Mинистерот за правда на Република Македонија, г-дин Билен Саљији оствари средба со претседателот на ЗСРМ, Џемали Саити  
     
 

14.07.2017

 
 

Mинистерот за правда на Република Македонија, г-дин Билен Саљији оствари средба со претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити. 

 На средбата соговорниците разговараа за моменталните состојби во судството и тековните активности на ЗСРМ, притоа претседателот Саити ги афирмираше заклучоците од последното Собрание на Здружението на судии на РМ, одржано на 16.06.2017 година, при што беше промовирана потребата од пристапување кон реформски активности во правосудството и активно учество на Здружението на судии на РМ како рамноправен партнер, со сите останати чинители во овој процес. Министерот Саљији даде целосна поддршка на активностите на Здружението и го информираше претседателот на Здружението  за тековните активности кои призлегуваат од Планот 3-6-9 на Владата на РМ.

Од оваа средба, како заеднички заклучок произлезе потребата за продлабочување на натамошната соработка,притоа ставајќи го фокусот на прашањата кои обезбедуваат независно и самостојно судство и владеење на правото. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk