Почитувани,

 

Ве информираме дека Испитот за медијатори во Октомвриската испитна сесија 2018 година ќе се полага согласно следниот распоред:

·         Прв дел (теоретски дел) - 18.10.2018 година (четврток) со почеток во 12.30 часот,

·         Втор дел (студии на случај) - 26.10.2018 година (петок) со почеток во 13.00 часот.

За третиот дел од испитот, кандидатите дополнително ќе бидат известени.

Испитот ќе се полага во просториите на Испитниот центар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, бул. Гоце Делчев бр.9б, Скопје.

 

НАПОМЕНА: Кандидатот може да го одложи полагањето на испитот од оправдани причини, најдоцна 48 часа пред почетокот на испитот со поднесување на писмено барање за одложување на испитот до Архивата на Министерството за правда.