Сектор за информатички и комуникациски технологии
Раководител на сектор:

 Контакт телефон: 3116648, локал: 

e-mail: itcentre@mjustice.gov.mk

 Во Секторот за информатички и комуникациски технологии се вршат работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на информатичките и комуникациските технологии.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

  • Одделение за развој и апликативна поддршка;
  • Одделение за техничка поддршка;
  • Одделение за управување со документи и законски прописи.

 

Одделение за развој и апликативна поддршка


 Во Одделението за развој и апликативна поддршка се вршат следните работи и задачи :

  • креирање и изработка на номенклатури за Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија и казнено-поправните установи;
  • соработка и координација во вршењето на работите со Центарот за ИТ во Врховниот суд на Република Македонија, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и казнено-поправните установи ;
  • изработка на стратегии за развој, надградба на системот и ИТ сигурност;
  • изработка на проекти врз основа на стратешки документи на секторот за ИКТ;
  • припремање на e-learning модулите за стручно усовршување на вработените во Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија  и казнено-поправните установи;
  • развој и имплементација на софтверски решенија во рамките на правосудство;
  • планирање, евалуација и имплементација на физичка и информатичка сигурност;
  • дефинирање и заштитан а кориснички профајли, лозинки и back-up фолдери за Министерството за правда;
  • дефинирање на back-up процедури,кога, во кој временски интервали и каде и на кои локации ќе се чуваат заштитите;
  • координација и меѓусебна заштита на дата база на податоци и back-up со Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и казнено-поправните установи;
  • давање поддршка и координирање на работење на апликациите кои се употребуваат во Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители  и казнено-поправните установи;
  • давање поддршка на имплементацијата на апликации кои развојно и стратешки би се употребувале во работата на Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители  и казнено-поправните установи; 
  • организирање размена на податоци со владините институции, правосудните органи и други субјекти на други земји ;
  • обезбедување сигурност, точност и употребливост на податоците;
  • вршење анализа и водење статистика во областа на правосудната статистика, воведување и подржување на податочното складирање, анализирање и доставување податоци до надлежните организациони облици во Министерството за правда, давање поддршка на имплементацијата на апликации кои развојно и стратешки би се употребувале во работата на Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители  и казнено-поправните установи. 


Одделение за техничка поддршка


 Во Одделението за техничка поддршка се вршат следните работи и задачи :

  • мониторинг, евалуација и имплементација на софтверски апликации во Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и казнено-поправните установи;
  • координација и меѓусебна заштита на дата база на податоци и back-up со Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и казнено-поправните установи;
  • организирање размена на податоци со владините институции, правосудните органи и други субјекти на други земји;
  • обезбедување сигурност, точност и употребливост на податоците;
  • вршење анализа и водење статистика во областа на правосудната статистика, воведување и подржување на податочното складирање, анализирање и доставување податоци до надлежните организациони облици во Министерството за правда, давање поддршка на имплементацијата на апликации кои развојно и стратешки би се употребувале во работата на Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители  и казнено-поправните установи;
  • планирање, избор, имплеметација и одржување на мрежни уреди, сервери, персонални компјутери;
  • планирање, избор, имплементација и одржување на уреди за ИТ сигурност и сите други работи поврзани со ИТ сигурност;
  • планирање, избор, инсталација и одржување на софтверски компоненти;
  • обезбедување сигурност на ИТ мрежата, комуникацијата помеѓу организационите единици и комуникацијата со други институции;
  • планирање, евалуација и имплементација на физичка и информатичка сигурност;
  • мониторинг, архивирање, чување и враќање на податоци.
  • дефинирање и заштита на кориснички профајли, лозинки и back-up фолдери за Министерството за правда;
  • координација и меѓусебна заштита на дата база на податоци и back-up со Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и казнено-поправните установи.


Одделение за управување со документи и законски прописи


 Во Одделението за управување со документи и законски прописи се вршат следните работи и задачи :

  • вршење анализа за начин на документирање на правните прописи;
  • вршење анализи за начини за електронско внесување на правните прописи;
  • вршење анализи за начинот на уредување и одржување на законите и законските прописи;
  • изработка на нови софтверски модули;
  • вршење анализа на барањата за софтверски решенија и изготвување план и потреби за реализација;
  • вршење анализа за понатамошна надградба или менувања на постоечките софтверски решенија;
  • вршење обука за инсталација и користење на софтверски модули;
  • давање на сугестии и предлози од областа на правото за потребите на апликативните решенија;
  • вршење анализа за прилагодување на апликацииите за правни потреби;
  • давање сугестии за правна терминологија;
  • помагање во дефинирање на правните основи и правните подрачја на правните акти;
  • вршење анализа и истражување на нови прописи како и на постари прописи за да можат да се конвертираат во електронска форма.