Сектор за извршување, нотаријат и медијација
Раководител на сектор:

 Во Секторот за извршување, нотаријат и медијација се вршат работи од делокругот на Министерството кои се однесуваат на надзорот над работата на извршителите и нотарите, нивните Комори и Комората на медијатори.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку :

  • Одделение за извршување;
  • Одделение за нотаријат и медијација.

 

 

Одделение за извршување


Во Одделението за извршување се вршат следните работи и задачи: 

  • подготвување на предлози за донесување на закони и изготвување на   подзаконски акти и други прописи и општи акти од областа на извршувањето;
  • изготвување на извештаи, мислења, анализи, осврти, информации, евиденции и други материјали што се однесуваат на извршувањето и работата на извршителите;
  • вршење редовен и вонреден надзор над работата на извршителите и Комората на извршители;
  • вршење увид на лице место на списите, книгите и предметите, целокупната евиденција која се води, употребата на класифицирани информации, ажурноста на извршувањето, надзор на примената на одредбите од Законот за извршување и подзаконските акти пропишани од Министерот за правда;
  • изготвување на записници и извештаи за извршените надзори;
  • учество во изготвувањето на прирачници и стандарди за работа од страна на Комората на извршители ;
  • водење евиденција на извршителите, замениците извршители и помошниците на извршителите;
  • припрема на докумантацијата за објавување на конкурси и на избори на извршители;
  • изготвување акти за именување и разрешување на извршители и водење евиденција на именувани и разрешени извршители;
  • изготвување повелби за именуваните извршители;
  • изготвување на преглед на документацијата за именување на заменици извршители и за давање согласност за помошници извршители;
  • изготвување на документација за издавање на легитимации на извршителите;
  • водење евиденција на лица кои го положиле испитот за извршители.

 

Контакт лице за прашања од делот на извршување – Ана Стојова - Виш соработник во Одделението за извршување. Контакт  e-mail: astojova@mjustice.gov.mk



Одделение за надзор на работите на нотарите и медијаторите


Во Одделението за нотаријат и медијација се вршат следните работи и задачи: 

  • подготвување на предлози за донесување на закони, изготвување на подзаконски акти и други прописи и општи акти од областа на нотаријатот и медијацијата;
  • изготвување на извештаи, мислења, анализи, осврти, информации, евиденции и други материјали што се однесуваат на нотаријатот и работата на нотарите и медијацијата;
  • вршење надзори над работата на нотарите по службена должност или по приговор на заинтересирани лица и надзор над работата на Нотарската комора на Република Македонија;
  • вршење преглед на книги, уписници, именици, списи, предмети, архивите на нотарите, целокупната евиденција на нотарите, просторот за вршење на нотарската служба и потребната опрема во нотарските канцеларии, со цел посебно да се контролира усогласеноста на нотарите во вршењето на нотарската служба согласно со одредбите од Законот за нотаријатот;
  • изготвување на записници за извршените надзори, предлагање на мерки за отстранување и санкционирање на утврдените незаконитости во работењето на  нотарите и Нотарската комора;
  • водење на евиденција на лица кои го положиле нотарскиот испит и испитот за медијатори;
  • давање техничка поддршка на Комисијата за полагање на нотарскиот испит при спроведувањето на испитот; 
  • припремање на документацијата за објавување на конкурси и на избор на нотари; 
  • изготвување повелби за именувани нотари;
  • изготвување акти за именување и разрешување на нотари и водење евиденција на именувани и разрешени нотари;
  • изготвување акти за именување на помошници и заменици нотари;
  • вршење надзор над работата на Комората на медијаторите и изготвување на записник за извршениот надзор, предлагање на мерки за отстранување и санкционирање на утврдените неправилности во работењето на Комората на медијатори;
  • водење Регистар за евиденција на постапките за медијација.

 

Kонтакт лице за прашања од делот на нотаријатот – Лидија Којчева раководител на Одделение за нотаријат и медијација. Контакт e-mail: lkojceva@mjustice.gov.mk 

Контакт лице за прашања од делот на медијација – Неџбие Хисмани Ќахили - Советник во Одделението за нотаријат и медијација. Контакт e-mail: nhismani@mjustice.gov.mk

За внесување податоци за секторот задолжена е Славица Велкоска - Советник во Одделението за нотаријат и медијација. Контакт e-mail: svelkoska@mjustice.gov.mk