Сектор за Европска унија
Раководител на сектор: Фросина Тасевска

Контакт телефон: 3116648, локал: 220 

e-mail: ftasevska@mjustice.gov.mk

Во Секторот за Европска унија се вршат работите од делокругот на Министерството што се однесуваат на остварување на процесот на европска интеграција меѓу Република Македонија и Европската унија.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку: 

  • Одделение за преговори и интеграција;
  • Одделение за ИПА проекти.

 

Одделение за преговори и интеграција


Во Одделението  за преговори и интеграција се вршат следните работи и задачи :

  • активности за реализација на обврските кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) предвидени во Глава VII Правда и внатрешни работи во правец на приближување на националното законодавство кон законодавството на Европската унија (ЕУ) и приоритетите од Европското партнерство

  • континуирани активности во насока на планирање, подготовка, следење и известување за имплементација на Националната програма за усвојување на правото на Европска унија (НПАА) Поглавје 23 и ажурирање на матрицата ;

  • поддршка во работата на Поткомитетот за Правда, Слобода и безбедност,  Комитетот за стабилизација и асоцијација, Совет за стабилизација и асоцијација и другите тела за спроведување на процесот на европска интеграција;

  • поддршка во подготовка на преговарачките позиции за преговори со Европската унија во областите на acquis communiatire ;

  • поддршка и стручна помош во процесот на проверка и анализа на усогласеноста на националното право со правото на ЕУ (screening) за поглавјето  23 и други обврски согласно Одлуката на Владата на РМ за образување на работни групи за подготовка на НПАА на ЕУ и подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство за ЕУ.

  • активности во процесот на подготовка на Придонес кон годишниот извештај на ЕК за остварениот напредок

  • поддршка во реализацијата на TAIEX во областа на приближување,и спроведување на ЕУ правото;

  • учество на Поткомитетот на РКЕИ

  • соработка со Секретаријатот за европски прашања, ДЕУ, ЕК и други релевантни домашни, европски и меѓународни институции со невладиниот сектор за прашања од надлежност на секторот, и соработка со другите сектори.

  • одговара за навремено, законито и квалитетно извршување на работите и задачите; врши и други работи и задачи што ќе му бидат доверени.

  • учествува во работата на работни тела на Владата на Република Македонија за прашања од областа на  Европската унија;

  • координација помеѓу надлежните институции во правец на приближување на националното законодавство кон законодавството на ЕУ и приоритетите на Европското партнерство;

  • подготвување на анализи, извештаи, информации, оценки, мислења за реализација на обврските од ССА и Европско партнерство и другите активности за пристапување во ЕУ;

  •  

    други работи поврзани со процесот на европска интеграција.

 



Одделение за ИПА проекти


Во Одделението за ИПА проектите се вршат следните работи и задачи: 

  • Програмирање, техничка имплементација, мониторинг и евалуација (на ниво на проект) согласно процедурите и обврските утврдени во Прирачникот за внатрешни постапки на Вишиот програмски службеник за ТАИБ ИПА 1 (SPO Manual of Procedures), Упатството за спроведување на програмите за надлежните министерства/институции корисници, Прирачникот за програмирање од НИПАК, и Прирачникот за мониторинг на НИПАК, ПРАГ и останатите документи.
  • целосно имплементирање на обврските предвидени во Оперативниот договор;
  • воспоставување на информационен систем со податоци за проекти (Database) ;
  • чување на целата документација поврзана со проектот во рок од 7 години по завршувањето на ИПА проектот ;
  • подготвување на проектни задачи (ToR), техничка спецификација за тендерското досие ;
  • подготвување на предлог-листа на членови до Комисијата за оценување до ЦФЦД ;
  • парафирање на  „twinning  “договорите ;
  • потпишување на Евиденција за присуство и испорачани услуги на експерти (Time Sheet), договори за градење (works), потпишување на временски и конечни сертификати за градење, верификување на направените трошоци ;
  • континуирано следење на степенот на извршување на проектите и доставување на извештаи ;
  • подготвување на годишни и финални извештаи за оперативната програма;
  • предвидување и оценка на ризик на ефектите од исполнувањето на Оперативната програма ;
  • активности за учество во програмите и агенциите на Европската Унија;
  • соработка со Секретаријатот за европски прашања, Национален координатор за странска помош (НКСП), Комитетот на министри за координација на странск помош (КМКСП), со Министерството за финансии (МФ), Централната единица за контрактирање и финансирање (ЦФЦ), Националниот фонд (НФ) и другите надлежни органи и соработка со службите на Европската Комисија задолжена за програмите за Република Македонија;
  • вршење на други работи поврзани со странска помош.