроведување на првиот и вториот дел на испитот, подготовката на базите на прашања, спроведувањето на електронскиот тест, изготвување на материјали и покани и изготвување на уверенија.

 

(3)  Трошоците за полагање на испитот се уплатуваат на сметката на сопствени приходи на Министерството за правда.

 

(4)   Ако трошоците не се уплатени на соодветна сметка на Министерството за правда, најдоцна 15 дена пред денот определен за спроведување на испитот, на кандидатот не му се дозволува полагање на испитот.

 

(5)  Ако кандидатот во рок од една година од денот на уплатата на средствата не го полага испитот, уплатените средства се враќаат согласно со закон.

 

Член 18-м

 

За  прекршоците  пропишани  со  овој  закон,  прекршочна  постапка  води  и

прекршочна санкција изрекува надлежен суд.

 

Член 18-н

 

Одмерувањето на глобите за правните лица ќе се врши согласно Законот за

прекршоците.

 

Издавање и продолжување на лиценцата

 

за вештачење

 

Член 19

 

(1)  Лицето кое положило стручен испит, може да поднесе барање за издавање на лиценца за вештачење до Министерството за правда.

 

(2)  Со барањето од ставот (1) на овој член се приложува:

 

-  доказ за положен стручен испит

 

(3)     Министерството за правда на лицето кое ги исполнува условите од ставовите (1) и (2) на овој член му издава лиценца за вештачење.

 

(4)  Лиценцата за вештачење се издава со важност во траење од пет години.

 

(5)  Лиценцата за вештачење се продолжува врз основа на поднесено барање до Министерството за правда за продолжување на лиценцата за вештачење најдоцна два месеца пред истекот на важењето од ставот (4) на овој член, ако во постапка пред надлежен орган, во која го врши вештачењето, парично не е казнет три пати во текот на една календарска година и ако секоја година ја исполнил обврската за посетување на обуката за континуирано усовршување која ја спроведува Комората на вештаци.

 

(6)   Вештаците на кои им е издадена лиценца за вештачење од соодветната област каде предмет на вештачење се недвижности се должни електронски да се поврзат со информатичкиот систем на Агенцијата за катастар на недвижности

 

 

 

 

заради користење на податоци потребни за вршење на вештачењето и задолжително ги користат услугите на Агенцијата за катастар на недвижности по електронски пат.

 

(7)    Формата, содржината и образецот на лиценцата за вештачење, како и начинот на нејзиното издавање и продолжување ги пропишува министерот за правда.

 

Член 20

 

(1)    Со лиценца за вештачење без полагање на стручен испит може да се стекне:

 

1)     доктор на науки од соодветна научна област или трет циклус на универзитетски студии - докторски студии од соодветна научна област, по поднесено барање за лиценца за вештачење и доставување на потребната документација од членот 9 став (1) алинеи 1, 2, 3 и 4 на овој закон, по што му се издава лиценца за вештачење и се запишува во Регистарот;

2)    магистер на науки од соодветната научна област и лице со положен специјалистички испит по медицина или втор циклус на универзитетски студии - магистерски студии од соодветна научна област со пет години работно искуство по магистрирањето, односно положениот специјалистички испит, по поднесено барање за лиценца и доставување на потребната документација од членот 9 став

(1)   на овој закон, по што му се издава лиценца за вештачење и се запишува во Регистарот и

3)    лице кое има вишо или средно образование со регистриран занает од соодветна област (кујунџија, крзнар, часовничар, клучар, златар, оптичар или друг занает), по поднесување на барање за лиценца за вештачење и исполнување на следниве услови:

- да е државјанин на Република Македонија,

- да има живеалиште во Република Македонија,

- да има најмалку пет години работно искуство во соодветната област,

- да не е осуден со правосилна судска одлука за кривично дело на безусловна казна затвор над шест месеци за времето додека траат правните последици од осудата и

- да има потврда издадена од соодветна институција за вршење на занаетчиска дејност, по што му се издава лиценца за вештачење и се запишува во Регистарот.

4)  лице вработено во орган на државна управа и стручна установа надлежна за вршење на вештачење кое има најмалку пет години работно искуство во соодветна област на вештачење по поднесено барање за лиценца за вештачење и доставување на потребната документација од членот 9 став (1) алинеи 1, 2 и 3 од овој закон.

(2) Лицата од ставот (1) на овој член ќе се стекнат со лиценца за вештачење по претходно поднесено барање до министерот за правда доколку ги исполнуваат условите од ставот (1) на овој член.

 

Заклетва

 

Член 21

 

(1)  Лицата од членовите 19 став (3) и 20 на овој закон на денот на добивањето на лиценцата за вештачење пред министерот за правда и претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и претседателот на Комората на вештаци ја даваат следнава заклетва:

 

 

 

 “Се обврзувам и ветувам со својата чест дека вештачењето ќе го извршувам совесно, непристрасно, во согласност со правилата на науката и стручното знаење, етичките норми и професионалните стандарди и дека ќе ги доставувам своите наоди и мислења точно, навремено и потполно”.

 

(2)  Ако лицата од ставот (1) на овој член не дадат заклетва нема да им се даде лиценца за вештачење.

 

Регистар

 

Член 22

 

(1)   Издадените, одземените и продолжените лиценци на вештаците, како и лиценците на вештаците кои престанале да важат, се евидентираат во Регистарот кој го води Министерството за правда.

 

(2)   Регистарот од ставот (1) на овој член се објавува на веб страницата и на огласната табла на Министерството за правда, на веб страницата на Комората на вештаци и се доставува до судовите во Република Македонија.

 

(3)   Формата и содржината на Регистарот и начинот на неговото водење ги пропишува министерот за правда.

 

Содржина на Регистарот

 

Член 23

 

(1)    Регистарот од членот 22 на овој закон особено ги содржи следниве податоци:

 

1) име и презиме, адреса, телефонски број, електронско сандаче за прием на писмена и регистарски број на вештакот;

 

2) областа на вештачење за која е издадена лиценцата и

 

3) називот и седиштето на органот на државната управа, високообразовната установа, научната установа, стручната установа, друштвото за вештачење, односно трговецот поединец - вештак во кое е вработен вештакот.

 

(2)  Лицата, односно субјектите од ставот (1) на овој член се должни веднаш, а најдоцна во рок од осум работни дена да го известат Министерството за правда, Комората на вештаци и Централниот регистар на Република Македонија за сите промени во врска со податоците содржани во Регистарот.

 

Осигурување од одговорност

 

Член 24

 

(1)   Трговец поединец - вештак, друштво за вештачење, орган на државната управа, високообразовна установа, научна установа и стручна установа се должни да се осигурат од одговорност на штета која може да ја причинат при вршење на вештачењето спрема нарачателот или трето лице.

 

(2)  Најнискиот износ на осигурување од одговорност на штета изнесува 20.000 евра во денарска противвредност за друштво за вештачење, орган на државната управа и установа, 3.000 евра во денарска противвредност за трговец поединец - вештак и 500 евра во денарска противвредност за лицата од членот 20 став (1) точка 3 на овој закон.

(3)  Трговец поединец - вештак, друштво за вештачење, орган на државната у права, високообразовна установа, научна установа и стручна установа кои

 

вршат вештачење се должни редовно да го продолжуваат осигурувањето од одговорност на штета.

 

(4)   Трговец поединец - вештак, друштво за вештачење, орган на државната управа, високообразовна установа, научна установа и стручна установа и лицата од членот 20 став (1) точка 3 на овој закон можат покрај износот предвиден во ставот (2) на овој член, дополнително да се осигури и на повисок износ, по барање на нарачателот на вештачењето.

 

(5)    Осигурувањето од одговорност уредено согласно со овој член не го ослободува вештакот од неговата одговорност кон оштетените лица, за нанесена штета согласно со закон.

 

(6)   Субјектите од ставот (1) на вој член се должни секоја година да достават доказ до Министерството за правда и Комората на вештаци дека се осигурени согласно со овој член.

 

Континуирана обука

 

Член 25

 

(1)   Континуираната обука претставува постојано стручно усовршување со цел за проширување на теоретските и практичните знаења и вештини заради стручно

и  ефикасно вршење на вештачењето.

(2)   Вештакот е должен континуирано стручно да се усовршува, да биде во тек со научните достигнувања и методи во струката и да учествува на советувања, обуки и други форми на едукација во земјата.

(3)  Континуираната обука е задолжителна.

(4)  Вештакот секоја година има обврска да ја посетува обуката за континуирано усовршување која ја спроведува Комората на вештаци во соработка со Министерството за правда.

(5)    Не посетувањето на обуката од ставот (2) на овој член се смета за дисциплински престап, во согласност со овој закон.

 

Одземање на лиценцата за вештачење

 

Член 26

 

(1)  Лиценцата за вештачење ја одзема министерот за правда, ако: - вештакот ја загуби деловната способност, - лиценцата е издадена врз основа на неточни податоци,

 

- вештакот во постапка пред надлежен орган, во која го врши вештачењето,

парично е казнет три пати во текот на една календарска година,

-   со правосилна одлука е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, за времето додека траат правните последици од изречената забрана,

 

-  е осуден со правосилна судска одлука за кривично дело на безусловна казна затвор над шест месеци, за времето додека траат правните последици од осудата,

 

-      е доставен предлог за одземање на лиценцата за вештачење од Дисциплинската комисија на Комората на вештаци за изречена дисциплинска мерка согласно со членот 39 став 1 точка 3 и членот 40 став (3) од овој закон и

 

-    вештакот не извршил уплата на годишната членарина во Комората на вештаци до крајот на тековната година.

 

(2)  Органот од ставот (1) алинеја 3 на овој член го известува Министерството за правда и Комората за вештаци за донесената одлука со која на вештакот му е изречена парична казна.

 

(3)   Вештакот на кој му е одземена лиценцата за вештачење во случаите од ставот (1) алинеи 1, 2, 3, 6 и 7 на овој член не може да се стекне со нова лиценца за вештачење три години од денот на одземањето на лиценцата за вештачење.

 

 

 

 

 

Престанок на лиценцата за вештачење

 

Член 27

Лиценцата за вештачење престанува да важи:

-  ако вештакот сам побара,

-  со смрт на вештакот и

 

-  по истекот на рокот на важноста од членот 19 став (4) на овој закон, доколку не се продолжи.

 

Бришење од Регистарот

 

Член 28

 

(1)   Министерот за правда за одземање на лиценца за вештачење согласно со членот 26 од овој закон и престанок на лиценца за вештачење согласно со членот 27 од овој закон донесува решение со кое вештакот го брише од Регистарот.

 

(2)   Доколку вештакот не поднесе доказ за осигурување согласно со членот 24 од овој закон министерот за правда со решение ќе го избрише вештакот од Регистарот.

 

(3)   Против решението од ставовите (1) и (2) на овој член може да се поведе управен спор пред надлежен суд.

 

(4)   Решенијата од ставовите (1) и (2) на овој член министерот за правда по службена должност ги доставува до Централниот регистар на Република Македонија и до Комората на вештаци.

 

Награда и надоместок

 

Член 29

 

(1)   Вештакот за извршеното вештачење или супер вештачење има право на награда за извршеното вештачење или супер вештачење и право на надоместок за реално потребните трошоци.

 

(2)   Висината на наградата за извршеното вештачење или супер вештачење се утврдува според висината на паричната вредност на предметот на вештачење, сложеноста на вештачењето, потребното време за прибирање на податоците и изработка на вештачењето (наодот и мислењето).

 

(3)  Висината на реално потребните трошоци се утврдува врз основа на реално потребните патни и дневни трошоци и материјалните трошоци.

 

(4)   Начинот за пресметување на наградата и надоместокот од овој член ги пропишува министерот за правда по претходно мислење од Комората на вештаци.

 

Член 29-а

 

Уредбата за начинот на пресметување на висината на надоместокот за реално потребните трошоци за вештачењата извршени од Бирото за судски вештачења за потребите на органите на државната управа, јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост на предлог на министерот за правда ја донесува Владата на Република Македонија.

Доставување на податоци

 

Член 30

 

(1)    Одговорните лица во институциите, установите и органите кои водат евиденции, регистри, јавни книги, збирки на лични податоци и други податоци кои на вештакот му се потребни за изработка на вештачењето, во постапка утврдена со закон, се должни на вештакот без одлагање, во постапка утврдена со закон и без надоместок да му ги дадат потребните податоци.

 

(2)  Вештакот е должен податоците од ставот (1) на овој член да ги користи во согласност со овој закон и прописите кои се однесуваат на заштита на личните податоци и класифицираните информации.

 

II.  КОМОРА НА ВЕШТАЦИ И ОРГАНИ НА КОМОРАТА

 

Комора на вештаци

 

Член 31

 

(1)  Комората на вештаци е самостојна и професионална институција на вештаци здружени заради заштита и унапредување на стручноста, етичките должности и права, за подобрување на квалитетот на вештачењето, за следење на односот на вештаците кон општеството и граѓаните, како и заради заштита на вештаците.

 

(2)  Вештаците се организираат во Комора на вештаците (во натамошниот текст: Комората). Седиштето на Комората е во Скопје.

 

(3)    Комората има својство на правно лице и се запишува во Централниот регистар на Република Македонија.

 

(4)   Комората ги има следниве акти: Статут, Кодекс на етика на вештаците, Правилник за дисциплинска одговорност и други акти.

 

(5)      Со Статутот на Комората особено се уредуваат организацијата, управувањето, работењето, континуираната обука, финансирањето на Комората и внатрешната контрола.

 

(6)   Со Кодексот на етика на вештаците (во натамошниот текст: Кодексот) се уредуваат правата и обврските на вештаците, правата и обврските за континуирана обука, професионално однесување и одговорност, конфликт на интереси, професионалниот однос кон нарачателот на вештачењето и други прашања од интерес на вештаците.

 

(7)   Органи на Комората се Собрание на Комората, Управен одбор, Надзорен одбор, претседател на Комората и Дисциплинска комисија.

 

(8)  Комората воспоставува и одржува соработка со сродни домашни и странски институции, здруженија и комори на вештаци.

 

Собрание на Комората

 

Член 32

 

(1)     Собранието на Комората го сочинуваат сите вештаци во Република Македонија.

 

(2)  Собранието на Комората го чува угледот и честа во вршење на работите на вештачењето и се грижи вештаците да ги вршат своите должности совесно и во согласност со овој и друг закон, Кодексот и другите акти за вршење на вештачењето.

(3)  Собранието на Комората се состанува најмалку еднаш годишно, одлучува на седница, ако се присутни најмалку половина од вкупниот број вештаци, а одлучува со мнозинство гласови од присутните вештаци.

(4)   Доколку на Собранието на Комората не се присутни половина од вкупниот број вештаци согласно условите пропишани со овој член се свикува повторно во дополнителен рок од 30 дена.

 

(5)   На Собранието свикано во дополнителниот рок потребно е присуство од најмалку една третина од вкупниот број на вештаци. Собранието свикано во дополнителниот рок одлучува со мнозинство гласови од присутните вештаци.2

 

(6)    Седница на Собранието на Комората може да свика претседателот на Комората врз основа на одлука на Управниот одбор или на писмено барање од најмалку 20 члена на Комората.

 

(7)   Ако претседателот не ја свика седницата во рок од 30 дена од денот на донесувањето на одлуката на Управниот одбор, односно од поднесеното барање на членовите на Комората, седницата ќе ја свика членот на Управниот одбор определен од овој орган, односно членовите на Комората кои го поднеле барањето.

 

(8)   Ако седница на Собранието на Комората не ја свика членот на Управниот одбор или членовите на Комората од ставот (5) на овој член, седница на Собранието на Комората може да свика и министерот за правда.

 

(9)       Со седницата на Собранието на Комората раководи работно претседателство од тројца членови избрани од присутните членови на седницата на Собранието на Комората.

(10)   Членовите на Управниот одбор, претседателот на Комората и на другите органи на Комората се избираат со мандат од две години, со право на уште еден избор.

(11)  Сите трошоци направени во врска со активност на вештак во органите на Комората, во комисиите и работните групи, паѓаат на товар на Комората.

 

Надлежност на Собранието на Комората

 

Член 33

 

Собранието на Комората:

1)  донесува Статут и Деловник за работа на Собранието;

2)    донесува други акти на Комората и стандарди потребни за вршење на вештачењето;

3)  избира членови на Управниот и Надзорниот одбор, претседател на Комората

и   членови на другите органи на Комората. Бројот на членовите на Управниот одбор го одредува Собранието во согласност со статутот. Бројот на членовите на Управниот одбор вклучувајќи го и претседателот мора да биде непарен;

4)     разгледува предлози, барања и препораки за успешно вршење на вештачењето и работата на Комората;

5)    одлучува за начинот на организирањето на континуираната обука на вештаците;

6)  усвојува програма за работа на Комората;

7)   усвојува годишна сметка за претходната година со предлог на пресметка за наредната година;

8)  разгледува и усвојува извештај за севкупните активности;

 

9)   определува висина на членарината која не може да биде поголема од една просечна месечна бруто плата исплатена во Република Македонија во претходната година и го утврдува начинот на плаќање;

 

10)  одлучува за употреба на средствата остварени од парични казни согласно со одредбите на овој закон;

 

11)  одлучува за начинот на контрола над работењето на вештаците и

 

12)   одлучува за сите други прашања предвидени со овој закон и Статутот на Комората.

 

Управен одбор

 

Член 34

 

(1)  Управниот одбор:

 

1)  утврдува предлог на Статутот и на другите акти на Комората;

 

2)     презема и спроведува иницијатива за разгледување на прашања од заеднички интерес на вештаците;

 

3)  донесува Деловник за работа на Управниот одбор;

 

3-а) Донесува Кодекс на етика по претходно позитивно мислење од министерот за правда;

 

3-б) Составува предлог листа на вештаци кои не извршиле уплата на износот на годишна членарина, определен од Собранието на Комората согласно со членот 33 став (1) точка 9) од овој закон и истата ја доставува најдоцна до 10 јуни во тековната година за која