Совет за ИКТ во правосудните органи

СОВЕТОТ ЗА КООРДИНИРАЊЕ НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКА ТЕХНОЛОГИЈА ВО ПРАВОСУДНИТЕ ОРГАНИ

Врз основа на член 87-а од Законот за судовите (Службен весник на Република Македонија бр.58/06, 35/08, 150/10, 83/18 и Службен весник на РСМ бр,96/19) со Одлука бр.08-3183/5 од 01.11.2019 година и Одлука за исправка и дополнување бр.08-31837 од 25.11.2019 година, Министерот за правда го основа Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи (Совет за ИКТ), како оперативно стручно тело составено од претставници на правосудните органи и тоа во состав:

1.Митко Митревски, Претседател на Советот за ИКТ, Генерален секретар на Јавно обвинителство на   Република    Северна Македонија ,

2.Весна Бојаџиевска, Заменик претседател  на Совет за  ИКТ  ,Раководител на служба за информатика, Врховен суд на Република Северна Македонија , 

3.Ирена Димовска,Советник , Јавно обвинителство на Република Северна Македонија и член на Советот за ИКТ,

4. Билјана Сековска Манева, Виш судски соработник,Врховен суд на Република Северна Македонија  и член на Советот за ИКТ

5.Аспарух Мисајловски, Генерален секретар на Совет на Јавни обвинители на Република Северна Македонија  и член на Советот за ИКТ,

6.Анита Андоновска,Генерален секретар на Судски совет на Република Северна Македонија и член на Советот за ИКТ,

7.Маја Хаџи-Кимова Трпкова, Раководител на одделение за информациско-комуникациски технологии, Судски буџетски совет и член на Советот за ИКТ. 

Секретар на Советот Драгана Цветковска, Министерство за правда и

Заменик секретар Ирена Шекуткоска Јанакиевска, Министерство за правда. 

Советот за ИКТ има за цел дефинирање и имплементирање на политиките за информатичко-комуникациска технологија во правосудството, како и следење, спроведување и ревизија на стратегијата за ИКТ во правосудството. 

Советот за ИКТ дава предлог за утврдување на приоритети на политиките и координација на правосудните органи во работењето на системот на информатичко-комуникациската технологија.

Министерот за правда дава административно-техничка поддршка на работењето на Советот за ИКТ.

Министерството за правда е корисник на статистичките податоци во базите на податоци од информатичкиот систем во правосудството.

Министерот за правда со подзаконски акт го утврдува составот и начинот на работа на Советот за ИКТ.