Министерството за правда на РМ и Здружението на судиите на РМ, организираа стручна расправа за Законот за Судовите и законот За Судски Совет  
     
 

02.02.2018

 
 

Министерството за правда на РМ и Здружението на судиите на РМ, организираа стручна расправа за Законот за Судовите и законот За Судски Совет.
Целта на ова дебата е да се дебатира за поинаква можна поставеност на Судскиот Совет согласно добрите практики и потребите на РМ, притоа имајќи ги предвид досегашните забелешки на стручната и научна јавност особено забелешките кои произлегуваат од судската фела-искажани на повеќе дискусиони форуми во форма на заклучоци организирани од страна на Здружението за судии, како и забелешките од двата извештани на Прибе, заклучоците на Венецијанската комисија при советот на Европа и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на РМ.
Министерот Салији истакна дека обврската на Министерството за правда е во делот на правосудството да продолжат со реформите, согласно забелешките дадени од страна на нашите европски партнери. Токму и затоа беше изработена и усвоена Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор во која значително внимание посветува токму функционирањето и поставеноста на Судскиот совет.
Министерот Салији кажа дека Владата на РМ е целосно посветена на Евро Атлантската интеграција на нашата држава и со таа цел го донесе Планот 3-6-9.
Во рамките на тој план Министерството за правда го изработи и Законот за изменување и дополнување на законот за судскиот совет на РМ и Законот за изменување и дополнување на законот за судовите.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk