ДП.бр.12-04-17/19
 
 
Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РСМ (подолу како ДК при КИРСМ) во состав: Ванчо Марковски извршител, како Претседател на Дисциплинска комсија, Николче Диневски извршител, член известител на Дисциплинска комисија на КИРСМ, Весна Богдановска судија на Основен граѓански суд Скопје, Јусуф Ајрулахи судија на Основен кривичен суд Скопје и Јасна Жежова член на Совет на Јавните обвинители на РСМ, како членови на Дисциплинска комисија, Снежана Пижевска како записничар, постапувајќи по Предлог за поведување на дисциплинска постапка УПП бр.09-271 од 15.10.2019 година на Министерството за правда на РСМ,  во присуство на извршителот, по одржан главен претрес на ден 24.12.2019 година, го донесе следното:
                                                                        РЕШЕНИЕ
I.
СЕ ОГЛАСУВА ЗА ВИНОВЕН извршител П.Т. од С. именуван за подрачјето на Основен суд С. 1 С. и С. 2 С., по повод наводите од точка еден од Предлогот за поведување на дисциплинска постапка УПП бр.09-271 од 15.10.2019 година на Министерството за правда,
 
ЗАТОА ШТО:
 
1.      Извршителот П.Т. од С. оформил нов предмет И.бр.683/2019 и издал Налог за извршување И.бр.683/2019 од 17.06.2019 година, врз основа на извршна исправа Пресуда на Основен суд С. 2 С. ПС бр.224/2000 од 26.12.2001 година врз основа на која предходно во неговата канцеларија бил заведен извршен предмет под И.бр.393/2019 по основ на кој извршителот издал Налог за извршување од сметка на должник кој бил ставен вон сила со Решение од Апелационен суд С., од причина што судот утврдил дека должникот не е правен следбеник на должникот кој е наведен  во извршната исправа, поради што истиот не може да биде должник по извршната исправа, ниту пак доверителот доставил нотарски акт солемнизација на приватна исправа или друга јавна исправа или пак правосилна одлука донесена во парнична постапка од која би  можело да се утврди дека должникот кој бил наведен во налогот го превзел долгот кој го имал должникот по извршната исправа, со што извршителот сторил дисциплинска повреда по член 66 став 1 алинеја 5 од Законот за извршување:,, извршителот при извршувањето презема дејствија кои не се предвидени со овој закон или се спротивни на овој закон, утврдено од страна на суд во постапка по приговор против неправилности во извршувањето ”,  па му се изрекува дисциплинска мерка:
Привремено одземање на правото на вршење на должноста извршител во траење од  четири месеци
согласно член 62 став 1 точка г) од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/16, бр.142/16 и 233/18).
 
 
II.
СЕ УТВРДУВА дека не е сторена дисциплинска повреда од страна на извршител П.Т. од С.,по повод наводите од точка два од Предлогот за поведување на дисциплинска постапка, УПП бр.09-271 од 15.10.2019 година на Министерството за правда.
 
со тоа што:
 
2.      Извршителот П.Т. од С. примил барање за извршување од доверител ДТУ ОРФЕЈ ДООЕЛ С., завел предмет И.бр.683/19 и презел извршни дејствија врз основ на извршна исправа Пресуда на Основен суд С. 2 С. ПС бр.224/2000 од 26.12.2001 година, по истекот на законскиот рок од 10 години од извршноста на извршната исправа..“, со што би сторил дисциплинска повреда по член 66 став 1 алинеја 5 од Законот за извршување:,, извршителот при извршувањето презема дејствија кои не се предвидени со овој закон или се спротивни на овој закон, утврдено од страна на суд во постапка по приговор против неправилности во извршувањето ”.
 
Ова Решение е конечно.
                                                                        Образложение
На ден 25.10.2019 година до Комората на извршители на РСМ е доставен Предлог за поведување на дисциплинска постапка УПП.бр.09-271 од 15.10.2019 година поднесен од страна на Министерството за правда против извршителот П.Т. од С. врз основа на Извештај од извршен надзор УПП бр. 09-271 од 23.09.2019 година и Записник од извршен надзор УПП.бр.09-271 од 30.08.2019 година спрoведен од страна на овластени лица од Министерството за правда во канцеларијата на извршителот П.Т. на ул. „-----“. бр.--  во С. на ден 29.08.2019 година.
 
Предлогот за поведување дисциплинска постапка УПП.бр.09-271 од 15.10.2019 година од Министерството за правда на РСМ е поднесен против извршител П.Т. од С. со наводи дека сторил дисциплинска повреда од член 66 став 1 алинеја 5 од Законот за извршување:,, извршителот при извршувањето презема дејствија кои не се предвидени со овој закон или се спротивни на овој закон, утврдено од страна на суд во постапка по приговор против неправилности во извршувањето ”. Во точка еден од предлогот се наведува дека извршителот сторил дисциплинска повреда од член 66 алинеја 2 и 5 од ЗИ, со тоа што извршителот оформил нов предмет И.бр.683/2019 и издал Налог за извршување И.бр.683/2019 од 17.06.2019 година, врз основа на извршна исправа Пресуда на Основен суд С. 2 С. ПС бр.224/2000 од 26.12.2001 година врз основа на која предходно во неговата канцеларија бил заведен извршен предмет под И.бр.393/2019 по основ на кој извршителот издал Налог за извршување од сметка на должник кој бил ставен вон сила со Решение од Апелационен суд С., од причина што судот утврдил дека должникот не е правен следбеник на должникот кој е наведен во извршната исправа, поради што истиот не може да биде должник по извршната исправа, ниту пак доверителот доставил нотарски акт солемнизација на приватна исправа или друга јавна исправа или пак правосилна одлука донесена во парнична постапка од која би можело да се утврди дека должникот кој бил наведен во налогот го превзел долгот кој го имал должникот по извршната исправа.
Точка два од предлогот е со наводи дека извршителот П.Т. од С. сторил дисциплинска повреда од член 66 став 1 алинеја 5 од Законот за извршување:,, извршителот при извршувањето презема дејствија кои не се предвидени со овој закон или се спротивни на овој закон, утврдено од страна на суд во постапка по приговор против неправилности во извршувањето на начин што, извршителот П.Т. од С. примил барање за извршување од доверител ДТУ ОРФЕЈ ДООЕЛ С., завел предмет И.бр.683/19 и презел извршни дејствија врз основ на извршна исправа Пресуда на Основен суд С. 2 С. ПС бр.224/2000 од 26.12.2001 година, по истекот на законскиот рок од 10 години од извршноста на извршната исправа, со што извршителот постапил спротивно на член 368 ст.1 од Законот за облигациони односи:„Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за 10 години, па и оние на кои законот инаку предвидува пократок рок на застареност.“
Изршителот П.Т. во својот писмен одговор доставен до Дисциплинската комисија на КИРСМ на ден 01.11.2019 година по основ на точка 1 од предлогот наведе дека од негова страна не се сторени повреди и неправилности во извршувањето по предметот И.бр.683/2019 од причина што по прием на барањето за извршување и извршната исправа од доверител ДТУ ОРФЕЈ ДООЕЛ С., било постапено согласно член 3 од ЗИ: „Извршителот не смее да одбие спроведување на извршување на извршувањето,, освен во случај ако се исполнети условите за неговото изземање и ако има сознание дека за истата извршна исправа се спроведува извршување кај друг извршител.“ Во одговорот извршителот наведува дека немал можност да го запре извршувањето, иако знаел за донесеното Решение на Апелациониот суд С. по однос на предметот И.бр.393/19, од причина што по службена должност од страна на извршител, запирање на извршување е можно ако: извршната исправа е правосилно укината, преиначена, поништена или ставена вон сила, односно ако потврдата за извршност е укината; во случаи кога извршителот е изземен од натамошно извршување; доколку должникот пред извршителот презентирал доказ за платено побарување во целост пред или по поднесувањето на извршувањето; доколку должникот презентирал доказ за платено побарување во целост пред приемот на налогот за извршување.Во одговорот извршителот наведе дека од негова страна се превземени сите дејствија за процесуирање на Барањето за извршување согласно Законот за извршување, но со должно внимание спрема должникот за да со превземените дејствија не се предизвика штета за должникот односно во текот на целокупната постапки во ниеден момент сметката на должникот не била блокирана и должникот непречено функционирал и работел. По однос на точка 2 од предлогот, извршителот во одговорот наведе дека подносителот погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил матерјалното право од причина што одредбите од Законот за извршување не предвидуваат извршителот по службена должност да треба да внимава на застареноста. Поточно, согласно одредбите од ЗОО, должникот против кој е поднесено Барањето за извршување е должен да се повика на застареноста на извршната исправа, врз основа на што од страна на судот би се донело Решение со кое Барањето за извршување е застарено, односно член 349 ст.3 од ЗОО, гласи: „застареноста не може да се земе во предвид ако должникот не се повикал на неа.“. 
На одржан главен претрес на Дисциплинската комисија при КИРСМ на ден 24.12.2019 година извршителот П.Т. наведе дека останува кон одбраната дадена во писмен одговор и дополни дека дејствијата што ги има преземено се преземени согласно ЗИ односно кога предметот е примен во канцеларијата со барањето за извршување спрема него постапил согласно ЗИ, поточно член 3 каде е наведено дека извршителот не смее да одбие барање за извршување од странка односно доверител освен ако постојат услови за изземање на извршителот од постапување или доколку има сознание дека по таа извршна исправа постапува друг извршител. Знаејќи ја структурата на извршната исправа се обидел да најде начин како да го одбие извршувањето на таа извршна исправа меѓутоа законските одредби од ЗИ, за запирање на извршувањето не го дозволуваат тоа. Запирањето со извршувањето на предметната извршна исправа би било спротивно на одредбите од ЗИ. Со пуштање на налог доносител на пратен промет би ја блокирал сметката на должникот и би симнал парични средства од сметката на должникот. Согледување на структурата на извршната исправа од аспект на застареност на истата, од тој аспект не извршил блокада на сметка на должникот, знаејќи дека од страна на должникот ќе биде поднесен приговор поради застареност. Извршителот потенцира дека во постапкава нема направено воопшто штета за никого и должникот во ниеден момент по пуштање на налогот во платен промет, не бил блокиран и истиот со сметка слободно располагал. Од страна на членовите на ДК при КИРСМ, немаше поставено дополнителни прашања од страна на членовите на ДК, за извршителот П.Т.
 
Дисциплинската комисија на КИРСМ на одржан главен претрес на ден 24.12.2019 година, ги дозволи и изведе следните докази:
-            Предлог за поведување на дисциплинска постапка УПП бр. 09-271 од 15.10.2019 година на Министерство за правда на РСМ;
-            Записник од извршен вонреден надзор УПП бр. 09-271 од 30.08.2019 година на Министерство за правда на РСМ;
-            Извештај УПП бр. 09-271 од 23.09.2019 година на Министерство за правда на РСМ;
-            Барање за извршување од доверител Друштво за туризам и услуги ОРФЕЈ ДООЕЛ С.  од 08.03.2019 година;
-            Пресуда на Основен суд С. 2 С., 8 Пс.бр.224/200 од 26.12.2001 година;
-            Одговор на претставка од извршител П.Т. по И.бр.683/2019 доставен до Министерство за правда на ден 29.07.2019 година;
-            Налог за извршување И.бр.683/2019 од ден 07.06.2019 година за должник Друштво за спортски дејности КОШАРКАРСКИ КЛУБ МЗТ Аеродром АД С. донесен врз основ на член 210 ст.1од ЗИ, до НЛБ Банка АД С. од извршител П.Т.;
-            Доставница од извршител П.Т.,И.бр.683/2019 од 07.06.2019 година за достава на налог до НЛБ Банка АД С.;
-            Доставница од извршител П.Т.,И.бр.683/2019 од 07.06.2019 година за достава на налог до доверител ОРФЕЈ ДООЕЛ С. од С.;
-            Доставница од извршител П.Т.,И.бр.683/2019 од 07.06.2019 година за достава на налог до должник КОШАРКАРСКИ КЛУБ МЗТ Аеродром АД С. од С.;
-            ПТТ препорачана пратка RB 119765348 МК од 12.06.2019 година, испраќач: извршител П.Т.; примач: Кошаркарски клуб МЗТ С.;
-            Заклучок за одлагање на извршување И.бр.683/2019 од 07.06.2019 година (образец број 19) на извршител П.Т. од С.;
-            Доставница од извршител П.Т.,И.бр.683/2019 од 07.06.2019 година за достава на заклучок, до НЛБ Банка АД С.;
-            Заклучок за одлагање на извршување И.бр.683/2019 од 13.06.2019 година (образец број 19) на извршител П.Т. од С.;
-            Доставница И.бр.683/2019 од 13.06.2019 година од извршител П.Т. за достава на заклучок за одлагање, до НЛБ Банка АД С.;
-            Заклучок за запирање со извршување од сметка И.бр.683/2019 од 19.07.2019 година (образец број 80) на извршител П.Т. од С.;
-            Доставница И.бр.683/2019 од 19.07.2019 година од извршител П.Т.за достава на заклучок за запирање на извршување, до НЛБ Банка АД С.;
-            Автентично толкување на чл.9 ст.6 од Законот за спорт, Службен весник на РСМ бр.52 од 07.03.2019 година;
-            Барање за давање на автентично толкување на чл.9 ст.6 од Законот за спорт од страсна на Ивана Туфегиќ, до Претседателот на Собранието на РМ;
-            Мислење донесено од претседателот на Владата на РМ бр.44.1.9282/1 од 06.11.2018 година, до претседателот на Собранието на РМ;
-            Жалба од извршител П.Т. ППНИ-496/19 од 28.06.2019 година до Апелационен суд С., преку Основен суд С. 2 С.;
-             Писмено од извршител П.Т. до Основен суд С. 2 С., примено во судот на ден 01.07.2019 година;
-            Писмено од извршител П.Т. до Основен суд С. 2 С., примено во судот на ден 09.07.2019 година;
-            Писмено од извршител П.Т. до Основен суд С. 2 С., примено во судот на ден 24.07.2019 година;
-            Решение на претседателот на КИРМ, УПП бр.12-3-108/3 од 28.06.2019 година;
-            Доставница И.бр.683/2019 од 26.08.2019 година на извршител П.Т., до претседателот на Основен суд С. 2 С.,;
-            Доставница И.бр.683/2019 од 21.08.2019 година на извршител П.Т., до Кошаркарски клуб МЗТ С., Аеродром АД С., за достава на Решение ТСЖ-1479/19 ;
-            Доставница И.бр.683/2019 од 21.08.2019 година на извршител П.Т., до ДТУ ОРФЕЈ ДООЕЛ С., за достава на Решение ТСЖ-1479/19;
-            Решение ТСЖ-1479/19 од 13.08.2019 година на Апелационен суд С.;
-            Доставница И.бр.683/2019 од 28.06.2019 година на извршител П.Т. до ДТУ ОРФЕЈ ДООЕЛ С., за достава на решение ППНИ -496/19 од 20.06.2019 година;
-            Доставница И.бр.683/2019 од 26.06.2019 година на извршител П.Т., до адвокатско друштво Тодоровски и Јовановски од С., за достава на решение ППНИ -496/19 од 20.06.2019 година;
-            Решение на Основен граѓански суд С. ППНИ-496/19 од 20.06.2019 година;
-            Решение на Основен суд С. 2 С. ППНИ-191/19 од 25.03.2019 година, примено во канцеларијата на извршителот 29.03.2019 година;
-            Решение ТСЖ-864/19 од 09.05.2019 година на Апелационен суд С., примено во канцеларијата на извршителот 22.05.2019 година; и
-            Одговор на предлог за поведување на дисциплинска постапка ДП бр.12-4-17/19 од 01.11.2019 година од извршител П.Т.од С.
Дисциплинската комисија на КИРМ на одржан главен претрес, ги разгледа наводите изнесени во предлогот, одбраната на извршителот па ценејќи ги сите докази одделно и заедно,  ја утврди следната фактичка положба:
Извршителот на ден 08.03.2019 година примил барање за извршување од доверител Друштво за туризам и услуги ОРФЕЈ ДООЕЛ С., против должник Друштво за спортски дејности Кошаркарски клуб МЗТ Аеродром АД С. и завел предмет со И.бр.393/2019 врз основ на извршна исправа Пресуда на Основен суд С. 2 С., 8 Пс.бр.224/2000 од 26.12.2001 година, за наплата на парично побарување. Постапувајќи по барањето за извршување извршителот издал Налог за извршување И.бр.393/19 од 08.03.2019 година врз основ на член 210 став 1 од ЗИ, и против истиот должникот поднел приговор за незаконитости при извршување до Основен суд С. 2 С. кој донел Решение ППНИ-191/19 од 25.03.2019 година со кој приговорот од должникот се одбива како неоснован. Незадоволен од донесеното решение останал должникот кој поднел жалба до Апелациониот суд С., кој со Решение ТСЖ-864/19 од 09.05.2019 година, жалбата на должникот ја уважил а Решението ППНИ-191/19 на Основниот суд го преиначил така што приговорот против неправилностите при извршување бил усвоен, Налогот за извршување издаден врз основ на член 210 од ЗИ од 08.03.2019 година и преземените дејствија на извршител П.Т. од С., ги ставил вон сила. Наведеното решение извршителот го примил во својата канцеларија на ден 22.05.2019 година. Во образложението на решението, Апелациониот суд навел дека во конкретниот случај извршната испарва -Пресуда на Основен суд С. 2 С., 8 Пс.бр.224/2000 од 26.12.2001 година врз основ на која се спроведува извршување од страна на извршител П.Т. од С., се однесува на Кошаркарски клуб МЗТ С., а предметното извршување се спроведува спрема Друштвото за спортски дејности Кошаркарски клуб МЗТ Скопје Аеродром АД С. Од приложени исторјати и тековни состојби, судот констатирал дека се работи за два различни правни субјекти кои постојат во правниот промет со различни даночни и матични броеви и не може да се смета дека должникот кој е наведен во налогот за извршување е правен следбеник на должникот кој е наведен во извршната исправа поточно во списите на предметот нема доказ дека должникот во оспорениот налог за извршување го превзел долгот, кој го имал должникот наведен во извршната исправа и должникот во налогот за извршување се сосема различни правни субјекти.
На ден 07.06.2019 година извршителот повторно примил Барање за извршување од доверител Друштво за туризам и услуги ОРФЕЈ ДООЕЛ С., против должник Друштво за спортски дејности Кошаркарски клуб МЗТ Аеродром АД С., кој побарал извршување на истата извршна исправа, Пресуда на Основен суд С. 2 С., 8 Пс.бр.224/2000 од 26.12.2001 година која била со печат на правосилност 17.04.2002 година и извршност со ден 13.04.2009 година, со што доверителот извршната исправа ја доставил по истекот на законскиот рок од 10 година од извршноста на извршната исправа. Доверителот во прилог на барањето доставил: Автентично толкување на член 9 став 6 од Законот за спорт, Барање на давање на автентично толкување од пратеник Ивана Туфегиќ од 05.10.2018 годинина како и Мислење од Владата на РМ бр.44.1-9282/1 од 06.11.2018 година. Извршителот П.Т., завел предмет со И.бр.683/2019. Извршителот на ден 07.06.2019 година издал Налог за извршување И.бр.683/2019 врз основ на член 210 ст. 1 од ЗИ и изготвил Заклучок за одлагање на извршувањето со кој го одложил извршувањето врз сметка на должникот за период од 10 дена заклучно со 17.06.2019 година и со истиот и наложил на банката да не ја блокира сметката на должникот за наведениот период. Налогот и заклучокот, извршителот ги доставил до НЛБ Банка АД С., на ден 07.06.2019 година.
На ден 13.06.2019 година извршителот повторно доставил до НЛБ Банка АД С., Заклучок за одлагање на извршување со кој се одлага извршувањето врз сметка на должникот за период од месец дена сметано од ден 17.06.2019 година до 17.07.2019 година и со заклучокот наложил на НЛБ Банка АД С. да не ја блокира сметката на должникот за наведениот период.
Против Налогот за извршување И.бр.683/2019 од 07.06.2019 година, должникот поднел приговор кој приговор со Решение на Основен суд С. 2 С. ППНИбр.496/19 од 20.06.2019 година бил усвоен, бил ставен вон сила налогот за извршување на извршител П.Т. И.бр.683/2019 од 07.06.2019 година од причина што доверителот го поднел барањето за извршување по истекот на законскиот рок од 10 година од извршноста на извршната исправа. Незадоволен од ваквото решение останал извршителот и доверителот кои изјавиле жалба по што Апелациониот суд С. со Решение ТСЖ-1479/19 од 13.08.2019 година, жалбата од подносителите ја одбил како неоснована и го потврдил Решението на Основен суд С. 2 С. ППНИ бр.496/19 од 20.06.2019 година.
На ден 19.07.2019 година извршителот П.Т. од С. донел Заклучок за запирање со извршување од сметка, И.бр.683/2019 врз основ на член 213 ст.1 од Законот за извршување со кој го запрел извршувањето врз сметка на должникот Друштво за спортски дејности Кошаркарски клуб МЗТ Аеродром АД С., и истиот го доставил до носителот на платен промет НЛБ Банка АД С., на ден 19.07.2019 година.
Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РСМ одлучувајќи по повод основаноста на наводите опишани во точка 1 од Предлогот за поведување дисциплинска постапка утврди дека извршителот ја сторил дисциплинската повреда: извршителот при извршувањето презема дејствија кои не се предвидени со овој закон или се спротивни на овој закон, утврдено од страна на суд во постапка по приговор против неправилности при извршувањето по член 66 став 1 алинеја 5 од ЗИ, на начин што извршителот по приемот на барањето за извршување доставено на ден 07.06.2019 година, врз основ на извршна исправа Пресуда на Основен суд С. 2 С. 8 ПС бр.224/2000 од 26.12.2001 година, и заведување на предмет со И.бр.683/2019, не донел Заклучок за одбивање на барањето за спроведување на извршување И.бр.683/2019 (образец број 1) со кој би го одбил барањето поднесено од доверител Друштво за туризам и услуги ОРФЕЈ ДООЕЛ С. за спроведување на извршување против должник Друштво за спортски дејности Кошаркарски клуб МЗТ Аеродром АД С., врз основ на извршна исправа Пресуда 8 ПС бр.224/2000 од 26.12.2001 година на Основен суд С. 2 С., со оглед на тоа што: Извршната исправа не е подобна за извршување бидејќи Апелациониот суд С. утврдил со Решение ТСЖ-864/19 од 09.05.2019 година, кое станало правосилно на ден 09.05.2019 година и извршно на ден 27.05.2019 година, примено во канцеларијата на извршителот на ден 22.05.2019 година, дека должникот Друштво за спортски дејности Кошаркарски клуб МЗТ Аеродром АД С., не е правен следбеник на должникот Кошаркарски клуб МЗТ С. кој е наведен  како должник во извршната исправа Пресуда 8 ПС бр.224/2000 од 26.12.2001 година на Основен суд С. 2 С., ниту пак доверителот доставил нотарски акт солемнизација на приватна исправа или друга јавна исправа или пак правосилна одлука донесена во парнична постапка од која би можело да се утврди дека должникот Друштво за спортски дејности Кошаркарски клуб МЗТ Аеродром АД С., го превзел долгот кој го има должникот Кошаркарски клуб МЗТ С. по извршната исправа Пресуда 8 ПС бр.224/2000 од 26.12.2001 година на Основен суд С. 2 С., со што извршителот постапил спротивно на член 17 став 1 од Законот за извршување, и сторил дисциплинските повреди по член 66 став 1 алинеја 5 од ЗИ.
Бидејќи во преземените дејствија од страна на извршителот се содржини сите битни елементи нa дисциплинските повреди по член 66 став 1 алинеја 5 од ЗИ извршителот при извршувањето презема дејствија кои не се предвидени со овој закон или се спротивни на овој закон, утврдено од страна на суд во постапка по приговор против неправилности при извршувањето”, по член 66 став 1 алинеја 2 не постапува по правосилните одлуки на судовите донесени по приговори, ДК при КИРСМ го огласи за виновен извршителот П.Т. од С. и за дисциплинската повреда по член 66 став 1 алинеја 5 му изрече дисциплинска мерка Привремено одземање на правото на вршење на должноста извршител во траење од четири месеци.
Дисциплинската комисија при КИРСМ, утврди дека извршителот П.Т. од С. не ја сторил повредата опишана  во точка 2 од Предлог за поведување дисциплинска постапка, кога примил барање за извршување од доверител ДТУ ОРФЕЈ ДООЕЛ С., завел предмет И.бр.683/19 по истекот на законскиот рок од 10 години од извршноста на извршната исправа..“, па со таквите дејствија би сторил дисциплинска повреда по член 66 став 1 алинеја 5 од Законот за извршување:,, извршителот при извршувањето презема дејствија кои не се предвидени со овој закон или се спротивни на овој закон, утврдено од страна на суд во постапка по приговор против неправилности во извршувањето ”, од причина извршителот при прием на барање за извршување и извршна исправа не е законски обврзан да внимава на истекот на законскиот рок од 10 години, од извршноста на извршната исправа. ДК при КИРСМ, утврди дека извршителот постапил согласно член 349 ст.3 од Законот за облигациони односи, кој предвидува дека: „застареноста не може да се земе во предвид ако должникот не се повикал на неа.“, а правниот субјект, Друштво за спорстки дејности Кошаркарски клуб МЗТ С. Аеродром АД С. во приговор за неправилности при извршување доставен до Основен граѓански суд С., се повикал на застареност на извршната исправа ПС бр.224/2000 од 26.12.2001 година на Основен суд С. 2 С. по член 368 ст.1 од ЗОО,  судот утврдил основаност на приговорот, односно утврдил дека извршувањето е застарено бидејќи е истечен апсолутниот рок на застареност за извршување на побарување на доверителот утврдено со правосилната судска одлука ПС бр.224/2000 од 26.12.2001 година на Основен суд С. 2 С.
 
Дисциплинската комисија при КИРСМ, при определување на видот и висината на дисциплинската санкција ја имаше предвид олеснителната околност дека извршителот со превземените дејствија не предизвикал штета на должникот.
Дисциплинската Комисија при КИРСМ на ден 24.12.2019 година согласно чл. 58, чл.60 и чл.61 од Законот за извршување (Службен весник на Р. Македонија бр.72/16, 142/16 и 233/18) одлучи како во изреката на ова решение.
 
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РСМ
 ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА
        
  Претседател,              
Ванчо Марковски
 
            _______________________________
 
Правна поука : против ова решение извршителот има право на правна заштита со поведување на управен спор пред Управен суд на РМ во рок од 30 дена по приемот