ДП.бр. 12- 4- 18/19
 
Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РСМ (подолу како ДК при КИРСМ) во состав: Ванчо Марковски извршител, како Претседател на Дисциплинска комсија, Николче Диневски извршител, член известител на Дисциплинска комисија на КИРСМ, Весна Богдановска судија на Основен граѓански суд Скопје, Јусуф Ајрулахи судија на Основен кривичен суд Скопје и Јасна Жежова член на Совет на Јавните обвинители на РСМ, како членови на Дисциплинска комисија, Снежана Пижевска како записничар, постапувајќи по Предлог за поведување на дисциплинска постапка УПП 09-3871/5 од 16.10.2019 година на Министерството за правда на РСМ,  во присуство на извршителот, по одржан главен претрес на ден 24.12.2019 година, го донесе следното:
                                                                        РЕШЕНИЕ
 
СЕ ОГЛАСУВА ЗА ВИНОВЕН извршител С.Г. именуван за подрачјето на Основен суд Б. и Основен суд Р.,
 
ЗАТОА ШТО:
Извршител С.Г. од Б. во 2018 година нема доставено до Министерството за правда на РМ квартални извештаи за својата работа во електронска форма, со што постапил спротивно на член 56 став 1 од Законот за извршување, и сторил дисциплинска повреда „ ненавремено или неточно ги доставува извештаите за неговата работа утврдени со овој закон по чл. 64 став 1 алинеја 9 од Законот за извршување („Службен весник на РМ“ бр.72/16, 142/16), па на извршител С.Г. од Б. му се изрекува дисциплинска мерка,
ПИСМЕНА ОПОМЕНА
 
согласно чл. 62 став 1 точка а) од Законот за извршување („Службен весник на РМ“ бр.72/16, 142/16). 
                                                                        Образложение
На ден 25.10.2019 година Министерството за правда на РСМ до Комората на извршители на РСМ достави Предлог за поведување на дисциплинска постапка УПП бр. 09-3871/5 од 16.10.2019 година против извршител С.Г., именуван за подрачјето на Основен суд Б. и Основен суд Р. врз основа на Извештај бр. 09-3871/2 од 10.10.2019 година и записник за извршен надзор од страна на Министерството за правда на РСМ врз работата на извршител С.Г. спроведен на ден 30.09.2019 година во канцеларијата на извршителот на ул. ---- бр.-- во Б.
Предлогот за поведување дисциплинска постапка УПП.бр. 09-3871/5 од 16.10.2019 година на Министерството за правда на РСМ е поднесен против извршител С.Г. од Б.  за сторена дисциплинска повреда од член 64 став 1 алинеја 9 од Законот за извршување („Службен весник на РМ“ бр.72/16 и 142/16) :ненавремено или неточно ги доставува извештаите за неговата работа. Предлагачот наведува дека извршителот С.Г. од Б. во 2018 година не постапувал по законската обврска за доставување на квартални извештаи до Министерството за правда по електронски пат, со што постaпил спротивно на член 56 став 1 од Законот за извршување.
Министерството за правда сметајќи дека извршител С.Г. од Б. сторил дисциплинска повреда по член 64 став 1 алинеја 9 од Законот за извршување („Службен весник на РМ“ бр.72/16 и 142/16): ненавремено или неточно ги доставува извештаите за неговата работа”, предлага Дисциплинската комисија при КИРСМ да поведе дисциплинска постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на извршител С.Г. од Б. и да му изрече соодветна санкција во согласност со одредбите од Законот за извршување.
 
Во своја одбрана, во писмен одговор од ден 19.11.2019 година извршителот С.Г. од Б.  наведе дека ненамерно е направен пропуст од причина што кварталните извештаи за 2018 година ги има доставувано на маиловите на Комората: kirm@kirm.mk; izvrsitelinarm@yahoo.com ; izvestai@kirm.mk и имала сознание дека Комората по службена должност ги препраќа до Министерството за правда, за да во 2019 година биде известена дека треба кварталните извештаи да се доставуваат поседно до Комората и Министерството за правда. Во писмениот одговор извршителот наведува дека ваквото постапување од нејзина страна не било намерно и неправилноста веднаш била исправена на начин што наредниот ден, се обратила до Комората и од страна на Комората биле препратени сите квартални извештаи за 2018 година до Министерството за правда. Во одговорот извршителот потенцира дека согласно член 3 став 4 точка 3 од Правилникот за начинот на вршење надзор над работата на Комората и на извршителите е наведено дека: „Овластените лица даваат писмени забелешки со напатствија и рокови за нивно остранување во записникот од извршен надзор, во случај ако станува збор за очигледни недостатоци кои можат да се отстранат и кои не предизвикале суштествени проблеми при извршувањето или работата во извршителската канцеларија.“,но во нејзиниот случај од страна на овластените лица не бил даден таков рок, како и тоа дека и покрај тоа што недостатокот бил отстранет веднаш, сепак бил изготвен и доставен предлог за поведување на дисциплинска постапка, кој Предлог предлага Дисциплинската Комисија при КИРСМ да го одбие во целост и да утврди дека од нејзина страна не е сторена дисциплинска повреда.
На главен претрес одржан на ден 24.12.2019 година, извршителот С.Г. од Б. наведе дека останува во се како во дадениот одговор на предлогот за поведување на дисциплинска постапка со дополнување дека членот 64 став 1 алинеја 9 од Законот за извршување е изменет со член 17 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување , Службен весник број 233 од 20.12.2018 година, алинејата 9 се менува и гласи: „за недаварање на поднесоци од странки и државни органи“. Предлога, предлогот за поведување на дисциплинска постапка поднесен од страна на МП да се отфрли или истиот да биде одбиен како неоснован бидејќи недостатокот е веднаш отстранет.
 
Дисциплинската комисија при КИРСМ на одржан главен претрес на ден 24.12.2019 година, ги дозволи и изведе следните докази:
-     Предлог за поведување на дисциплинска постапка УПП бр. 09-3871/5 од 16.10.2019 година на Министерство за правда на РСМ;
-     Записник УПП бр. 09-3871 од 30.09.2019 година на Министерство за правда на РСМ;
-     Извештај УПП бр. 09-3871/2 од 10.10.2019 година на Министерство за правда на РСМ;
-     Достава на предлог за поведување на Дисциплинска постапка до извршител, број 12-4-18/19 од 25.10.2019 година;
-     Одговор на предлог за поведување на дисциплинска постапка од извршител С.Г., заведено во КИРСМ под бр.12-4-18/3 од 19.11.2019 година;
-     Електронска достава на Квартален извештај 01.01.2018 - 31.03.2018 од извршител С.Г.од ден 05 април 2018 година;
-     Електронска достава на Квартален извештај 01.04.2018 - 30.06.2018 од извршител С.Г.од ден 09 јули 2018 година;
-     Електронска достава на Квартален извештај 01.07.2018 - 30.09.2018 од извршител С.Г. од ден 09 октомври 2018 година;
-     Електронска достава на Квартален извештај 01.10.2018 - 31.12.2018 од извршител С.Г. од ден 11 јануари 2019 година;
-     Електронска достава на Квартални извештаи за 2018 година од извршител С.Г.од ден 02 октомври 2019 година.
Дисциплинската комисија при КИРСМ на одржан главен претрес, ги разгледа наводите изнесени во предлогот, одбрана на извршителот, па ценејќи ги сите докази одделно и заедно, ја утврди следната фактичка положба:
На ден 30.09.2019 година овластена комисија од Министерот за правда со овластување бр. УПП 09-3871/1 од 16.09.2019 година извршиле надзор над работата на извршителот С.Г. именуван за подрачјето на Основен суд Б. и Основен суд Р., при што побарала од извршителот да даде увид е-маил за испратени и доставени квартални извештаи до Министерството за правда за работата на извршителот во текот на 2018 година за да се провери дали извршителот постапува по законската обврска од член 56 став 1 од ЗИ за доставување на квартални извештаи и дали ги доставува извештаите во рокот од 10 дена по истекот на кварталот.                             
Изршителот ја известил комисијата дека во 2018 година нема доставено квартални извештаи за нејзината работа до Министерството за правда.                                                  
На ден 02.10.2019 година, од страна на Комората, по електронски пат биле препратени сите квартални извештаи за 2018 година на извршител С.Г. од Б., до овластено лице при министерството за правда.
Дисциплинската комисија при КИРСМ одлучувајќи по повод основаноста на наводите од Предлогот за поведување дисциплинска постапка утврди дека извршителот сторил дисциплинска повреда „ненавремено или неточно ги доставува извештаите за неговата работа на начин што, извршителот С.Г. во 2018 година не постапувал по законската обврска за доставување на квартални извештаи до Министерството за правда по електронски пат, со што постaпил спротивно на член 56 став 1 од Законот за извршување.
ДК при КИРСМ при одлучувањето која дисциплинска мерка ќе ја изрече на извршителот, го зема во предвид фактот дека подносителот погрешно ја навел правната квалификација за дисциплинска повреда сторена од страна на извршител, наведувајќи дека истата е предвидена во член 64 ст.1 алинеја 9 од ЗИ (Службен весник бр.72/16, 142/16 и 233/18), но членот 64 став 1 алинеја 9 од Законот за извршување е изменет со член 17 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, Службен весник број 233 од 20.12.2018 година, алинејата 9 се менува и гласи: „ за недаварање на поднесоци од странки и државни органи“. Дисциплинската повреда ненавремено или неточно ги доставува извештаите за неговата работа наведена во член 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, Службен весник број 233 од 20.12.2018 година, е предвидена за член 65 став 1 алинеја 21 од ЗИ. Исто така, ДК при КИСМ утврди дека за дисциплинска повреда што му се става на товар на извршител С.Г. од Б., од член 64 став 1 алинеја 9 од Законот за извршување (Службен весник бр.72/16 и 142/16) била предвидена дисциплинската мерка: писмена опомена, јавна опомена или парична казна, но со Законот за изменување и дополнување на законот за извршување (Службен весник на РМ бр.233 од 20.12.2018 година) за дисциплинската повреда ненавремено или неточно ги доставува извештаите за неговата работаод член 65 став 1 алинеја 21, е предвидена дисциплинска мерка: парична казна или привремено одземање на правото на вршење на должност извршител. Од причина што делото е сторено во време кога важи законот кој е поблаг за сторителот, овој факт за ДК при КИРСМ беше од влијание при одлучувањето за видот на дисциплинската мерка која ја изрече на извршителот за сторената дисциплинска повреда ненавремено или неточно ги доставува извештаите за неговата работа.
 
Дисциплинската комисија при КИРСМ при одлучувањето, ги ценеше сите отежнителни и олеснителни околности, а како особена олеснителна околност го ценеше фактот што извршителот не е претходно дисциплински казнуван, како и тоа дека извршителот уредно и навремено ги доставувал кварталните извештаи до Комората на извршители, фактот што истиот ја призна вината за сторениот превид при доставатата на кварталните извештаи до Министерството за правда на РМ, како и фактот дека откако на извршителот му било предочено од страна на претставници на Министерството за правда дека е потребно кварталните извештаи за неговата работа да ги доставува и до Министерството, а не само до Комората на извршители на РМ истиот веднаш наредниот работен ден, се обратила до Комората и од страна на Комората биле препратени сите квартални извештаи за 2018 година, до Министерството за правда на РСМ.
ДК при КИРМ  како отежнителна околност ја зема во предвид сторената дисциплинската повреда од страна на извршителот односно дека истиот не постапил согласно одредбите од Законот за извршување ( Службен весник на РМ бр. 72/16 и бр. 142/16) и Правилникот за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот писмен извештај за работата на извршителот а во кое изрично е наведено дека извршителот доставува до Министерството за правда во електронска форма квартален извештај за својата работа најдоцна во рок од 10 дена по истекот на кварталот. 
Согласно наведеното, ДК при КИРМ е на мислење дека извршителот бил должен да постапи  согласно член 56 став 1 од Законот за извршување ( Службен весник на РМ бр. 72/16 и бр. 142/16) според кој:,, Извршителот доставува до Министерството во електронска форма квартален извештај за својата работа најдоцна во рок од 10 дена по истекот на кварталот”. ДК е на мислење дека извршителот бил должен да постапи согласно член 2 од Правилникот за формата и содржината на кварталниот извештај и годишниот писмен извештај за работата на извршителот донесен на седница на вонредно собрание на КИРМ одржано на ден 20.06.2016 година и изменет и дополнет на седница на вонредно Собрание на ден 30.10.2016 година според кој: ,, Кварталниот извештај за работа на извршителот, се доставува 4 (четири) пати во годината во електронска форма, до Министерството за правда и Комората на извршители на РМ најдоцна во рок од 10 дена по истекот на кварталот.
Комисијата ја ценеше одбраната на извршителот дека од страна на овластените лица при Министерството за правда не и бил даден рок за отстранување на согледаните недостатоци предвидено во член 3 став 4 точка 3 од Правилникот за начинот на вршење надзор над работата на Комората и на извршителите: „Овластените лица даваат писмени забелешки со напатствија и рокови за нивно остранување во записникот од извршен надзор, во случај ако станува збор за очигледни недостатоци кои можат да се отстранат и кои не предизвикале суштествени проблеми при извршувањето или работата во извршителската канцеларија.“, меѓутоа истото не беше од влијание за поинакво одлучување.
Дисциплинската комисија смета дека со ваквата дисциплинска мерка ќе се постигнат целите на генералната и специјалната превенција.
 
Дисциплинската Комисија при КИРСМ на ден 24.12.2019 година согласно чл. 58, чл.60 и чл.61 од Законот за извршување (Службен весник на Р. Македонија бр.72/16, 142/16 и 233/18) одлучи како во изреката на ова решение.
 
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РСМ
 ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА         
 
  Претседател,              
Ванчо Марковски
 
   _______________________________
 
 
Правна поука : против ова решение извршителот има право на правна заштита со поведување на управен спор пред Управен суд на РМ во рок од 30 дена по приемот