Сектор за кабинетски работи на министерот
Раководител на сектор:
Тамара Ангелкова - Асистент на министер
Во Секторот за кабинетски работи на министерот се вршат работи и задачи со кои се обезбедува логистичка и стручна поддршка на министерот.
Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку;
- Одделение за правна поддршка на министерот;
- Одделение за координација на работите на министерот.
Одделение за правна поддршка на министерот
Во Одделението за правна поддршка на министерот се вршат следните работи и задачи :
- советување на министерот за решавање на најсложени работи и за остварување на програмата за работа на Министерството во делот на уставното уредување и кривичното и граѓанското законодавство;
- иницирање и предлагање ставови по начелни прашања од надлежност на Министерството, а кои се однесуваат на уставното уредување, кривичното и граѓанското законодавство;
- следење на состојбата и проблемите од областа на уставното уредување и кривичното и граѓанското законодавство;
- проценување и оценување на односите во рамките на сеопфатната политика од надлежност на Министерството;
- советување на министерот и давање стручни мислења и коментари во врска со активности и иницијативи во областа на уставното уредување и кривичното и граѓанското законодавство.
Одделение за координација на работите на министерот
Лице за контакт: Владимир Делов - Кабинетски службеник за односи со граѓаните
Контакт телефон: 3116 123, локал: 362
Моб: 078 25 25 00
e-mail: vdelov@mjustice.gov.mk
Во Одделението за координација на работите на министерот се вршат следните работи и задачи: