Преглед на имплементацијата на Конвенцијата – Втор циклус (глави II и V)

Статус: Во завршна фаза

Држави чии експертски тимови го спроведоа прегледот: Црна Гора и Молдавија

Нацрт извршно резиме од  извештајот од спроведениот преглед  (АНГ)

Координатор на процесот: Елена Димовска

Контакт: ElenaDimovska@mjustice.gov.mk

 

Преглед на спроведени поважни активности од страна на Тимот владини експерти:

o   Известување за почеток на процесот за вршење на само-оценката за имплементацијата на Конвенцијата,  со повик до сите заинтересирани поединци и организации да се информираат во врска со активностите во рамки на процесот преку координаторот на процесот (Министерство за правда) – септември 2017 година;

o   Иницијален состанок - средба помеѓу членовите на Тимот владини експерти и претставници од заинтересирани и поканети граѓански организации и бизнис асоцијации – 18 септември 2017 година;

o   Работилница за размена на мислења со граѓански организации и бизнис асоцијации по однос на имплементацијата на Конвенцијата, во деловите глава II и глава V – 31 октомври 2017 година;

o   Иницијална трилатерална телеконференција на експертските тимови1 декември 2017 година;

o   Доставен одговорен прашалник за самооценка на имплементацијата на Конвенцијата  –  5 јануари 2018 година;

o   Експертска посета за преглед на имплементацијата на Конвенцијата – 15-17 мај 2018 година;

o   Посебен состанок на претставници на академската заедница, заинтересирани граѓански организации и бизнис асоцијации со странските тимовите експерти кои го вршат прегледот, во рамки на експертската посета  – 17 мај 2018 година;

o   Преговори по однос на извршното резиме – 23 април – 9 декември 2019 година;

o   Објавен нацрт текст на извршното резиме – 12 декември 2019 година;