25.07.2017
  Заменик Министерот за правда г.Оливер Ристовски оствари средба со обвинителката Реј Вудс, правен советник во Амбасадата на САД во Скопје
  повеќе
 
  24.07.2017
  Министерот Салији се сретна со амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија, г-ѓа Данијела Баришиќ
  повеќе
 
  20.07.2017
  Средба меѓу Министерот за правда, Билен Салији и Претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски
  повеќе
 
  17.07.2017
  СООПШТЕНИЕ
  повеќе
 
  14.07.2017
  Средба на Mинистерот за правда на Република Македонија, г-дин Билен Саљији со амбасадорот на Велика Британија во Скопје, НЕ Чарлс Гарет
  повеќе
 
  14.07.2017
  Mинистерот за правда на Република Македонија, г-дин Билен Саљији оствари средба со претседателот на ЗСРМ, Џемали Саити
  повеќе
 
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk

Почитувани граѓани,

При поднесување на БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ДАДЕНА ОДНОСНО ПРИМЕНА ДОНАЦИЈА ИЛИ СПОНЗОРСТВО (ПРИЛОГ 1 од правилникот), до архивата на Министерството за правда потребно е да ги приложите следниве докази:

1. Договор за донација/спонзорство во 2 примероци
2. Уплатница за административни такси

Доколку поднесувате БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ПРИМЕНА ДОНАЦИЈА (ПРИЛОГ 2 од правилникот), согласно членот 4 став (2) од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, кога примател на донација е Здружение или Фондација која се стекнала со статус на Организација од јавен интерес согласно Законот за здруженија и фондации или кога примател на донација е Здружение или Фондација која согласно основачкиот акт е основана за конкретна финансиска поддршка во врска со јавен интерес утврден со закон, потребно е приложено кон барањето да ги доставите следниве докази:

1. Основачкиот акт на примателот,
2. Решение за стекнување на статус на организација од јавен интерес,
3. Тековна состојба на примателот издадена од Централниот регистар на Република Македонија не постара од шест месеци,
4. Извод од уплатените средства на посебната трансакциска сметка на примателот на донацијата,
5. Писмена изјава заверена на нотар со која под полна материјална и кривична одговорност се изјавува дека нема склучено писмен договор со давателот на донацијата и
6. Уплатница за административни такси.

Со почит,
МИНИСТЕРTВО ЗА ПРАВДА